За двете бремености, од трудничка облека, поминав со еден пар фармерки, еден пар панталони и фустанче. Фустанчето беше повеќе за мерак Си ја носам истата гардероба како претходно, фустанчиња, блузи, пошироки маички и сл., а тоа што си докупив во оваа бременост е облека која ќе можам да ја носам и понатаму. Истиот конфекциски број кој го носев пред бременост.
Браво како ти успева. Јас денес пд 36 број кој го носев пред пременост, преминав на 38. А и овој фустан ќе ми биди кнап за еден месец, ама не можам сега како во вреќа да одам. Многу си се разочарав. Ама само 2 кг сум поправена и ств не ми е јасно зошто нишш не ме собира. Инаку сум 22 недела. Којзнае до кој бр ќе стиганм до крај. Ама нека е се само во ред. За алишта се купуваат. А и после една диета.
Јас носам 40 конфекциски број, во ретки случаи 38. Сакам покомотна облека и такви парчиња и бирам. Немам ставено многу на килажа, ама и стомакот не ми е многу голем, исто како во првата бременост. Е сега не можам да се пикнам во обичните фармерки, нормално, ама тие широки летни фустанчиња ми се таман. До конституција е, јас не сум ситна, далеку сум од тоа , ама дека помал стомак, можам да ја искористам старата гардероба.
Јас и во тие фустани што можам да се соберам како поткустрени ми се и не можам да ги носам. Како блузички ми се. А што знам и јас немам големо меше. Дури некогаш се филмам дека ми е помало од што треба и пред секоја контрола паничам да не ми кажат дека бебе заостанува.
Јас од 3ти месец почнав со трудничка облека бидејќи не ме фаќаше ништо а цела бременост качив 3кг. Така да ништо чудно, меше расте, независно од килограмите. Имам околу 10 пара фармерки и минимум уште толку хеланки и фустанчиња. Со сите три бременоти докупував по нешто. Мака ми е неизносени ќе останат. Да можев ќе ги дадев на некого.
Имам многу убавко комплетче esprit летно за трудници секојдневно...ако некоја трудница е зинтересирана нека ми пише ПП ќе и пратам слика...
Јас вчера бев на свадба носев тесен фустан..и никад више! Толку неудобно се осекав... и плус сите ме гледаа во стомак дека се ми се оцртуваше никад више Следна свадба сум во септември обавезно широк! Најдов преубави фустани долги во Гтц на втор кат широки,само што беа некаде 5 илјади
Кај е енџел? Знам дека ќе одиш за Ку.и ја мислев ама видов таков сл фустан како тоа жолтиот што го зборевме може и истиот да беше и некако мнг се проѕираше...
Енџел е на рекорд. Јас се мислам да нарачам преку фб да не се акам до таму. Па ако не ваља наздравје нека мие
Не И јас со истава мака. Нема гардероба за доилки кај нас. Гледав има во ХМ, сакав преку луѓе да нарачам но и така стално барам нешто за децава, па срам ми е и за себе да барам. Си реков-ќе се снаоѓам
Imase dva tri tipa na fustani vo Vaikiki pred 3 meseci gi gledav, ama rano mi bese za kupuvanje. Moze da proverite tamu.
За снаоѓање ќе се снајдеме ама не е тоа тоа, за топлово најубаво ми е во фустани и сакав да си купам 2-3 да имам за летово. Инаку се снаоѓам, носам кошула фустан па за доење практичен е. Имам 2 маици од ХМ за доење онака ги земав за по дома, не ми текна дека ќе сакам и да се дотерам.
И јас така се снаоѓам...Имам од претходно две фустанчиња со тенки бретели и лесно се симнуваат бретелите надолу, исто и такви маички но кога ќе ви кажам дека тоа се долни маици од Сара фешн ќе ми се смеете Бирам со шара да не личат на долни маици, само затоа што многу се практични. За во зима незнам што ќе правам.