Takvi baram, imam jas takvi ednidelni od lisca, ama radi meseto gradnikot ne mi stoi ubavo. Od kaj gi zema adidasot?
Не од Мк, ама провери во спортските кај нас мора да има. Обични барај без градник оти ниедни не стојат убаво ако не се специјално за трудници и ако сакаш едноделни. Дводелни можеш да најдеш било каде. Ако одиш на одмор некаде кај што има Декатлон таму има купаќи специјално за трудници
А дали некаде низ Скопје наоѓате панталони како за на работа, освен фармерки, не би одела во хеланки, а ќе ми требаат баш во следниве 3 месеци, скоро влегувам во 6ти. До сега поминав со фустани цело време, ама ќе залади секако до декември.
Има во вајкики пантолони и исто и во бутик за трудници Ева. Ако имаш кој да ти донесе од h&m порачај си, јас и двете бремености ги истерав со 5 пара пантолони од таму.
Мамички знаете ли дали во стружанка има хеланки за трудници и ако сакате да ми препорачате некој бутик за трудници во скопје што не е во склоп на трговски бидејки не сум вакцинирана? Уште малку ке влезам во 7ми месец и скоро веќе ништо не ме собира од алиштава што ги имам
Во Буњаковец имаш тоа не е класичен трговски можеш таму да одиш. Долу кај камот Ева се вика бутикот има убави работи. Имаат и фб страна разгледај да видиш што се има, а мислам дека и можеш и на фб да порачаш со достава. И во ГТЦ долу после таа слаткарата има еден бутик (не знам како се вика).
Има, баш денеска хеланки земав 390 ден се. Имам од лани една пар и испаднаа топ. Тренерките ми ги покажаа 690 се тие ама здравје друг пат.
https://www.facebook.com/ButikZaTrudniciEva1/ Повели Бубче, некаде низ сликите прочитав за нарачки во инбокс дека доставуваат до дома.
Каде можам во Скопје(или да нарачам од друг град преку карго) да најдам маица од оние со натписи baby loading нешто во тој стил Сакам да изненадам блиска со таква маица
Не знам за Стружанка ама мене вчера ми стигнаа овие од бутикот во Буњаковец. Одлични се, 100% памук, и горниот дел е со опција за доење. Баш сега им правам сефте
Женски за после породување освен пижами, маички, градници за доење нешто друго треба од облека? И ако знае некоја каде можам да најдам постпородилен мидер? Треба да се носи, препорачливо е или нема врска?
За доење ништо не ти треба, само креваш маицата. Мидерот нема ама баш никаква врска. Пред некој ден познаничка ме караше зошто не сум носела мидер, требало барем месец дена после пораѓај да гого носам. Јас носев 3 дена, не ми беше удобно и го фрлив. Стомакот ми се врати во нормала, не ми е ни лабав, ни ми испаднаа цревата.
За пижами не знам али им Ништо не ти треба. Добро е да имаш блазници за во прслук да ги ставиш пошто ќе ти тече млеко, а за мидер ја земља носев обичен неколку дена и дали дека бев стегната не крварев многу, го тргнав и прокрварив далеку повеќе и више не ставив па си се вратив во нормала.
Дали некој има видено вакво нешто кај нас https://www.seraphine.com/eu/three-in-one-navy-blue-winter-maternity-parka/
Облека за трудници може да се начека и во кали шоп, јас цимав купено една трудничка маица, а се сеќавам дека имаше и пижами, ама како ќе начекаш.