Облека за домашни миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од Nannaa, 23 септември 2010.

  1. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    28
    Имам кученце мало и сакам да му купам облека за да му ја ставам. имам слушнато дека негде има да се продава ама јас не можам да најдам. од битола сум иначе. ако некој знај каде можам да најдам таква работа ве молам да ми пиши. а ако не знајте за битола можи и за скопје да ми кажите па ко ке одам натаму да му купам од таму. ама сепак за битола ако некој знај повеќе ми ми користело. фала однапред. :)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.043
    Абе ти облекувај си го ако сакаш,но јас сметам дека луѓе кои се зависни од мода,розе боја или едноставно им е досадно,не треба да им се дозволи да имаат кученца,особено не од малите раси.
    Јадни суштества,при нивно крзненце,природна облека,да го малтретираш со машни,капутчиња,панталончиња,врагови...грев е.Си вика пустото,како ли јас да пораснам,па да ја проголтам во еден залак.
    Точно,да некои се осетливи раси и треба да се облекуваат на ладно,НО тоа е друго,потреба,иако сепак тие се салонски кученца кои не се шетаат за мода,ниту имаат потреба од секојдневно шетање како големите раси.Како и да е и да му натнеш капутче,тоа сигурно нема да го стопли,зошто и како,судете сами,зошто е куче и оди на 4.

    Парис Хилтон гадно ги зезна животинките.
     
    На LittleFairy, Katojiikutaka, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    28
    женска не те прашав јас за мислење дали да го облеквам или не.... прашав дали знај некој..ако знајш пиши ако не не ми давај ти мене мислења шо да прам со кучето... а и не напишав шо раса имам куче.. мене ми треба облека за да не му студи а не за мода. ако знај некој нека кажи..сепак фака однапред.
     
  4. bile991

    bile991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    10
    Уфф...не знам кај беше точно продавницата за облека за домашни миленичиња, ама мислам дека е кај 7ца у центар...побарај :)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.043
    Облекавај го како сакаш,јас си кажав мислење,а по твојот став,јасно е дека малата чивава ќе пати.

    Кутра чивава...чисто се сомневам дека шарпланинец ќе се дрзнеш да облакаш.
     
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    476
    А што раса на куче имаш што си загрижена дека ќе му студи?
     
  7. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    28
    малечко пекинејзерче е мешано со чивава ама мн малце крзно има и надвор ко ке е поладно стално се треси и зал ми е затоа сакав да му купам нешто шо ке го топли. а лилит се лажи дека го малтретирам кучето...напротив претерано се грижам за него како дете мое си го гледам. затоа барав облека за миленичиња а не за да го третирам како барбика..... или да сум модерна.... стално кога ке го покријам со нешто кефој е дека топло му е а ко ќе нема ништо на него се треси ко ќе е ладно.....
     
  8. BoaVista

    BoaVista Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    17.186
    Пол:
    Женски
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    385
    Јас на моето му имам купувано од Буњаковец,ма да скоро по сите продавници за миленици има и облека....позз
     
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.221
    Допаѓања:
    1.259
    Е ова би го забранила со закон!
    Толку ми е напичено и препичено и одвратно! :puke:
    Зарем животинките немаат крзно ,па ајде да ги почовечиме и да ги облечеме во облека каква што носиме ние !
    Мизерно!
    Па тоа е едно обично малтретирање на кутрото животинче ! Зарем не е гревота?!?
    Се некои глупави моди им истекнуваат на овие фациве ...којзнае до каде ќе дотера светов !
     
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.499
    Мене ми е препорачано од еден од најдобрите ветеринари во Скопје да си го облекувам ѕверот мој во зимските месеци. Прво бев голем скептик, ама откако му ја купив првата јакна (да напоменам, не му пречи во никакво обавување на кучешките работи по надвор) престана да се тресе и сега ретко кога настинува.

    Во други ситуации ни на крај памет не би ми текнало да го облечам. Помодарство со кучиња не се тера.

    ПС. Пекинезер е. :)
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.627
    Јас на мојот малтезер му купив облека. Ја купив Скопје кај Грчка амбасада. Побарај во Бруно дог шоп, кај Мелита, таму сигурно ќе најдеш нешто подобро, мада пекинезерите не се облекуваат. Тие се малку поголеми и не знам дали ќе му најдеш соодветно бројче.
    Инаку, јас на мојов му купив облека за во постудено време, а му купив и чевлички за кога врне да не му се валкаат шепите. Баш убаво му стои.
    П.С. ако сепак му купиш облека немој да си му облекла на лето, ќе зорвие во неа! :D
     
  13. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    151
    Имам забележано и во Џамбо. Како фустанчиња се :)
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.254
    Моето бушавко нема шанси облека да му облечам, тоа ужива на минусни температури, а снег обожава го јаде, скока во него, спие на снег, на плочки спие, секаде каде е ладно. Самојатче, зимско куче. Видов во прилично висока температура пролетна самојад како го шетаат со јакничка. Алоо јакничка? Замисли се ти на 25 степени со дебела бунда природна и одозгора плус јакна. |(
    Луѓево немаат мозок, ги малтретираат животинчињава и тераат мода.
    Не сум против облеката, ама за мали кученца, за оние со кратко влакно. Тие со долго си имаат природно топло бундиче ;)
     
  15. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    1.597
    Пол:
    Женски
    Апсолутно сум против терање мода со миленици и искрено да ви кажам ни на крај памет немаше да ми текне на мојата лабрадорка да и купам јакна која штити од дожд и снег. Од многу мазење и пазење почна да ни се разболува често и секоја зима обавезно ја поминуваше со воспалени крајници и што ли уште не. Минатава зима и го купивме јакничето и супер ја помина. Да знаев дека тоа ќе заврши работа уште одамна ќе и земев уште 2 јакни со парите што отидоа на лекови и инјекции :(
    Како и да е, воопшто не сакам беспотребно „дотерување“ и малтретирање на милениците.
     
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    7.745
    Пол:
    Женски
    И јас сум од бт ама кај нас не верувам дека има.Пробај во ветеринарна аптека прашај или во Веро во Тинекс ако има случајно, а во ск мора да има во Бруно :)
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.627
    О мај гад, свашта има. На самојед јакна... :x Аман, да не смрзи... Можда мислат дека на Сибир е потопло па затоа му облекле...
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.128
    Пол:
    Женски
    Точно така, покрај нивното крзно, уште облека |( , јас сум против тоа, зошто сепак самата природа се погрижила за нив и нема потреба да се облекуваат |( ете евентуално за оние осетливи раси.Па греота е, ем крзно, ем облека...не оди :!:
     
  19. DAngel

    DAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    4.496
    Допаѓања:
    17.831
    Братучед ми има пинч, едно малечко, слатко, живо... Му има купено јакна и уште нешто друго, не се сеќавам што беше, ама никогаш, никогаш не го облекол. Мислам дека е греота да се облекуваат животните, да требало немаше да се раѓаат со крзно. :!: А Парис Хилтон треба да ја казнат доживотно, да ја носи најдебелата бунда што постои цел живот и никогаш да не смее да ја соблече, да види таа како е.
     
    На LuckyStar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FansyChick

    FansyChick Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    скоро во сите продавници за миленичиња има облека сега дури има во JUMBO