Не ти требаат стрикно за трудници, јас купував од Сара фешн од големите броеви со висок струк долни како да ми го држат стомакот, ама на плажа позгодни ми беа тие со низок струк за да не ми биде стомакот мокар.
Зависи колку ти е голем стомакот. Јас имав неколку свадби и сите фустани ми беа долги и сечени под гради а надолу слободни.
Феминки дајте некој предлог кај да си купам труднички фустанчиња? Дали имате скоро купувано? Јас освен оној бутик за трудници доле во Буњаковец не знам други...Би сакала поблиску да е накај Аеродром или Центар, ако е можно секако... Инаку овие 2-3 дена бебчето доста активно, често осеќам движења па и слаби удари стриктно од десна страна на стомакот и што е најинтересно и доле во бешиката па се прашувам зар бебево е толку големо и во бешика да ме удира, а 25-та недела сум? Следна недела сум на преглед кај матичниот и едвај чекам искрено...
Во гтц доле кај верото имаш трудничка продавница. Ама по мене не ти требаат труднички оди во Мана во лисиче Котон Капитол Њу јоркер веро џамбо сигурно ќе најдеш фустанче некое што можеш да го носиш а ќе го платиш упола од трудничкиве продавници.
Побарај во Waikiki, јас си купив пред два-три месеци, не се труднички, најдов пошироки модели. Ги купив многу ефтино по 700, 800 денари. Инаку Waikiki имаат и колекција за трудници.
Јас имам еден куп нетрудничка гардероба за периодов. Широки лефтерни фустанчиња, тесни и растегливи, кошулки широки секаде можеш да најдеш по обичните продавници, а ќе ги носиш и после бременост. Од трудничка облека имам само едни хеланки, едни сиви, едни бели пантолони и едни фармерки, една маица по кратки од оние што се кај стомакот пошироки (и уште ми е големка) и мислам дека до Ноември доста ќе се
Во ваикики во сити мол налетав на фустани за трудници на попуст. Поевтините 700 ден поскапите околу 1100. Земав еден лесен за низ дома да не се потам и да не ме стиска ама се разочарав искрено. Откако го исправ на пеглање приметив дека е распраран кај штовот.
Девојки да не запазила некоја труднички искинати фармерки? Стварно незнам кај да барам по фраерски фармерчиња, па и панталончиња, све им се теткести модели.
Немам видено, освен да си купиш некои поширочки со низок струк и да им сошиеш ластик, или да купиш теткести и да ги искинеш Стварно овде во Мк ич нема избор за трудници
Значи ИЧ, 2 пати одам во вајкики со мерак да си купам нешто и се враќам со празни раце, дури и фустаните не им ги бендисувам. Овие бутициве по фб инста такоџе, се едно исто и досадно. И се се надевам дека ке откријам некое забутано продавниче со работи по мој вкус ама губам надеж. Ептен сме ограничени Види ги шо се убај за комбинирање
Да бе, јас од ваикики земав 2 пара фармерки најобични- едни сиви и едни бели, 2 блузи обични секојдневни и едни хеланки. Толку имам од трудничка облека и ништо дотерувачко од таму. Друго се си купувам широчки работи што не се труднички што и после бременоста ќе си ги носам. Ноември сум со термин, до тогаш евентуално уште некоја туника или блуза по долги ракави може да купам, не планирам друго да купувам трудничко.
Другарки, од каде купувате облека? Има ли некој вебсајт или фб продавница за трудници? Уште не ми е времето за специјални кројки, ама загледував низ градов и освен Ваикики нема ништо друго. И гаќи, од каде? Имав од Ваикики обички, тенок ластик и воопшто не ме сече. Ама уште две недели најмногу ќе издржам со нив... почнува веќе да расте нагоре душево. Ако имате некое линкче, фала.
@LivingGlam @zhap4e сакате пониски гаќи? Мене на Јасмил најмногу ми се погодени. Во стружанка ги има сигурно.
Гаќи има труднички во Сара фешн мислам. Напред се без ластик туку дупло превиткан материјал, повисочки се. Не стегаат ич, мада јас немав мака си терав со обични гаќи под мев. Овие трудничкиве одат малку нагоре ама не се осеќаат.
Да да, пониски. Фала ти ептен, знам кај да најдам Јасмил во градов. Фала и тебе @Cherry333, ќе проверам.
Фала ви. Ќе пробам ниски. До сега, земав високи пошто ниските ме сечеа - бебе беше ниско. Сега високите ме притискаат па ги бутам до под стомак.