Облека за затегнување и визуелно смалување на обемот

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 9 февруари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    Сите сакаме да сме послаби и згодни, но некои имаат килца повеќе, некои имаат стомаче, некои спојлерчиња, некои бутче поголемо итн.
    Колку купувате облека која визуелно ви го намалува обемот?
    Некои мислат дека се непрактични, дека стегаат многу, неудобни се, но тврдам ако се има убаво квалитетно моделче и точно бројче пред се удобноста е на високо ниво.
    А новите модели се и со пуш ап на задникот, кај градите, па недостатоците ги смалуваат а други истакнуваат.

    Тука ќе спомнам мидер, краток, долг, со ногавици, кратки ногавици, ластик, памук ма секаков има.
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG][​IMG]

    Некои се со пуш ап на газето за да не го сплесне, ама ваков модел ко на сликава прв пат гледам :D
    [​IMG]

    Тука се и корсетите кои може да се посебни и пред се за стомачето или целосни со мидерче.
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]

    И корсети комплетни за под фустанчиња
    [​IMG]

    Постојат и цели боди комплети
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Последно што дознав e за хулахопки за затегнување со вградено мидерче, кое ги има во секоја наша чорапара.
    [​IMG]

    Може има и други модели, кажете :)
    Имате нешто од ова?
    Носите?
    Би купиле?
    Иако прво кога ќе се помисли на овие работи секогаш се мисли на постари лица, но многу млади девојки ги носат, никој речиси не е совршен, некој сеедно што е слаб има конструкција со меше или спојлер па овие работи се добродојдени. Воедно толку се усовршени да има модели кои се и многу секси :P
    Не е срамота да те соблече некој а под него да носиш секси мидерче и корсет :D
     
    На spellbound му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.872
    Носев еднаш. ЕДНАШ! И сак’н повеќе, јоктур шанса.
    Беше тоа за една свадба пред неколку месеци, себап на кој имав многу малку познати, оттука и минимални шанси некој да ја изгуби желбата додека ме соблекува. :wasntme:

    Моделот е од под гради, па речиси до колена. Го носев на фустан кој тотално оцртуваше, а телово и не ми е баш по мој вкус. И најмногу ме нервираше што се собираше оддолу нагоре, како оние ролетните - држи надолу, тие шпринт горе. |(
    Ме препоти, за едно мочање се соблекував 7 минути, исто толку време и ги навлекував сите слоеви. Немав ни голема можност да изедам многу, ни да ја свиткам кичмата. Видов-невидов останав на нозе и на маса. ]:)
    Моделот кој зафаќа површина преку целиот стомак, е добра прилика за оние кои страдаат од прејадување. ;)
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Јас имам ама ретко го носам. Ептен само кога е зорт, инаку вака секојдневно не. Јок.
    Го купив како и повеќе работи, од бесотилук. Мислев тоа те прави манекенка со совршени пропорции.
    Уствари така ми го презентираа, ама сега нема место за кривење некој друг.
    Нејсе, го купив од Пенти, не беа некои големи пари. И го облекувам... И останувам без воздух.
    Како Снежана кога кралицата отишла да и продава каиши и ја стегнала силно. Само јас не паднав мртва, зашто немам џуџиња кои ќе ме спасат.
    Добро, ајде, некако се навикнав. Тражили сте-гледајте. Тоа е тоа.
    Прво, на ногавиците има еден раб кој не е за моево бутче. Го сече, зарез му прави.
    Второ, горе се сучи. Па мораш да го пикаш под градник за да не оди надолу...
    Трето, не дај Боже да ти се примоча. Поисплатливо е в гаќи да се измочаш отколку да одиш да се соблекуваш. Нема да ви протече мочката низ нозе ви гарантирам. Тоа толку стега...
    Е сега, дека затегнува-затегнува. Дека ги „елиминира“ спојлерите алал да му е.
    За на фустани кои оцртуваат и сл. уз тело парчиња гардероба е добар, ама да е удобен-не е.
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.753
    Допаѓања:
    63.428
    Пол:
    Женски
    Немам потреба од вакво парче, а и кога би имала не би носела.
    По грешка една другарка ми купила хулахопки кои горе беа со таква намена , да го "средат" телото. Фини беа, убаво ми го поткреваа задникот, но умирав кога ги носев.
    Тетка ми чат пат носи мидер и навикната е, но мене не ми се допаѓа затоа што некои премногу сечат/ оцртуваат. Па која е поентата да носам нешто што не е добро за моето тело, не мислам на визуелно, па и визуелно кога секаде се познаваат рабови?
    Една професорка во средно носеше, често на бели панталони и на ногата толку ја пресекуваше што изгледаше ко да облекла бициклистички 10 броја помали.
    Ако навистина имам или некој има потреба би сфатила носење, но само затоа што малку мевце ми штрчи- Не!
     
  5. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    3.617
    немам потреба од вакво нешто а и да имам не би носела глупаво ми е некако, зошто да се криеш преправаш, каков си таков си
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    Од кај се купуваат?
     
