Колку пари се движат во Скопје цените на облеката за миленичиња отприлика ,за куче пошто си земав куче пред една недела па сега ќе одам во Скопје и таман да купам нешто .. ?!?!
и јас морам да се изјаснам за темава значи јас имам пинчер, тие и немаат некое огромно крзно, сега дома се тресе од под ќебе не излага, а камо ли за надвор јас имам едно дуксерче, за зима, и ќе и го ставам и гајле нема, ама тоа пустото тешко е за ставање, па вади ставај нервот да ти пукне ќе и земам јакна со лепенки, да ја топли, зашто ипак мала е, кога ја носам да кака и мочка па 10-15 минути се задржува, ќе се скамени најискрено! A облека за куче од курташак е тоа не мене ми е само за кога ќе ја носам надвор да не и е ладно! а за дома сигурно дека не ја облакам
Јас деновиве ќе му нарачам преку нет. Има огромен избор на секаков вид облека, сите димензии, а цените се пониски отколку во пет шоповите плус не морам да талкам низ Скопје, овде има овде нема и залудно да трошам денови, а ова ќе ми стигне на домашна адреса.
Абе Лудо, еднаш му зедов маичка од џамбо и се зезнав. Точна му е на грбот горе, ама долу не може да мочка. Т.е. може, ама ја мочка маичката и не можам да му ја носам за излегување. Добро, сега не сум бидена и не знам какви се јакничките, прва прилика би отишла да ги видам, ама сега за сега ќе му направам нарачка.
имаат нови јакнички, многу се слатки, со капуљача, со лепенки, изгледаат убаво мислам дека беа накај 400 играчки ефтини за 119 денари живо џабе нови играчки донесени играчки храна 25 стапчиња 59 денари,а во пет шоп изгорррр се овие работи така да кога ќе имаш време тркни, има нови и нтересни работи
Па не е фер, за моја Бела ништо нигде нема, па и на неа и е ладничко и она сака да се прчи со јакни и маички, ама ништо не и се фаќа освен на Петко или мои маици . Шала на страна ова немањево облека за поголемите миленици го доживувам како дискриминација, пудли, пинчеви , малтезери... накинџурени, дотерани од лични по лични, а мојата маза треба моја маичка да носи кога ми е мерак да си ја облечам. А и неа и студи, сега зимно време кога ја шетам, а смешно изгледа со наша гардероба, а да се купи специјална нигде нема, па стварно не е фер .
Најубава, можам да ти дадам линк од каде јас ќе нарачам, има различни големини, ама ако и тие не ти одговараат мислам дека можеш и поголеми да нарачаш. Пиши ЛП ако си заинтересирана.
Јас на моето му купив едно а после по него плетев едно црвено др кафеаво ама ко че му го облечам се прави како госпоџа да е
Би прифатила само ако миленичето има потреба, т.е. ако му студи. Затоа што има на пример раси на кутриња што имаат тенко влакно, а па зимно време не би им било на одмет некое јакниче. Ама вакво накинџоросување - НЕ! Да им берат греот на кутрињата! Ги дотеруваат за Халовин бре, ненормални!
Jaс бидејки имам големо куче,никогаш не го облекувам..Мислам дека не би требало да му е студено..Не се тресе..Ама да би имала малечко би го облакала бидејќи би била убедена во тоа дека би можело да му е ладно.. Еве неколку идеи за облекување во зимно времеза мали кутриња) Eве вакво плетенко за да му биде топличко.. Еве ти јакничка Еве вакво црвенко за некоја женскица
Се согласувам исто така и јас..Претеруваат со некои облеки..Греота се кучињата..Еве предходно јас ставив некои сликички(идеи) во случај да му студи на кутрето...Ама така играње со облеката..Детско е
Да кажам и јас мислење за темава. Незнам зошто на првите страни,толку ја нападнавте девојката,кога кажа дека има пекинезер односно мешанче од чивава,и имаало кратко крзно,што значи има потреба од облека,барем во најстудените денови од зимата. Значи,чивави,пинчеви и други мали раси на кутриња,на кои им е навистина потребна облека,за мене е прифатливо. Ама облека на самојед,и останати сибирски раси НЕ,особено не во пототплите денови. Јас имам мал германски шпиц,и дури добив и забелешка зошто не сум го обалекувала. Дали сериозно? Шпиц,двојно крзно,на 40 степени со облека? Сакав да го шишам,ама е премногу мал и едвај се адаптира па уште тоа му фали,а знам дека многу ќе му олесни,ама се надевам идното лето. И оние кученца што почесто заболуваат во зимските денови,па макар и да имале подолго крзно,ако сопствениците чувствуваат потреба да ги облечат кучињата може,ама ако навистина нема потреба,тогаш тоа е само непотребно мачење.
Па, некој ако сака да ја имитира Парис Хилтон со џукелата у ташна,нека повели нека се брука. Спојлер Освен ако има потреба од облекување,како што е погоре објаснето од АнаКаренина
Aј Aриела не ја претерувај сега, поготово делот за џуќелата ти е , мислам што е криво кучето ако парис решила да го праи циркузант. Jас имам 7кила куче со кратко влакно и да, во зима си го облакам, нема ваљда да го гледам како се тресе на -55 степена дур с*ре . џемперчиња има баба ми му сплете, не планирам да се разболи, па да трчам по ветеринари Eдит- Hе ти го видов споилерот .
Па мислев во смисла дека Хилтон прави повеќе кловн од кучето нејзино. Имав во скриен текст дека ги поддржувам оние кои ки облекуваат своите миленичиња но само ако имаат потреба,во смисла ако им е ладно зимно време како на пример твојот случај. А инаку ова облекување на куче,прво ми текнува на Парис Хилтон,што веќе направи жива смеа од својот миленик.