7 миии , баш сум голема .. утре планирам во скопје да идам па затоа некој совет за продавници да не шетам многу да секако мислев нешто широко за труднички знам дека нема да најдам :/ Иначе да , за моја ништо спектакуларно , општина и 10 души најблиски на ручек ама пак мора нешто да се облече
Јас би барала во Зара или Манго, таму можеш да најдеш нешто класично и елегантно. Нешто вака можда?! Само малку можеш да го скратиш во должина. Отвори си на страните, разгледај си.
Еден мој совет за идните мами посебно вие што сте во поголемите месеци во зима. Ви требаат најмногу 2 пара труднички хеланки, 2 пара фармерки и хулахопки. Друго се може да си купувате не-трудничко, барем со сегашнава 'мода' на oversized кошули, јакни, фустани и џемпери Дома може да си поминете со тренерките на сопругот
Ова ако не одиш на работа или ако можеш да се облекуваш кежуал за на работа. Јас мора да носам офис облека, а во пуста наша државичка носат по некој заостанат модел или во вајкики се е 3хл, па нема шанса да најдам нешто нормално. Предходно имав летна бременост па бев во фустани, а сега веќе ми студи за секој ден по фустан.. Вчера им пишав на Nena Exclusive Maternity, хеланки 750 ден +150 достава Имам 2 пара нормални пантолони за на работа од хм, неколку кошули, за зимава ќе комбинирам и со сако па ќе поминеме некако. Фармерки пред 2 години од вајкики 3 пара купив по 600 ден, сега скрос истите 1400 беа.. Па со прва бременост и два пара труднички пижами купив, лудила
сред 7ми месец и единственото трудничко што го имам купено се хеланки (кои уште ги немам облечено, старите си ги носам, спортски материјал и под стомак не ме стегаат) и хулахопки (и старите уште не ми сметаат). си го подновив гардероберот со 2 тесни фустани од зара од плетен/вискоза материјал кој супер се моделира на телото и се гледа дека се доволно растегливи за да ги носам до крај на бременост. за на работа сум претежно во широка сукња со ластик над стомак, ролка/блуза и сако или фустаниве и сако. должината е соодветна за на работа, до/под колено. според мене, купување трудничка облека се џабе фрлени пари. најдобра варијанта е да се најдат неколку нетруднички парчиња со добар растеглив материјал што ќе може да се носат и после бременост. инаку, ова е еден од фустаните (каивчето се вади):
Имаат страна некаде на фб или инста? Мене ми треба за карпош реон да ги најдам, хеланки ни за лек нема, видов само во ваикики ама не се добри и скапи се. Ако знаеш и други продавници за трудници те молам пиши.
Јас прашав во стрижанка буњаковец и античко, и на двете места ми рекоа дека немаат за бремени, само обични. Знаеш во која стрижанка може да ги има да ги побарам?
Одлично, ќе побарам. Дури ни во Кали немало денес. Во ваикики во аутлет исто така не... Голем град, многу трудници, дефицит на хеланкиии. Не е убаво така