Мајки ме интересира што најмногу ви се најде од облеката за време на бременоста!? 10+2 сум уште ништо не се гледа. Многу пари не ми се трошат на трудничка облека. Планирам да земам хеланки, некое пошироко џемперче. Секоја идеја е добро дојдена.
Јас бев најголема во зима, купив само труднички хеланки и фармерки, се друго беше само памучно или плетено, растегливо, па ме собираше без проблем. Немав никаква потреба од труднички блузи и кошули, ама панталоните ги сметам за неопходни.
Jas sum 9+5 nedeli planiram samo trudnicki helanki i nekoja tunika iskreno pantaloni i farmerki e skapo da se kupuva
Ако те фати потопло последните месеци, слободно можеш со фустанчиња да поминеш. Иначе панталоните се скапи, ама кога е зима немаме баш избор. Јас се породив во јануари, последните 2 - 3 месеца немаше шанси само со хеланки да поминам.
Каде да си купам хеланки? Гледам на фб има да се нарача ама ми нема смисла хеланките се 250денари а доставата 150денари
Во ваикики земав за 400 ,ама многу тешко се начекува такви убави едноставни и евтини,одма им се трошат. Во рамстор никако не начекав 2-3 месеци па случајно најдов во капитол.
Девојки каде да најдам убава топла зимска јакна, крај на февруари ми е термин а секој ден на работа треба да се оди по ладново.. Имам една наметка од золва ми ама па таа зела s бројче и под неа не би можела подебел џемпер да носам. Во нена ексклузив на инстаграм ептен теткински ми се наметките, одвратни
Фармерки и јас сметам дека мора да се земат. Особено ако одите на работа и се движите. Јас имам 2 пара и не ги жалам парите за нив, иако главно поминав со хеланки и си купив труднички хулахопки. Прашајте за хеланки и хулахопки во локални продавнички за такви работи, не мора да се специјализирани за трудници. Нагоре носам туники главно, широки модели нормално.
Јас ваква видов во локална трикотажа, околу 500 денари беше. Имаше и цели пижами за доење, горниот дел се откопчува вака, а надолу обични си се.
Јас пред 6 месеци си земав од Sara Fashion по грешка поголеми пижами. Сега ми се многу удобни, ластикот воопшто не стега. Јас тогаш земав L а изгледа за S сум била. Секако може да си пробаш таму директно и да си видиш.
Јас тој проблем сум го решила , не носам класична трудничка облека едно парче такво немам купено а веќе сум 8ми месец . Купив наметка од Зара и сум постојано во неа - едно нешто е ! Квалитетна , стилска .. мераци. Ја имам црната од пред три четири недели а имаат и на крем сега следно одење во Ск ќе ја земам и неа и гајле немам . Плус - ќе си ги носам и после бременост затоа што се убави . На други места и мене ми се неубави и теткести ..
Tnx, ми даде супер идеја, ќе си побарам таму некоја. Обожавам зима и зимска облека и сакам да ми е убава, не онака ради реда само да поминам Зимси дечиња ќе си имаме
Јас на фб нарачав два пара хеланки од ева ама не сум задоволна, се извалаа цели се излитија, никакви станаа, уште некое перење ќе се скинат. Кај да најдам убави квалитетни хеланки?
Има во Ваикики, убави ама не се баш дебели. Најубаво земи си од хеланките од Ваикики и ако си зиморлива како мене имаш труднички хулахопки во Sara Fashion, многу топлат милина се.
Мoжеш да си купиш oд билo кojа прoдавница памучни самo сo пoгoлемo брojче. Jас така правев си земав пoгoлем брoj, не трудна нoсев М трудна земав Л и таман ми беа и вo делoт на стoмакoт. Jас земав oд Памук Кале.