  7. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    9.162
    Пол:
    Женски
    Би носела вакви за спојлерите зашто кога носам тесно ептен излегуваат :)
    Само тоа за пуш ап на задникот не би го носела смешно ми изгледа :lol:
     
  8. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Се изнасмеав за одењето во вц. :rofl:
    Имам едно црно од под гради до над колена.Првиот пат го износев цела вечер без проблем ама втор пат ме фати некој склет па на пола вечер правац у тоалет , соблекување и у ташна.
    Таму да ти биде паркинг тикетот и идам да плаќам.Прво мораше да ги вадам гаќите па да плаќам(неможев ни новчаникот ,ни тикетот да ги најдам) Ме гледа тој у куќичката, го гледа дечко ми(сега мажот) и му вика
    ,,ААА бериќетна вечер си имал,, :lol: 8)
    Дал ќе го носам трет пат ќе видиме , да подзаборавам па ќе се подлажам.
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Кај нас најдобри мидери има во лиска.
    Мајка ми со годините има ставено малку во бутовите, и бидејќи мрази да ја оцртаваат често носи, под суќна, битејќи не и било естетски да одела на работа така.
    Само грешката е кога купуваат мидер сите купуваат премал.
    Така ништо не се прави, само полошо ќе те стегне многу и ќе те пресекува.
    Треба внимателно да се одбира, еден број помало од бројот за облека, не 5.
    Само скапи се 1800 па и повеќе.
    Се наоѓаат и поефтини нормално, во сите продавници за долна облека.
    Јас меркав едно целосно од асос како фустанче, ама брзо се продаде црното остана само крем, не сакам да ми ги покажува спојлерите едно фустанче бидејќи сум здебеленка малку сега :$
    И јас сметам дека не е срамно, туку баш подобро, нешто што не ти чини да си го скриеш, а не да одиш со претесен фустан што ќе ве оцртава таму каде не треба и изледаш растресено и често невкусно.
    [​IMG]
    Ама прескапо ми е 2100, барем 1500 да беше.
    Има уште еден поцелосен и веројатно поефикасен.
    [​IMG]
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Имаш во Пенти за помалку од 500 денари. Добри се.
    Исто и во ТопШоп, ама тие се оние од на ТВ и не знам, доста се скапи. Над 1000 сигурно...
     
  11. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.049
    Јас сум барала ама не сум пронашла ништо добро. Се се некој модели како гашти, хеланки, корсети...а јас сакам нешто како боди, па да не морам да носам куп алишта.
    Братучетками има убав модел (од Австрија) кој не се ни приметува, а и среќничката нема толкави проблеми за вц, исто како најобично боди. :D
    Знаеме сите дека зимскиот период ставаме по некое килце повеќе поради неможноста за поголеми активности или пак некогаш ќе се поднадува стомакот па потребно е нешто вакво.
    Ако го пронајдам вистинското, ќе ви се пофалам. :lol:
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    Секаде има каде што има долна облека ги има и овие, со тоа што мидерот е најраспространет секако.
    Од пазар, од еко, од маалски продавнички за долна облека, до квалитетни во Лиска, па и во странскиве продавнички брендови за долна облека, има и во Санда, во Пенти.
    Инаку за тие што сакаат поефтино и квалитетно има продавница наше производство но има и знак аутлет, се наоѓа во ГТЦ позади Адидас накај жена парк ако тргнеш. Со исти материјали од Лиска работат, одлични се а каде каде поефтини.
    Инаку мидерче има и за 300 денари на пазар, па до над 2500 низ продавнициве.
    Јас не сум ги носела овие исцело сум носела мидерчиња и воопшто не ме ни стегале ни се познавале.
    Ќе кажам многу е битно бројчето да се погоди, а не да ти е мало па да те исртува, па кај што завршува тебе одеднаш да ти излага сало итн. А еве пробав едно старо дома мислам дека ќе пукнам во него од што ми е мало, ни на крај памет да го носам. Носете само ако ви е малку удобно. Посебно се удобни тие памучните, но и тие помалку стегаат.
    Јас како што имам тријаголник тело и секогаш имам поголеми бутчиња и спојлери, таква ми е конструкцијата, мидерчињата каде каде визуелно ми го прават подобро телото.
    А порано носев многу повеќе, немам облечено може 2-3 години, посебно носев мидерчиња кратки при менструација многу ми е посигурно. Баш ќе тркнам деновиве до тоа аутлет што го спомнав за да се почастам со нов, обичен мидер, немам потреба од она за стомакот зашто слаба сум нагоре, па угоеното да не се познава многу на фустани :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    221
    Баш вчера си се подновив со едно ново мидерче,памучно. Добро пишавте погоре дека многу е важно да се избере соодветен број. На зима знам да си го облечам затоа што навистина е практично,а на лето само во некои случаеви кога сакам подобро да се стегнам,бидејќи имам малку стомаче. Обавезно имам и едно постаро што си го носам кога имам добиено.
     
