Најголемиот проблем е што е ладно а ниедна вентијага не те закопчува, јас цела зима ја поминав со откопчана вентијага наоблечена со алишта..... Ајде уште малку ќе издржиме..
Јакна уште си носам од претходно, веројатно моделот ми се погодил. Струкирана и од половината надолу е поширока, па уште ме копча кај мешето. После еден дебел шал напред и откопчана ќе одам. Од трудничка облека имам сини и црни фармерки, тренерки, хеланки, гаќи, хулахопки и 4 памучни блузи со долги ракави. Гледав во Ева имаше јакни што и после тоа ќе може да се носат, но не купувам, освен ептен ако имам потреба. Ќе се истурка зимава
Oд кај купи гаќи? Во Сара Ф имаше ама тие ептен за големи стомаци И хеланки од кај купи? Сакам за по дома да си земам
И јас си носам јакни од претходно, сега веќе откопчани Со шал дебел напред и немам гајле. Искрено, мислам дека не вреди да се инвестира во трудничка јакна, зошто што после со неа? Хеланки, фармерки, блузи и тренерки мора, неопходно е, ама јакна не би рекла. Сепак само последните два три месеци се критични во однос на големина на стомак, не е страшно
Гаќи во Сара, но имаше бројчиња од С до ХЛ. Поудобно ми е да носам повисоки, некако и фармеркиве труднички ми ги држи, инаку како да ми се см'кнуваат и во одење ме нервира тоа. И ги подесувам горе со ластикот и пак. Хеланки и јас за по дома си зедов, надвор никогаш со хеланки не одам. Само што останав бремена бев во Ваикики, уште не беше ни заладено, најдов едни многу убав цврст памук, но беа поголем број, пливам во нив и сега. На мене не личат на хеланки ама многу ми се пријатни и удобни, материјалот е многу убав. Оттогаш веќе не видов такви убави во Ваикики, сè нешто почкарт носат. Ова во Сити Мол, можеби во другите има.
Бев јас во Ваикики во Капитол, Рамстор, Сити Мол и во Струмица ама не најдов хеланки Ај ваљда ќе донесат пак
5 месец сум и уште носам палто од порано. Но, кога ќе се закопчам ме стега. Овие денови ќе купам наметка. До сега имам купено хеланки( поголеми) и труднички хулахопки. Како што гледам ќе треба и други работи да купам, бидејќи се ме стега.
јас уште ги носам тренерките од порано. М величина добри ми се . Ама сакам стомакот да ми го приберат, а тоа баш и не бива. планирав од Nike да земам поголем број тренерки или хеланки но не бива, пробав. грдо стојат.. Кај да барам квалитетни хеланки висок струк и било што , и фармерки црни бар 2 пара да земам сакам..?
Земи си труднички, нема потреба поголем број да носиш. Трудничкиве имаат како памучен додаток кај стомакот и нема да те стега ништо, а кај нозете и задникот ќе ти бидат точни и убаво ќе стојат.
Каде да најдам убави и квалитетни? Ваикики гледав немаше. За две недели ќе си одам дома во Штип, ќе прошетам.. А онлајн негде имаш порачано?
Фармерките ги зедов од бутик за трудници Ева во Буњаковец. И задоволна сум, сините се дури и како поставени внатре и топли баш за зимава. Ги носам и верувам дека до крај ќе ги носам. Побарај на Фејсбук, мислам дека имаат страница и пиши им, прашај за достава. Иако можеби е подобро да си видиш лично и да пробаш, разни модели имаат. Потенки, подебели, цевка, прави... Во Ваикики ни мене не ми се допаѓаат, можеби бев како меѓу два броја и ич не ми стоеја убаво.
Јас носам палта од мама, жената има пасија кон јакни, градена е горе тесна нема гради и широки колкови нискичка, јас висока слаба со стомак и ми се баш нејзините иначе за облека трудничка во ваикики има многу убави (гв), ко ќе влезам се ми иде да кренам
Да Гостивар Сум била и Охрид и Скопје ама како што има Гв мислам никаде (имам купено едни хеланки дебели, класични панталони со раб, две туники на дизни колекција и едно свечено кратко фустанче) Леле ги испофалив
Во Сара фешн или Пенти не продаваат хеланки за трудници? Јас имам два пара од Ева Буњаковец, ама многу лош квалитет излегоа, се растегна материјалот кај стомакот и почнаа да се кинат, па барам некои поквалитетни...
Кога бев трудна мм ми донесе 2 пара хеланки од Декатлон од Бугарија. Со висок струк се и до крај ги носев. Не се специјализирани за трудни ама ептен ми се погодија. Еве две г. отпосле уште ги носам. Не сум трудна ама на меов му треба простор . Квалитет што трае.
Ако најдеш пиши. Јас се запишав на јога, утре почнувам ќе ми требаат. Сега за сега имам едни кои сеуште ми се точни
Јас од ваикики земав труднички фармерки црни. Пред некој ден бев во Рамстор и викам ајде какви такви ќе ги земам. Не се баш убави, се лепи по материјалот конци,влакна се живо.. а и малце поголемки ги земав и ми паѓаат.. Намерно не земав и други за да видам како ќе ми биде.. Беа 900 денари и си велам ај не се скапи колку ќе ги носам толку. Инаку сакам да си земам некоја интересна блузичка имав видено некои трудници носат со натписи, со Baby Loading и такви некои слатки работи.. Каде може да има вакво нешто? Гледав Алиекспрес ама ќе се породам јас додека да стигнат