Какви купаќи носевте бремени? Сте виделе ли во некоја продавница долен дел би сакала да земам да се такви повисоки како да бремени жени?
Јас не успеав да најдам и среќа што не земав топ поминав со обични бикини во 7ми месец. Мислам дека само потопло ке ми беше во купаќи со висок струк
Најобични дводелни или едноделни. Колку поголем стомакот, толку повеќе не можам да поднесам ништо со висок струк.
Јас бев денеска, имаше, ама некои во нозете широки многу, не ми се свигаше моделот. И јас треба да купам наскоро, се надевам ќе најдам некои нормални.
Има 2-3 врсти ама јас пак за 2 месеци не сакам да зимам со такво над стомак, си земав од тему сет како плетени тенки како тренерки, панталони со црно бели риги над стомак и фармерки со рамки...таман ќе можам и отпосле да си ги носам. Ако не се поправам многу.
Вчера шетав низ City Mall и малку разочарана сум што речиси никаде не најдов облека специјализирана за трудници. Во LC Waikiki имаше 2-3 модели фармерки и панталони што стоеа ултра лошо, и во Calzedonia имаше неколку модели хеланки, а јас пак висока сите модели долу кратки... Ако начекате некаде особено подолги хеланки пишете.
Само ваикики и нема баш некој избор. ХМ веќе не носат А за ојшо мислам дека само хеланки има. Ако има некое друго место кажувајте со едни панталони сум пери носи
Јас обично земав поголем број панталони/сукњи за летото, да имаат горе доле еластин за да се растегливи и со растеглив ластик и во фустани го поминав летото исто. Купив 3 пара труднички: 2 пара хеланки и 1 пар панталони, а и еден сет како плетен за сега. Хеланките од Стружанка не се многу растегливи ама горе доле ќе истерам, од тему хеланките и панталоните се солидни и сетот е океј, си имаш димензии. Си порачав еден пар фармерки со трегери од Тему за кога е поладно што ќе можам и отпосле да ги носам. Сега не планирам ништо оти очекувам во скоро време да се породам. Порастегливи работи барајте во New Yorker, De Facto, Waikiki или било кој бутик, за блузи и кошули можете да си земете било што со еластин или oversized евентуално crop top ако сте тој тип, плетени сетови/фустани за зима и отпосле ќе може да си ги носите.
Сега брзо земав фармерки и хеланки од бутик за трудници Ева во Буњаковец, ептен ми се погодија, а панталони имам начекано во Ваикики, црни.
Земав труднички фармерки и хеланки подебели од Ваикики и сум задоволна. Исто така од таму и поширока кошула земав и пери носи е. Имам потенки хеланки од Стружанка и тие се погодија. За периодов имам плетен комплет растеглив што не е труднички и пошироки фустани купени од Боди Лајн и ми се погодија.
Јас си земав три пара хеланки од Ваикики. Едни потенки, а два пара подебелки. Таква ми е градбата да нагоре сум ситна, ковчести раменици и немам големи гради, па горе си носам по некој широк џемпер или блузон или дуксер незакопчан…ко за дома… комоција. За излегување си носам од оние кашмирестите блузичиња со копчиња што се, само не ги закопчувам а од доле си носам памучна маица некоја убава мекана растеглива. Најчесто бела дека и со бели патики. Надолу сум поширока и се повеќе и повеќе се ширам. Во бутовите и газовите и нозете. Па затоа само хеланки купив повеќе пара. Некако фармерките ми се гледаа покрути па се откажав од нив. Некаде околу новогодишните празници ќе треба да купам пак некое парче, зошто ова до март додека дојде термин нема да не собира со мешлачево.