Вчера си купив фармерки за бремени од DeFacto во East Gate, беа 500 денари, а на каса ми ги наплатија 320 Вчера имаше само три останати, сите број 42. Мене ми беа малку поголеми, ама сепак океј. Инаку, во Ваикики приметив врз пониски цени лепат повисоки и после тоа веќе не сакав да гледам таму.
Ваикики со цените почнаа да се рамнат со Зара и слични такви. Претеруваат значи, особено во делот за трудници издувани цени како којзнае што да продаваат.
Дали некогаш имате порачано од Boutique Macedonia на Фб? https://www.facebook.com/boutiquemacedonia/ Гледам интересни модели на фустанчиња и Ок цена ама немам никогаш порачувано.
За фустани и туники лесна работа...Ама за од горе? Денес ладно,дува ветер и оп проблем,ништо не ми го собира мешето... Имам едно мантилче на преклоп ама преклопено и врзано личам како да имам облечено шаторски крило
Се надевам дека планот за од горе ќе ми се исполни да не купувам уште тоа. Имам 3-4 долги плетени џемпери, со надеж дека барем октомври ќе можи да ги носам. 2 палта со преклоп и врзување за понатаму. И една широка дебела јакна веќе за крајот. Ова доколку до крај одам на работа. Ако од било која причина продолжам со работа од дома или боледување, тогаш друг план ќе правиме. Засега воопшто не ми е голем стомакот, ама доколку следните недели се зголеми значително, па ќе мислиме одново.
Да ве известам во ваикики најдов труднички фармерки за 300 ден, не се тенки , летни таман се за зима.
Па супер, си се подновила. Јас ќе проверам денес во тоа Де Факто, некој нели спомна дека таму имало. Од Ваикики два пара имам од претходната бременост, едните ми се ептен погодени и комотни, другите ич.
Јас пробав да најдам труднички хеланки во H&M ама беа тенок материјал и проѕирни. Па најдов во одделот за вежбање многу убав материјал и без рабови, баш ги препорачувам.
Да , тука читав и јас дека имало во Де факто, али јас со моето повраќање не сум за големи места од каде што тешко се оди во тоалет и вака по помали места само шетам. Доста ми се овие што ги земав сега и од претходната бременост имам едни. Ќе ми требаат само тренерки за по дома, засега само едни ме собираат неќам да ги стискам бебињата ќе купам покомотни.
Јас тренерки и на работа си носам. Немам контакт со странки, само со колеги сум во канцеларија и не се замарам. Здравје кога ќе пораснат мешињата најудобно си е во тренерки. А барам веќе некое време такви уз тело фустани до колена и никако да најдам. Да не знаете кај има?
Ги знам тие од Сарита ама ми изгледаат многу долги и не знам колку се растегливи. Не ме носи пат натаму, секогаш доаѓам во Скопје со ограничено време. Инаку да во право си. Вчера жими во Калиопе најдов еден приближно на тоа што барам, ама сите се во филм со цените јас не знам што им е, 1990 ден беше, а ништо посебно.
4 фустани може и повеќе ќе купиш за истите пари ваму, претеруваат со цените. Никогаш не сум купувала нешто што е ептен скапо сега па кога знам дека би го носела само зимава ич.