Јас имам земено онлине едни хеланки лани и сега ги носам ептен се комотни и топли али никако да ја најдам сега страната. Ги имам гледано и на алиекспрес истите ако знае некој нека пише ќе си порачам и јас.
Мислам дека најизносени ќе ми бидат зимата ако ги најдам. Имам обични ама како што сум зимурлива ќе треба хулахопки па хеланки, а не можам сто слоја да трпам.
Ама мене многу ме стегаат овие. И најголем број 4 земав последно и вчера ги облеков, на крај ги исеков горе да ми се олабави стомакот Јас сакав да дојдам да прашам некои други да предложите да не има. Претходната бременост имаше едно дуќанче карши Рамстор, меѓу Мега фешн и Комерцијална и таму си купував, многу беа пријатни за носење. Овие на пенти ми сметаат. Незнам зимските како ќе бидат, ама овие сега 15 ден што ги носам ги искасапив
Јас дека поситна и помалиот број ми се големи и градите дури може да си ги приберам во нив хахахаха Ич не ми се допаѓа како ми стојат и затоа сум нонстоп во хеланки. Сега се мислам што да земам за излегување од болница по пораѓај, најверојатно ќе сум царски и се мислам дали да земам некои плетени пантолони со висок струк или некој плетен фустан? За фустан страв ми е како ќе облечам хулахопки на раната ако сум со царски
Мене сеуште стандардни ми чинат само поголем број, ама во Стокомак имам гледано за трудници дека има. Немам купено, да кажам за квалитет. Дополнително на Facebook, гледав во продавниците на Кали дека има многу работи за трудници. Можеби има и хулахопки.
И јас сум ситна ако може да се каже (165 со 50 кг бев пред бременост, со прслук 70 ,значи многу тесна), ама овие тешко ги поднесувам. Може па и дека многу сум осетлива особено на појасот под градите, незнам. А за од болница далеку ми е до Јануари, ама мислам туника со некои труднички хеланки најдобра варијанта за ладно време. За стокомак ич не ми текна. Ќе одам специјално да видам дали има и да ги пробам. А и за кали добро што мемпотсети баш ќе проверам. Инаку и јас имам едни лабави обични и дури и поудобни ми се од овие на пенти.
И во Васидора видете. Во мојот град баш има оддел со хулахопки, различни дебелини и големини. За други градови не знам како е со избор.
Епа веројатно не ги поднесуваш, осетлива си. Сега ми текна, во H&M имаш труднички хулахопки, пробај ги какви се.
Јас да ви кажам воопшто не давав пари за трудничка облека. Се искористив од она што имав. Купив само еден пар хеланки и панталони труднички и две три пошироки маици и толку. Најмногу инвестирав во големи гаки и сите до еден ги изнаносив. До 6ти месец носев нормални алишта. Веке во 7ми почнав нешто трхдничко и пошироко.
Гледав во мојов град, има некаде, ама сѐ уште не е стигната зимската роба. Повеќето ми рекоа "еј чекај ти, сега само што стаса есенската" и јас Во Зара ќе разгледам онлајн, Ваикики е крш, ништо не наоѓам, сѐ се партали. И едни плетени доколенки нарачав од Али. Ама ич ништо не ми стои. Со стомаков напрчен, ептен сум гревче. бар газево поголемко да ми беше
Одлично. Има во бисер дуќан прво таму ќе отидам. Не сум стигнала до ист гејт, тоа последн дестинација ќе ми биде
Го гледав и јас ова, ама кога ќе се крене со стомак нема да биде повеќе туника туку блуза. Евентуално на хеланки да се носи.
Дали фустанот е под колена и со долги ракави? И како си задоволна од материјалот? Светлите бои да не се проѕираат?