Јаооооо морав да искоментирам, абе една трудница балетанки да носеше, на сите им ставиле 12ка штикли. Да да со стомак до брада на 12ка штикли како да не! Ги гледам на работа имаме постојано трудни ниедна не носи штикли, чат пат некои пониско, иако претходно во штикли биле постојано да не речам. Отекуваат стапалата. Тешка си, не ти е комотно, уште штикла фали. За одредени прилики ајде, ама секојдневно секако не. Или се пресмеав за сликава И ставиле јастуче-стомаче и ги кренала нозеве во вис. Да да. Претеризам се сликиве, најголемиот број слики за бремени се глупост. Не дека нема бремени згодни убави девојки дотерани, ама не со ташни огромни како на една слика погоре да им тежат од 10 кила, не со штикли 15ка, се гледа удобност и пријатност. На поголемиот дел од сликиве погоре не се бремeни девојките, со вештачки стомачиња се, тоа не се важи
^ Точно Роси. Јас порано не можев да се замислам без штикла, а сега сум постојано во ниско. Има многу причини за тоа: отекуваат стапалата, болки во грбот (а кога сум на штикла болките се уште поголеми), големи шанси за паѓање (пу пу не дај Боже) и повреди. Сепак, за висока штикла се одлучив само на почетокот на бременоста (кога беше веридбата). А втор пат до сега што сум облекла штикла беше на регистрацијата (ама ниска штикла). Незамисливо е со 10-15цм плус да шеташ на себе. Јас мислев дека нема да ми биде проблем, амааааа не било така. А за она за кревањето нозе Јас едвај ги кревам нозете да се качам по степеници, да си легнам во кревет, а вака да ги кренам ??? Нема шанси Ај да сликнам некое мое фустанче и да ставам реална облека за трудници.
да,да модели можат така да се облеЧат кога Ќе бидете трудниЧки со висок килограми Ќе ве прасам тогас дали Ќе можете стикли и вакви фустанЧинја да носите.екстра би било секој сака убаво ама нема ,неможе
Ме потсети на едни пријатели на моите. Си одат од кај нас, ни беа на гости, со мало бебе имаше 5 месеци малата. Женава запнала, јас ке ја носам малата оди ти пали ја колата, му вика на мажи и. А она со чизми на нозе, со огромна тенка штикла. Зимно време, со бунда на нејзе, малата у ќебенце свиткана, едвај гледа кај иде. Како што се качуваат по скалите за да излезат од двор, како се лизна незнам, и се скрши штиклата, па кога тресна на земја, падна со се бебето на скалите. Малото вриштеше ама среќа ништо не и беше, зошто беше наоблечено имаше и капа зимска на главчето, скафандер и добро што беше смоткана во ќебенце. На маж и му идеше да ја тресне од земја, инат жена Боже, Боже. Бог да чува! Никој не и е крив што она не дозволи да и помогне некој. Така да пазете се! Не дај Боже да се случи вакво нешто, после ни мода, ни облека ќе е битна.
Уште нешто... Инаку, секое парче го комбинирам со хеланки (црни, тегет, кафеави) бидејќи не можам да носам фармерки и панталони, многу ме стегаат.
Преубава облека имаш Блонд, навистина ми се допаѓаат сите парчиња. Многу сакам кошулки интересни за трудници. Кога јас ке бидам бремена, здравје, мислам дека само кошули ке си купувам Инаку мн ми се допаѓа кафената кошула и марамата-стварно е мн убава.
Зошто бе така мислите луѓе?!? Па сите мои другарки додека беа трудни си ја задржаа линијата, не дека ич не се поправија, ама беа далеку од дебели. Па си носеа и фустанчиња и хеланки и сукњи. Е сега штикли не носеа, ама овие комбинации можат да се комбинираат и со ниски обувки.
Иди у Беверли Хилс, на први кат лево (кога стоиш на Народен фронт), има повеќе бутици - све со ваква „широка“ мода. Не се специјални за трудници но знаеш модава денес каква е, се нешто широко се носи. Плус ќе си ги искористиш и после. Последно што видов пред месец дена донесоа нова есенска мода и имаа преубави парчиња а не многу скапи, до 1.000 денари (баш една трудна девојка си купуваше туника, затоа ми текна веднаш) А и нон стоп ја обновуваат робата. Инаку братучетка ми купуваше по бутиците во Буњаковец кога беше трудна али не знам точно во кои.
Денес е лесен изборот на алишта. Не мора да купувате по специјализирани продавници за трудници, бидејќи и во другите бутици има разновидна облека, која е во мода за обичните девојки, ама одговара и за бремените жени. Јас имам доста туники, широки маици и кошули кои си ги нарекувам `труднички`. Не е како порано, сега лесно се наоѓа убава, модерна облека...
Јас си најдов прекрасни џинс пантолони од Н&М прекрасни се а еве некои комбинации кои мене лиЧно мн ми се допагаат
За една прилика сакам долг фустан, па ако знаете да ми предложите некоја продавница со такви пролетни фустани....а и да ве прашам дали знаете некоја продавница за материјали/ штофови за шиење...веќе ништо не ме собира од долни делови а да купувам ми е прескапо...
Високо или не зависи од самата бременост и нормално од трудницата, јас сум крај на 7-ми, почеток на 8-ми, и ни еден ден не бев на пониско од 10 см . Немам никаков проблем, фала богу, супер ми е, си ги носам истите алишта, со тоа што докупив само нешто подолго и ептен уз тело, дека долги блузи, туники немав, дури и фармерките уште ме собираат, ама не сакам да го стегам стомакот... Најчесто сум во хеланки, неколку бои нели, хулахопки интересни, во разни бои, дезени, туники, џемперчиња, кошули подолги, тенки подолги блузички со сако, интересни колани, и високи чизми, над колена, и мислам дека супер изгледам Ова за на работа, инаку за домче, шеткање, гости, не се ограничувам, хеланки со тренерка, со дуксерче кратко уз тело, одоздола некоја маичка не многу долга (најбитно се ми е прилепено, не облакам ништо широко), патичиња на штикла, нели нормално Е сега, јас од почетокот до сега сум поправена неполни 4 кила, имам само стомаче, такво баш таман, а на другите места не сум мрдната, така да можам да си го терам истиот стил од порано, со мали модификации И многу сум среќна инаку ќе се мрднев мислам... ( се надевам нема да изненадам последниов период, мада премногу внимавам, па се надевам на уште максимум 2-3 кила, и тоа стрикно стомак ) Ај може ќе пуштам некое сликче во темата, мада се немам многу, па скоро ич сликано, ама ќе се најде нешто