Во она ева не се поефтини? Јас сакав од она ненаматернити да порачам ама исто ми се фаќаше со достава како да купам од ева.
@eli25 Исто и јас земав од Ева, катастрофа, стандард величини, никако не се облекуваат... Во DeFacto во Ист Гејт најдов дел облека, имаше хеланки, фармерки и пар маици. Фармерките беа супер за 799 денари.
Леле кажи. Јас имам слаби нозе, штом на моите не бива, не препорачувам. И тоа горе за истегнување ластикот на стомакот им е краток, не ми го покрива цел стомак. Ама неможев сеа таму хеланки да пробувам, си викаш хеланка е се приспособува , ама не е така .
Арно.ми кажавте. Јас подебелка сум така во нозете од остатокот од телото па да не тепам пат џабе до ева.
А и целулитот страшно се познава Почекај ваљда брзо ќе отворат х&м , јас киснам во двата пара што ги имам , околу 650-700 ми ги земаа, ако веруваш на два дена ги перам бојата е црна , нема мрднато. И многу се удобни.
Ако има некоја од Струмица може да каже како се викаше бутиков, се наоѓа на старата чаршија јас случајно залутав таму и имаат многу работи за трудници Жената ми даде и инстаграм, можеш и онлајн да порачуваш. Хеланки, фустанчиња, блузи, кошули се изнакупив од таму. Тренерките ги носам уште ептен квалитетни се покажаа. На чисто заборавив како се викаше
@Калатеа јас зедов од ваикики сити мол, 900 или 990 беше на попуст. Еве го (сорри во соблекувалната се сликав)
Леле бе, во сите Ваикики бев освен таму зошто се уморив, и ете ти Баш се убави и супер ти стојат, ќе тркнам утре ако има останато. @perlaa1 Фала ти, ако не биваат од Ваикики ќе нарачам нешто вака, иако малку ми се измешаа броевите за фармерки откако качив некое килце, страв ми е да не не се погодат.
Да не видела некоја од вас од маичките за трудници со бебиња што ѕиркаат Барав во ваикики не видов,знам таму имаше @eli25 и јас си ги земав вчера истите комбинизонки, баш комотни ми изгледаат