Види бутик Premamа мислам дека се викаше, најдолу во ГТЦ. Има преубави работи за трудници и доилки. Јас си купив траперки и ги изнаносив цела бременост, 800 денари се.
Здраво женски , дефинитивно после треба да одам да се подновам со гардероба па се мислам дали да фатам ист гејт ( за h&m , oysho онлајн како што видов нема достапни црни труднички класични, само ѕвонарки, Ваикики пред некоја недела не ме бендисаа ни фармерки, ни хеланки ) или стружанка. Стружанка ми е поблиску, немам нешто мн нерви за шетање и пробување гледам задоволни има многу од хеланките, не се проѕирни ? Убав материјал се ?
Ако одиш во H&M не оди во ист гејт туку подобро во дајмонд. Има повеќе избор на гардероба, има два рафта труднички фармерки и слично на попуст близу кај касите. Јас завчера земав нешто бидејќи апсолутно ништо не ме собира од долен дел облека. За стружанка немам искуство, ама планирам да видам што хеланки имаат.
Oysho ѕвонарките ти се исто како хеланките, скроз исти материјал само шо се долу широки. Јас ги имам и хеланките и ѕвонарките, ѕвонарките ги изнаносив ептен. И како хеланки, и како панталони на работа со блуза, кошула.
Стружанка хеланките се топ убав средно дебел материјал, растеглив. Се надевам уште дека ги продаваат јас лани ги купив. Во calzone платив 2000 за хеланки и тие беа убави ги износив ама скапи. Види и waikiki се наоѓа некогаш
Колку пари се хеланките во стружанка? Од h&m купив пантолони и фармерки ама скапи, искрено не се исплати за толку малку носење… ама веќе ништо не ме собира, морав да земам. Фустани од каде купувате? Така подебелки?
Фустани можеш од кај било плетени растегливи се немора од бутик за трудници, исто и кошули oversized во комбинација со фармерки од waikiki за трудници со ластик
За горен дел имам и кошули и блузи, такво не купувам, за надолу немав, ќе ги видам и хеланките од стружанка. Гледам и во тоа Ивет шоп има некои работи, ама какви се не знам не сум нарачувала. Во waikiki некако многу лити и тенки ми се видоа фармерките, овие што ги земав од h&m подебелки се.
https://www.facebook.com/share/p/BqoNGCA2fXVNV3cW/?mibextid=oFDknk Eve povelete link jas od ovde kupuvam po 2 pat eve za vtora bremenost,gornite delovi se prilagodlivi,se nosat i posle bremenost
Здраво, што е потребно за во болница да купам за Ноември-Декември, каде да најдам ноќници за тој период? Во државна болница ќе се пораѓам, и не во Скопје.
Обично даваат таму, кај и да се пораѓаш. Јас се мислам пижами со долги некои дали да си земам, а горната да е онаква на откопчување. За доење да е полесно.
Катастрофа е изборот, посебно ако ти треба некој посвечен. Јас цело време купувам регуларни кроеви, само поголем број. Синоќа бев на 9та свадба во последните три месеци, и морав 4 фустани да купувам периодов. Јас наоѓав во Oltre и Zara само, осми месец сум и богами со пораснат стомак. И така што си купував за на работа фустани, пак од таму. Котон во делот за трудници имаат едноставни, за на кафе или до некаде да одиш се супер.