@Adeline @Ygritte лепотици да не знајте друг некој бутик во Охрид или Струга освен waikiki што има облека за трудници.за некоја недела ќе почнам наработа па морам да купам нешто досега си одев со хеланки низ дома ама за наработа морам да имам нешто фармерки или пантолони
Јас само во waikiki имам сретнато, искрено купив туники плетени тенки и дебелки растегливи за зимава и ги носам со хулахопки, а нив можеш да ги најдеш во скоро секој бутик
И мене ми е ту мач маици со бебиња, хепинес он вау и разно Исто како што мразам да се сликам на огледало со мевот и да ја тртнам на социјална мрежа. Мислев дека мразам вакви работи од што сите остануваат бремени само јас не, ама грешка сум била
И јас не сакам такви работи..... Немам ништо објавено за бебка моја..... Ама имам роднини во странство, секоја втора слика на ФБ е фокусирана на стомачето
Истооо абе напнаа она само што разбрале за бременост да се објавува на велико,разбирам голема е возбудата но не се споделува баш се според мене. Исто и со маиците,као 7ми месец малце се познава преубаво стомаче и натпис see you soon Немам објавено ни една слика дека сум бремена до скоро и во широки џемпери се носев,сега си се олабавив и почнав и малце потеснички туники да си облекувам. Хеланки,труднички фамерки (не ми се удобни многу),црни дебели хулакопки и туничиња и фустанчиња. Така си се носам
Јас наоѓам во ваикики.Ептен ми се погодени и ефтинки.Мм ми купи пред некое време хеланки и џемперче двете за 800 денари.
И јас се жалев дека е скапо и купив од вајкики хеланки и крш се .Па ко попче од Ева си земав хеланки и топ се,меки дебели и ептен комотни.Побарај им од тие што се 750 денари ќе ти покажат.Боље плати го него два пати да купуваш.Барем за долни делови зборам.
Да и ја земав од ваикики хеланка паталони катастеофа уште од првото облакање ми се направија како торба.
Јас хеланки од вајкики што земав абе ко да се стеснија од прво перење,тенки проѕирни што да ти кажам.А тек прашина колку собираат Иди во Ева во Бисер или Буњаковец и земи од тие 700 што се ама така побарај им ги пошто ги водат ко зимски и не ги нудат.Абе на се ми идат и на патика и на штикли и на чизмици.Ма топ се и после породување и те како ќе ги носам
Баш ви ги читам коментарите за трудничка облека , јас овде во местово кај што живеам нема нешто многу избор , освен H&M и Waikiki... во Ваикики не сум разгледувала ама евтини се цените , а H&M има мн убави работи ама скапо е многу искрено ако нема попуст не се исплати да купиш. Баш гледав едни многу убави фармерки 45 евра , некако за некој месец носење не ми се дава толку кога ќе треба нешто да земам ќе видам во Ваикики што и како има
Редно време е да купам нешто. До сега 24 недела само фармерки купив (нетруднички) поголем број па без копче ги носев до денес. За горен дел па ич да не правиме муабет за купување. Бев во бебел (како и да се викаше тоа) си ископав многу убави блузички, ама никако да најдам добри фармерки. Тие во вајкики ми се торба уште кога ќе ги пробам, на ништо не изгледам. Мерак ми е многу да се дотерам, и за на кафе што се вика, ко од поплава исфрлена се чувствувам. Модава за бремени 2001 ва. Има ли во Ева фармерки? Или преправал ли некој фармерки да става ластик?
Да има фармерки во Ева и тоамногу убави. Јас многу ги меркам тие комбинизонки многу убав тексас така светол се а надоле тесни,ептен јаки.Треба да се почастам едни со патичиња топ ќе бидат за пролет
Јас си купив културни фармерки од ПреМама во ГТЦ а џемпер од Вајкики ама casual малку поголем број зошто тие трудничките беа за никаде, барем во Охрид...