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    1.620
    за мојата веридба, си купив хулахопки со мидер ги облеков значи еднаш и никогаш повеќе. Тоа стегање буквално стегање, мислев дека желудникот ќе ми излеташе надвор, а стомакот внатре. Не ми беа мал број ама толку стегање ууу, се ежам кога ќе се присетам.
    Други модели на облека за затегнување не сум користела, барем не се сеќавам а мислам дека време е . Газот, стомакот.. ма право буренце сум :D
     
  15. MilaKunis

    MilaKunis Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    25
    Доста се интересни фустанчињата кои со оптичка илузија даваат посекси облини.Еве неколку. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Talita му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    58.576
    Еве дама сс облине да ви каже. :D

    Си носам бе, на посвечени настани, каде што треба да изгледам постегнато, си носам мидерчиња. На фустанчиња, сукњички, и навистина има разлика. Не дека изгледам како манекенка од 45кг, таман работа. Ништо не се тресе и не мрда надвор од предвиденото. :D Да се разбереме, не е поентата на овие да не можете да дишите, тоа веројатно сте го промашиле бројчето. Поентата е да изгледате постегнато, поистанчено.

    Јас еднаш направив грешка, ја пратив мајка ми да ми купува мидер, и купила некое ептен премало. :x Тоа ме прецвикуваше, воопшто не изгледаше убаво, а да не споменувам дека ми се направи еден вид на модрица откако го соблеков. Така да, пазете со бројчињата. Не купувајте премали со надеж дека повеќе ќе ве стегнат.

    Исто, ги порамнува сите линии и нерамнини од типот на хулахопки, гаќички, ништо не се познава од позади. :)
     
    На Buterfly2576 и wolf4e им се допаѓа ова.
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.642
    Леле јас пред некое време си купив мидер краток, црн и тоа несакајќи. Купував гаќи од Зелен пазар и мислејќи дека моделчето е како едни други омилени гаќички го згравчив и и го дадов на женичката. Се поздачудив кога ми наплати окулу 300 и нешто денари за два пара ѓаки, ама немав време да се распрашувам, само ја прашав дали сигурно е толку и си заминав.
    Платив и џомка да ме нема.
    Го исправ т.е. ги исправ гаќите и ајде да ги носам, ги облекувам, кога се растегнаа струкот баш до струк до над папук ми дојде, ногавички кратки до под газот, и како кругови за пуш ап на огромниов ми газ.
    Пошто случајно е купен, бројчето ми е утнато најверојатно, и ми е невероватно комотен. Обожавам да спијам во него, а Петко не е Петко ако не пројаде гомна, ми рече "Сега си ко некоја баба, топли си ги кичмата и бубрезите, ама носи боди не вакви смешни срања, ко од баба Перса да си ги позајмила". Али кој го шиша, со долга маица, милина.

    Инаку добри се овие стезнициве (јас под тоа име ги знам), мајка ми стално носи, од кога знам и нит спојлер нит стомак и се познава. Исто и на снаа ми и рекоа после пораѓај обавезно да носи, да ја поткрева кожата и затега, зошто иначе ќе се свиснала уште толку доколку носи од нашите фенси спуштени гаќишта.

    Туку јас морам да почнам да носам поише вакви ствари со висок струк, зошто оној нискиот ме уништи. Кај колковите имам вдлабднатинки, баш под стомакот кај што ме сечат фармерките, хеланките, гаќите, и ужасно делува. Реков од сега барем хеланките и пижамите ќе ги поткревам, ама не бре навикната сум така и само ги мкнам.
     
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.756
    Онака, од ќеиф си купив (како да го наречам?) мидер, од под газ-до под градите.
    Го платив скапо, микрофибер, со посебни детали (силиконски ленти да не слизнува)итн.

    Го облеков еднаш и никогаш повеќе:
    1 - Не можев да дишам, среќа што не се угушив.
    2 - Горниот дел само ми се слизнуваше надолу (и се познаваше од берењето на материјалот). Џабе го тргав нагоре.
    3 - Долниот дел само се креваше нагоре и ми влезе в газ. Ме дотри.
    4 - Се познаваа засеци каде ме стегаа на работ на долниот дел.
    5 - За вц се испотив дури го слеков. (и воопшто кога го облеков и слеков)

    И воопшто, не е здраво толку тесно. Циркулацијата се намалува. Кожата не може да диши.

    За дечко, мислам дека тој што те сака, ќе те сака секако. Немаш потреба од мидер, а и да те види со мидер, не треба да му пречи. Само ќе се помачи повеќе околку слекувањето. :lol:
    Oправдувам кога во некои прилики ги носат подебели жени, на кои од сите страни им виси сало, но на нас кои сме слаби, се тотално непотребни. :)
     
  19. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    730
    Боди да облечам триста с'клети ќе ме фатат, а не па вакво чудо. :D Немам, не носам и сега за сега не планирам да имам. Мајка ми си набавува редовно од Лиска, гледам дека имаат ефект. Ама јас во пранги и окови...НЕ. Нека ми се треси капиталчето на газето што го складирам. Убо си е. Мое си е. :D
     
  20. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.903
    Пол:
    Женски
    Јас за матурата го носев мидерот од топ шоп и баш ми беше удобен. Стегаше нормално, и се познаваше разлика од пред тоа. Убаво фигурче ми направи.
    Така да следен пат купувам од лиска, што се добри добри се. :)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.