750 денари се хеланките.Сега имаат нови ,летни потенки се.Си купив пред некој ден ама ако носиш мало бројче S онда иди директ во Буњаковец зашто во Бисер немаат. Инаку оние што ги имаа зимото подебелите им се врв,јас маста им ја извадив.
Добро утро идни мамички Јас сум 8+6, знам дека уште е рано да барам облека за трудници но ете одам на работа секојдневно па сакам да побарам мислење каква облека би одговарала Инаку јас сум љубител на фармерки но работата ми е 8 часа канцелариско работење плус возење по 40 мин со работа затоа дали е во ред да се носи потесно, дали штети на бебето. Гледам да носам панталони и други пошироки модели. Можеби звучи чудно но на работа не носам фустани никакви ете таков тип сум.
Имаш фармерки за трудници во Ваикики, во Ева, во HM во Солун и многу се удобни за носење, не стегаат никаде, можеш слободно да ги носиш. инаку Јас до кај 23та недела можев да си ја носам облеката што ја имам без да купувам нова, така да имаш време
Јас од облека за трудници што сум купила до сега се два пара долги пантолони , едни шорцеви , три пара блузи сето ова од Ваикики. Од HM имам земано само градници , ми се допаѓале доста работи и од таму , но искрена да бидам не сакав да фрлам толку пари за трудничка облека (а од ХМ облеката поготово трудничката не е воопшто евтина без попусти). Фармерки а и општо пантолони може да се најдат и на ластик , па да не мораш да купуваш трудничка облека. Во Ваикики не се воопшто скапи, можеш да си разгледаш и таму Првата облека ја земав кога бев некаде 10 недела, стомакот ми беше веќе испакнат - може затоа што оваа бременост ми е втора па почна порано да се познава
Бутик за трудници нема. Освен во други бутици некој поширок модел ако најдеш нешто. А знам дека имаше порано каде што е сега бутик гето. Каде е преселен и дали воопшто работи уште не знам.
Женички што ќе се прави, 15 недела сум, мешето ми е машала големко и нишо не не собира. Хеланки си купив, но проблем ќе ми е за зимава сѐ ќе треба наново, палта, џемпери, капут или јакна
Да?Баш убаво,јас во 13 ке влезам за два дена,стомакот ми е скроз рамен,освен салцето малце де Јакна не купувај трудничка,не е исплатливо мислам,сега бар има широки модели,ако не те закопчува ке ставиш од ќебе-шаловите и готово. Гледав каталог на Лидл,неделава ке има трудничка облека,воопшто не е скапа,имаше и некои тенки џемперчиња со врзување на преклоп,хеланки,фармерки и маички.Ништо не беше поскапо од 15-20 евра.Ако имаш некој кој оди за Грција или Бугарија нарачај си
Ќе ѕирнам јакни некои од ваикики, поголем број, не се прескапи. Абе маж ми е баајги висок и крупен па може и бебчето ќе е па затоа уше сега имам мешко епа ќе си се дружиме зимски трудници. Среќа што сакам зима