Да да дебела е и плус внатре е со крзно цела,јас сум ептен зимурлива.Има вакви модели секаде по град само објасни и на продавачката и ќе ти предложи.
Ваикики, за 750ден. со попуст, преубави се. Е сега кога не ти е толку голем стомакот малку се незгодни оти тоа парчето е пошироко и не ги држи па ќе треба да ги подигаш цело време, ама како ќе расте мешето ќе се поточни.
Postojat li trudnicki farmerki ili pantaloni crni no dole da se slim tesni cigaretki kako so gi nosevme pred da ostanime bremeni.. nadole sum slaba od nia obicnite so gi gledam dole siroki se za mojte noze, sakam slim zalepeni... i kaj da najdam ako ima
Моите се слим фит. Надоле тесни, горе со парче на стомакот. Од Ваикики, Капитол ги земав пред неколку дена
И јас имам земено од Waikiki ама не ми се удобни сепак некако како да ме стегаат на желудникот, а се плашам да не го стегаат и бебуш, иако земав малце поголемо бројче а сум многу слаба. По цел ден на работа седната, едвај чекам да дојдам да ги соблечам. А до 6 месец ги носев секојдневно, ама после преминав на труднички хулахопки и фустанчиња зашто ми се далку поудобни.
Јас земав хеланки 399,Како фармерка растеглива 799 и класична фармерка 1299 од waikiki. За удобност во право е @maja8 до желудник ме мава фармерката,хеланката се трпи ама за работа си земав хулахопки труднички и фустанчиња ми е најзгодно после 6ти мислам секој ден стомаков се поголем и поглоем ми е
И јас земав од ваикики 500 денари такви слим,ама ич не ми праат мерак.Имаше во Ева тој во бисер во подрум што е бутик многу убави хеланка панталона слим ама 1800 денари .Не се арни малце со цените
И мене од ваикики ми стојат широки доле.. не ми прават кеф на хеланки сум повише.. за друга бременост ке ги стеснам доле па ке ги носам..
750 ден ги земав на попуст. Моделите што не беа на попуст беа по 1099. Мене моите ми се удобни бидејќи ги земав еден број поголеми и после само ги стеснив целосно ногавиците малку. И од хеланки ми се поудобни
Панталони што ги купив 1800 во ева во бисер ги носев од трети до средина на 8ми, сега ми се тесни бидејќи не се многу растегливи. Фармерки 690денари од waikiki ги купив во 3ти ми беа малку големки ама сега влегов во 9ти и некако најточни ми се и најкомотни. Фармерки темни ги купив од премама и ги носев само 6ти и 7ми, некако со низок струк се и ме сечат баш кај папокот, во нозете ми се таман ама нон стоп како да ми се слекуваат и ги кревам нагоре а ги платив 1790, 100 пати се покајав. А баш продавачката ми викаше дека нивните фармерки биле класа а не како тие во waikiki. Купив дебели хеланки од ева 700 денари и ги дупнав од носење и едни тенки од премама 400 денари ама станаа прозирни така да изборов за трудничка гардероба ем е ограничен ем е скап. За цела бременост купив само една трудничка блуза и таа 1200 ја платив а не е ништо посебно, за нетрудни истите се по 400-500макс. Ме нервира што ако земам горна облека (туники, кошули, џемпери, маици, блуски) за нетрудни ама поголем број l-xl-xxl работ кај рамото ми доаѓа на надлактица и како вреќа стои кај градите а прилепено кај стомакот. До крај на бременост ако купам некоја туника посвечена и ништо повеќе.
Значи да купам од Ева панталони,се исплати за парите барем ке ги носам.Ми се видоа многу скапи па се премислив .А и едни комбинизонки фармерки што имаа,ама тие ептен посолени. Ја туники не ни облакам,се натнувам во ролки ем топли ем се растегливи таман
Јас во првата бременост се облакав исто како и претходно. Хеланки тррнерки широчки пантолони.... Воглавно седев дома немав обврски. Сега со оглед на тоа што одам на работа мислам дека ќе треба да си набавам облека за трудници. Да е удобна и складна. Се надевам ќе најдам некоја идеа за комбинации во темава