Земав едни сиви. Најкомотно ми е во тренерки. Имам уште еден пар дома. Кога ќе ми бидат на перење едните да ги носам другите.
За хеланки побарајте во Стружанка, околу 400 беа. Памукот е подобар него тој од Ваикики, само броевите се малку помали. Од Ваикико земав Хл, а од Стружанка 2Хл. Имаат црни и тегет, јас ги изнаносев.
Во стружанка има маички за трудници / некои широки памучни фустанчиња или за трудници има само хеланки?
Само хеланки, маици за доење по прерамки за одоздола и прслуци, тоа ми имаат понудено. Ги прашав дали кратки шорцеви ќе имаат, рекоа рано било.
Ќе има летни шарени широчки панталонки во ваикики за нас? Обично цело лето сум во такви, ама дали има за трудници не знам.
Кога почнавте со труднички долен дел? 9та недела сум, не ми се верува дека мешето ми е од бременоста сеуште,ем подувана сум цела и фармерките ме стегаат...
Јас со првото кога бев трудна само во ваикики имаше шорцеви. А во х&м има мн.убави , само за жал нема тука
Најдов во Де Факто во Ист Гејт, 399 денари, а земав и обични нетруднички од Њујоркер, XL и ме собраа кај стомакот, не стегаат ич, тие 350 беа.
Скроз на крај десно, ептен е напикана во ќош, кај долната облека што стои. Имаше и едни фармерки многу комотни и не беше грда бојата, 799 беа, подобри од Ваикики дефинитивно.
Во струмица освен ваикики облека за трудници има ли на друго место? Во ваикики ми нема некој избор или јас незнам што сакам