Јас земав исто црни пантолони од ваикики итоа малку поголемки и по две три облекувања ми се искинаа баш кај што е работ за да има патент на не труднички фармерки.. А пак од трудничките фармерки задоволна сум имам 3 пара и ок се
Две бремености поминав ништо трудничко не купив горе доле памучни раб што ми беа ме собира . Е сега со третава бременост незз како ќее е ама јас првите месеци наместо да качувам на килажа јас слабеам.
И јас мислев бременоста да ја истерам така со растеглива памучна облека. Добро ми одеше тоа се до претходниот месец кога имав потреба да отидам некаде дотерана во панталони и кошула, а моите не можев да ги закопчам бидејќи носам само висок струк. И така сфатив дека ќе мора барем 2 пара да имам труднички панталони. Блузи не купувам, ниту туники, уште ме собира во старите. Кога ќе се стопли исто нема да купувам, ќе ги носам маиците на мм или на брат ми, баш се големки, машки L\XL ќе ми завршат работа.
Здраво☺️ Ми треба помош доколку некој знае од каде да најдам тренерки онлајн за 7 месец и онака не смеам да излегувам ама ни за по дома немам веќе Фала ❤️
Јас овој месец во карантин го поминав во пижами. Дури имам пижами за спиење и за преку ден. Иначе, на почеток купив 2 пара труднички фармерки, хеланки и фустан, за роденден поклони добив две блузи, туника и уште еден пар фармерки и така ја поминав цела бременост.
Јас пред да почне лудилово си купив многу убави пролетни фустани и кошули за да си ги носам на работа. Ха ха ха
Otvori na fb na butik za trudnici eva ima golem izbor,rabotat on line zaradi situacijava i vrsat dostava do doma
Јас купив уште пред вирусов во Сити Мол, не знам дали е Пенти или е Сара Фешн наспроти Лисца. Без оглед на тоа која и да е продавницата, пиши им на Фејсбук и на Пенти и на Сара, вршат достава до дома, прашај ги дали имаат градници за доење.