http://www.topshop.com.mk/slim_lift_air ... =tvp&pcs=1 Овие од топ шоп се 3190 и тоа ми е стварно многу . А да сум 100% сигурна дека се добри да си ги купам, ама кој ќе ми гарантира. Јас на свечености обавезно носам а си ги купувам од зелен пазар ги имам 3. Мене ми се супер (ама си носам мој број не помало), инаку ми се микрофиберски.
Си купив и јас мидер пред некое време, ама не толку за да ме затегне во пределот на мешето, повеќе заради јајниците. Имав проблеми со нив тоа време, и докторката ми рече да си купам, и да го носам кога ќе сум надвор. Го земав од Лиска, 500 ден. по совет на мајка ми. Таа цел живот е со мидери. Ама јас не можам. Го облеков само еднаш и толку. Сега таа си го носи.
Верувале или не, јас никогаш не сум се натегнала во мидер ( што би рекла една моја другарка МИНДЕР ) Е сега, ме замисливте..И така е зима, можам да купам еден за спојлерчињава мои.. А искрено, би купила и оној што е за подигнување на задничево.. Не дека имам некоја голема потреба ама женска душа секогаш сака повеќе..
Јас си имам два еден од NBB другиот од Пенти и ми се погодија двата... Имам кризни моменти, се здебелувам нешо не ми одговара а и башкато од ко ми излезе проблемот со бубрезите си се пазам појќе. И комотни ми се и двата и добро покриваат
Cе секавам кога облеков првпат мидер,бев да купувам туника и продавачката ми препорача да носам зашто салцето ми излегуваше како мафин топ A тој тесен,тесен претесен,се облекуваше како гаки и нагоре се тегнеше и имаше за кај градите како силинконска линија за да не се врака надолу кај стомакот,а мене нон стоп ми се вракаше и не знам како го соблекував,се чуствував како извакумирана врека Bториот пат пак не си го погодив бројот,помал зедов не знам ни јас зашто сум зела Oвој не беше како гаки,туку директно околку стомак E сега си имам еден и многу ми е убав и доста ефтин беше,супер и бројот ми е погоден,и си го носам кога имам потреба A сакам да ги прашам тие што родиле дали после порагај носевте мидер и навистина стомакот се вракал назад? Tака ми кажувале постарите
мајка ми е заинтересирана за слим лифт http://www.topshop.com.mk/slim_lift_air ... =tvp&pcs=1 има некој искуство со него?
Исто и во ТопШоп, ама тие се оние од на ТВ и не знам, доста се скапи. Над 1000 сигурно...[/quote] http://www.topshop.com.mk/slim_lift_air ... =tvp&pcs=1 Овие од топ шоп се 3190 и тоа ми е стварно многу . А да сум 100% сигурна дека се добри да си ги купам, ама кој ќе ми гарантира. Јас на свечености обавезно носам а си ги купувам од зелен пазар ги имам 3. Мене ми се супер (ама си носам мој број не помало), инаку ми се микрофиберски.[/quote] Тие од топшоп се одлични братучетка ми има ама таа е малку повеке по крупна и многу ја прави по слаба.
Сега ве читам и си мислам зошто само јас не можам да носам? А ми треба. Кога и да го облечам мидерчето(нешто слично е како тоа од топ-шоп) значи не е со прерамки нагоре, автоматски ми се слекува. Не дај боже да седнам, готово ми дошло до доле, и така цело време.. Ставате нешто под него за да не паѓа или?
Анабела, моето мидерче одозгора под градите нели кај шо е има како силиконска трака нешто и ми се лепи тоа на телото. Инаку јас имам едно само црно до под гради, а надолу е како гаки. Го купив за една свадба, пошо ми се познаваа спојлерите на тој фустан, и не ми беше неудобен, таман ми беше.
Последно кај што видов такво нешто беше топ шоп. Само без чипката кај бутот. Btw еднаш облеков мидер и с'кн повеќе нема шанси. Се познава работ кај нозете и може да се носи само со широк фустан, инаку ќе те гледаат како шо Џеврие ја гледаше Фикрет
има ли некој искуство со тие поскаапите од лиска? имам од пенти ама многу ме нервора дека ми се спушта цело време.. а и најмалиот број е ес а јас мислам дека сепак можам да бидам повеќе затегната