И јас ги меркав, ама некако ептен лити ми стојат во материјалот... Јесда секако времево е за такви ама незнам, не би ги купила
И јас ги гледав ама боите ич не ми се по ќејф. Мене па некако нежен ми стои матријалот. Ама па што се разбирам јас од ткаенина...
Па и јас не дека ептен се разбирам, ама јас лично би се чувствувала како по пижами да шетам, дека и такви боите што викаш...
Јас искрено ништо убаво за трудници неможам да најдам, дали незнам кај да барам, дали ни е многу слаб изборот незнам, ама ќе да е второто имам купено до сега едни фармерки и хеланки, хеланките божем труднички ама неможам веќе да ги носам стега ластикот, а 6ти месец сум нема логика, фармерките и тие не се нај нај ама вршат работа... Искрено најголемиот дел од времето сум во дуксери обични од предходно што ми биле широки и доле хеланки најобични до под стомак ги Носам не ги кревам нагоре... Сега сакам фустанче да си купам ама и не барам трудничко, ова го меркам од New yorker... А сакам и блузичка со апликација бебе да си најдам ☺️
Синоќа добов на подарок маичка со кратки ракави, убава минт зелена, со бебенце долу, од ваикики, со многу ок цена
Јас земав два пара фармерки од Ваикики уште на почеток, ок се ама ми здосадија веќе. Сакам нешто ново, а плус гледам дека за кратко ќе почне да ме стега тоа парчето за околу стомак, некако многу е тесно... Тренерки гледав таму, ама се некои безвезе бои беа. Ќе одам денес да видам пак да не имаат нешто ново. Инаку и јас сум стално во некои пошироки дуксери, а баш сакам да си најдам нешто интересно...
Доле во ГТЦ до Шехерезада има бутик Премама, има се и сешто за трудници. Фармерки има на попуст по 500 денари.
Си купив oд sport vision сo пoлесен ластик oбични пoгoлемo еднo брojче тoп се. На ellesse се. Пoсле пoраѓаj ќе ги стеснам .
Waikiki, pred nekoj den gledav, ima bo poveke boi. Vo trudničkiot del, jas si kupiv helanki kako tie so se za vezbanje,trudnički, preubavi se
Си купив викендов тренерки од Ваикики, убави се, а многу намалени беа, 600 ден комплет. Малку се подебелки, ама ќе се носат сигурно докај Април. Хеланките не ги видов, а ми требаат. Ќе одам деновиве и со тоа да се опремам.
Девојки имам панталони за трудница бројот одговара на М 550 денари од Турција се купени како за поклон ги добив денес така да некоја ако сака нека ми пише порака инаку класични панталони се тесни надоле многу се убави и згодни за носење ама мене ми се кнап
Од Ваикики во Струмица, испрани ми се моментално. Ама само тој модел на труднички тренерки се, барем тука. Не можеш да ги утнеш.
Мене ме собра во обични купачи, не труднички. Си купив едноделни на адидас некако најмногу еластин имаа.