Е супер ме охрабри мислев единствена сум.. 18 сум си викам кога ке дојдам на 30 како без боди ама супер значи ке можам
Јас од Лидл си зедов хеланки за 6 евра, тука по трудничките продавници се многу поскапи. Во Ваикики има тренерки, сигурно над 700-800 ќе се
Ако си од Скопје има во ТЦ Бисер во подрумот еден бутик за трудници, таму има хеланки, пишува дека се памучни а дали навистина се , тоа не знам. околу 700-800 ден беа. Инаку има во H&M во Грција. Таму се околу 10 Еур. Во Ваикики ми рекоа дека очекуваат да добијат, најверојатно ќе бидат околу 400 ден.
Јас не можев И така носам xxl боди, тогаш пак ич не ме собираа. Си купив две долни подолги маици и завршија работа пролетта. Што се однесува до хеланки, јас си купив обични хеланки од ХМ но еден број поголем од тоа што носам. Воопшто не ме стегаа во стомакот, плус ми останаа да можам и после бременост да ги носам. Исто така и за кошули и сукњи не се трошев на труднички работи, купував само растегливи или еден број поголеми.
Во ваикики купив пред некој ден хеланки околу 400/450 ден има тегет и црни и бели фармерчиња на попуст беа 400 ден
Во Ваикики има оддел за облека со поголем конфекциски број. Јас оттаму купив фустан 40 и го носев до крај на бременост, а и краток период после тоа. Проверете, знае да има интересни фустани и туники.
У ваикики нема голем избор,затоа во бутициве и избор поголем и квалитет,зошто да не изгледаме убави,кога сите сме најубави мамички на свет
Каде да најдам зимска јакна/капут било што, што ќе можам да го носам цела бременост? 2 пати месецов бев до H&M во Благоевград и сеуште немаа донесено, инаку на страната нивна има преубави јакни за трудници. Во Ваикики добиваат ли јакни за трудници?
Во ХМ Благоевград многу слабо е снабден делот за трудници, јас ни прслучиња за доење не најдов асални, само црни имаше. Јас би ти предложила пончо да си земеш, да не се ставаш во непотребен трошок. Со пончото ќе си се покриеш над капутот или јакната кога нема да можеш да ја закопчаш и "чао, пријатно"
Овој пат навистина ми треба палто. Во првата бременост одев на работа до 11 декември и цело време откопчана, си велев да не купувам за малку и се покајав. Сега ќе треба да одам цела зима, март ми е терминот, одам и ноќна смена, ќе премрзнам, најавуваат многу ладна зима. Инаку да, катастрофа ова H&M во Благоевград за трудници, октомври месец а ништо немаше донесено од зимската колекција, само некои блуски на кратки ракави, додека другите оддели сите беа снабдени. Ќе побараам и во Ваикики ако не ќе треба до Солун да одам.