@elena.mak во кое Кали има трудничка облека, или само хеланки се наоѓаат? Јас би сакала и тренерки да си најдам. Ако воопшто некаде најдам, и пижами. До сега сум цело време во фустани, а пред недела дена купив само панталони од Ваикики. Фармерки не носам, друго ништо не си најдов.
Има и во бутик за трудници Ева во Буњаковец што е, има и фб страна, ама не знам какви се не сум купувала.
Моите се од лани ама мислам дека има во сите, ги гледав и скоро, се мислев да земам. Јас кога купив имаше многу количински ама еден модел во комбинација сиво розе.
Фармерките за трудници во Ваикики ми беа ептен... за никаде. Бапски модел, со глупи џебови и рабови. Па ако се за трудни не мора да се така ужасни. Посебно тие со прерамки, Боже сачувај. Слабо беа со роба, можеби само тие беа останати а имаат подобри... не знам. За хеланки немаше број од ниедни. Ќе одам пак да ѕирнам. Никаков избор во градов, нада. Златен Асос, како ми фали. Дојдов да ги пофалам гаќите за трудници од Сара Фешн. Супер удобни, нигде не стегаат. Зедов едни за проба, ќе надополнам обавезно. Ако купувате немојте поголем број за секој случај. Тоа бројче што си носите, тоа. Памукот е многу еластичен и одлично се тегне над стомак. Поголемо бројче би висело.
Незнам драга кога и каде си гледала фармерки ама јас си земав од рамстор од ваикики 2 пара и ептен се типски онака.
за пижами- од Ваикики од обичните си купив, ама едно бројче поголеми. Не знам кој месец си ама докај 8ми ќе успевам со талви се надевам . Ме нервираат ластици па најудобно ми е со спавача, дур не заладило
Тие што ги гледав беа тенки, јас се секирам за зимата некаде декември, јануари ептен тенки мислам дека нема да ми вршат работа. За периодов имам, носам обични сеуште. Но кога ќе залади ќе ми требаат малку подебели ама за со меше Така да, за пижами а и тренерки незнам каде би имало. Во Ваикики освен панталони ништо друго не ми фаќа око.
Ваикики модата е ептен утепана. Во принцип, мн слаб избор има во цела држава. Веројатно ќе донесат зимски работи.
Јас во бутик Ева кога бев во Буњаковец пробував неколку вида фустанчиња сите ужасно стоеа јас бев 5ти месец изгледав како во 9ти да сум и прескапи се според мене. Случајно во Стружанка прашував дали имаат хеланки труднички и цела бременост си ги изнаносев со обични маички одозгора исто имаат и труднички маички што траат цела бременост,пред некој ден купив и спавача за доење ми изгледа практична 100% памучна е кога ќе ја пробам ќе ве известам каква е. @Milkiway по практични се хеланките за ЦТГ само спушташ и раат си е сега ако ти прават и вагинален преглед најубаво со кратко фустанче, а за шетање имав земено од Ваикики долг фустан 300 и нешто денари го начекав и тоа С број али многу е растеглив матерјалот и убаво паѓа мислам дека не ни беше за трудници ама уште си го носам барем за искачање од кола колку и да шириш нозе ништо нема да се види а со толкав стомак верувај и да сакаш со споени нозе да искочиш нема да можеш
Мене ми требаат класични пантолони, класични... Незнам дали ова е објаснувањето За на кошула и чевли.. Додека е потопло и додека меше е мало ќе комбинирам тоа што имам фустанчиња, ама за на есен мора да купам. Имам само 2 пара од Предходната бременост, минимум уште 2 ќе морам да земам.. Предлог?
Во Ваикики рамстор видов панталона црна баш како за на работа со кошула одозгора ќе ти заврши работа.
Zdravo kade mozam da najdam fustani za trudnica 6ti mesec so pogolemi velicini vo kumanovo, ako znae nekoj da mi pomogne utte odam za kumanovo
Женски ај предлог продавници кај да најдам фустани за венчавка, 7ми месец сум и огромна, нејкам да шијам ...
Јас сватив дека за нејзина венчавка бара Јас сега ќе правам за некој ден, си шијам, знаев дека нема да си најдам да купам по мој вкус
Нигде Освен два бутици за трудници и Ваикики во цела Мк ништо нема, а и во нив нема нешто баш избор, поготово за свечана облека. Единствено ако можеш да најдеш некое нетрудничко фустанче со широк крој што ќе те собира. Кој месец си?