дали знаете некој бутик во скопје каде што има елегантни фустани за трудници? На свадба сум во септември па несакам да шијам,сакам да најдам готов ама нигде не сум видела...
Нешто ми се виде убаво трудничко во еден бутик во ГТЦ до шехерзада не ми текнува името на бутикот ама нема да утнеш. Секое добро
Или пак тесен но растеглив материјал, но ќе си земеш поголем број Јас цела бременост ја поминав така, со обична гардероба но растеглива, за да можам да ја носам и догодина.
Фалаааа ќе видам утре ќе појдам викендашки во шопинг Toa е поблиску а и доста ефтино.. а глеј има една страна на фб баш видов поназад во темава имаше некој постирано бутик се со такви облеки ама тек во Струмица е... и да има достава ризик е поубаво да се проба а мене ме мрзи до таму да се мкнам
@Bella* @monik55 ѕирнете во бутик Енџел, има долги елегантни тесни фустани, баш @mariz имаше земено фустан таму кога беше 8ми месец, феноменално и стоеше! Мислам, ако сте по тесните
Јас денеска ги купив првите труднички фармерки од оние со ластик. Ич не сакав бидејќи после нема да можам да ги носам, ама мм ме натера демек ај да те видам како ќе те личи. И кога и пробав вејќе не сакав да ги слечам. Нит да ме стега ни да ме жили, а и веќе не мора скришум да се откопчувам. Е сега зедов 40 бр и малку ми се поголеми во ластикот, ама се надевам за брзо време ќе ги исполнам.
@Bella* преубави модели имаат во овој бутик во Струмица, јас пред еден месец бев и купував 3 фустани за свадба, и други посекојдневни фустани,маици,хеланки. Мнооогу избор има, од класика до елегантно, со културни цени и супер откачена продавачка која ќе те скоцка за 5мин
Дада баш гледав на фб има преубави модели,ја сакам пошироко нешто да се осекам комотно ќе најдам до септември има време тогаш е свадбата па ќе земам некоја недела пред свадвата бидејќи мешко незнам колкав ќе биде А за фармерките Mила не си згрешила најдобри се јас и понатака ке си ги носам
леле мене ме фака страв бебето ќе се роди во февруари, па само ми е мисла каква облека ќе носам зимно време нема ништо да ме собере
Ќе си земеш 2-3 пара труднички панталони и џемпери така поширочки или растегливи и ќе истераш зима. Не ти се исплаќа многу гардероба да купуваш.
Немора да значи, јас до последно си ги носев старите маици и панталони, последната недела од 8ми отидов нешто пошироко да купам пошто стомакот тогаш наеднаш ми рипна. И јас мислев ништо нема да ме собере и дека ќе бидам огромна, па не бев
Јас си купив кратки панталони фармерки,од бутикот што е за трудници ева во бисер,топ се,сегде ги носам многу ми се комотни
Јас денес искрено многу си се разочарав со иабор за облека за трудни жени,ама со мало меше. Значи 6 мес сум и уште ми е рано за трудничка облека, ама цела стара облека вејќе не ме збира. Или ме стега, а фустаните драстично ми се скусија зарад мешето и веќе не е прикладно да ги носам. Недела сум на крштевка и денеска цела Битола ја завртев и нишш не си најдов. Блазе си им на тие што ги збирале старите алишта до крај. Јас дека претходно немав ич меше ( бев рамна како штица) сега едиствено што ми чини се хеланките и тренерките. За блузите барем уште ме збираат.