Идни мајки чисто информативно, во Ваикики денес купив труднички фармерки за пола цена, од 1600 на 800. Фатете го попустот
Влегов во mothercare во рамстор, не се нормални со цените! 50% попуст на ќебенце 3000 денари... Фустани за трудници на попуст по 2500! Претеризам.
Девојки, да ве прашам за периодов што следи, нели поладно време...што носите под блузи и кошули? Боди или маици? Попрактично мислам да си земам маици, но сакам од убавите, растегливи материјали што се лепат за тело. Од кај купувате, цени и сл?
Јас моментално носам маици обични од сара фешн , но планирам да си купам од Стружанка маици за доење за кога ќе стигне беба да сум спремна, околу 350ден биле. Бодињата мислам дека не се практични, а и немам видено никаде специјални за трудници, ни маици, ни боди..
На почеток на бременоста си купив 2 пара пантолони и едни фармерки, а пред еден месец уште едни фармерки, останатото ми е фустани. Е сега проблем, не си пресметав убаво дека јас најмногу ќе се збуцам од 7 месец натака, носев и пред бременост бр 38, досега ми беа супер пантолоните ама последнава недела некако како да ме стега работ под стомакот, седам по цел ден на работа и не ми е удобно да ме стега нешто посебно во тој дел... , Се изнакупив летни маички, фустанчиња еден куп, а веќе застудува па сеа ме фати нервоза како изнададов толку пари без потреба, можев да го поминам летово и со помалку трудничка облека. Затоа мој совет, не се трошете премногу за облека во почетните месеци иако ќе ви биде мерак, ако бидете бремена како мене во сите годишни времиња ќе треба да си го отворите паричникот повеќе во подоцните месеци.
Мешковци дајте некоја онлајн продавница да си порачам хеланки или тренерки за низ дома. Не ми го собира мешето во ништо, несакам да го стегам..
Само што се вратив од Waikiki Рамстор, за трудници нема никаков избор. Фармерчиња плави и црни, и панталони едни но 42 бројчиња. Јас конкретно тргнав да си купам хеланки најобични црни и кошулки за на работа. Хеланките им се ужасни, нерастегливи, над глуждови, без никаков сјај и не се удобни, а кошулки освен тие што ги имаат цело лето (плавите и розевите) и тоа пак бр. l- xxxl ништо ново и ништо како за на работа. Ептен земав една блузичка со долги и со бебенце на неа за по дома кога ќе залади за да не си одам со празни раце. И многу се нервирам за маичките по кратки или се за its a boy ili za its a girl. А јас што не знам што носам??? и може сакам да си ја носам таа маичка и за по пораѓај. е многу се напнав. Ајде мешиња кажете каде да барам кошулки за на работа, така покласични/елегантни ама не наџиџани и хеланки обични црни ама да се памук плус еластин, и нормално со пристојна цена.
Оди доле во подрум во Буњаковец. Ако купиш повеќе парчиња дава женичката и попуст. Јас што купив хеланки од таму во бременост уште си ги носам ептен ми се погодија.
Јас почнав да си носам боди ладно ми е, бар засега не ме стега убаво ми е не сум научена на маици..и јас барам некоја онлајн продавница ако знаете кажувајте