Јас од втор месец навака си носам тренерки обични. гледам на работа многу бремени жени носат обични т.е фармерки за нетрудни. Како издржуваат во толку тесно 8 саати не знам
Бев во ваикики денес ништо нема катастрофа за трудници.а коа не бев трудна што убави работи имаше порано и голем избор имаше
требало тогаш да си купиш. Јас еднаш имам појдено во ваикики декемврито патики си купив ама ништо друго интересно не видов. посебно не забележав дека имало нешто за трудни
Јас имав купено од бутиците за трудници во подрум во Буњаковец, два се еден до друг. Од двата купив, одлично се покажаа иако беа поскапи, како и се во тие продавници. Ама дадов пари за хеланки и после со нив си ги носев туниките што веќе си ги имав од пред да останам бремена. Така истерав последните 2 месеца, иако беше зима, постојано ми беше жешко и така облечена ми бееше најкомотно.
Два пара од Ева имам, доле се малце широчки што значи хеланка панталона ама мене тесни скроз ми стојат освен доле маааалце кај ногавиците ама тоа во чизма влага а и на патика не е приметливо, баш е штосно, зборот ми беше матерјалот е одличен, не е прозирен,таман си е, зедов тегет и црни, имаат на стомак таков дел за проширување.....ееее а за дома имам два пара од пазар голем број тоооп матерјал, и само во нив сум, не се за трудници,обична хеланка голем број е, и супер комотна
За трудни е многу мал изборот. Ако случајно начекаш во Ваикики, во Буњаковец доле Ева или во некое бутикче за трудници. А ако не си голема и би те собрало обично провери во Теранова за нешто слично.
Барам за другарка таа носи xl ама сега со мешко xxl некое големо бројче Ќе проверам другата недела ќе одам за Ск
Во сара фешн имаш гаќи за трудници 130 денари се.А за мидер за трудници незнам,знам појаси има требада има во енци менци или другиве за беби опрема и они продаваат. Нека ти пише @Emma2 она има појас.
под мидер ваљда мислиш на појас, пошо мидер некако језиво звучи.. јас имам појас, од Зегин е.. го носам туј таму, неодговорна сум..
Девојки има ли некоја панталона-хеланка од Стружанка? Ми ги збори една пријателка дека биле удобни за во бременост. Поточно хеланка-тренерка ќе му дојде со некои машнички на појасот?
А Ко не се наменети за трудници не ги ни купувај.Од искуство ти кажувам,и ја земав така од едно,друго место и пакси завршушав во Ева по труднички хеланки
Колку пари се во Ева трудничките хеланки? Пошто фармерки купив од кај нив , ама скапечки баш и од средината на седми месец немам корист од нив ме стегаат.