Што правите за капути и јакни за ова време? Се мислам дали да земам некој малку поголем капут или барем да можам да го заврзам над стомакот и колку толку да ме покрива, а зимските јакни што ги имам не можам веќе да ги закопчувам
Најдобро дебел шал зависи колку одиш пешки. Од паркинг до канцеларија ми е 10мин си викам за толку ли ќе купувам јакни капути
Искрено и јас се мислев за таа варијанта, и онака имам пар дебели марами шалови, само едно кратко капутче од New Yorker си земав, бидејќи ми беше преслатко, поголемо за еден број само што не се ни познава.
Градници за доилки за поголеми гради,Е корпи ? Последно пред 8години од mothercare земав. Ама ја затвориле продавницата во Рамстор.
Ова во 2021 имаше и јас сум големи гради,имаше и во интимисими ама не ми се даваа толку пари ,верувам дека има и сега големи
Зара посебно H&M знаат да имаат широки фустанчиња кога идат периоди на празници. Јас бев 9ти месец кога бев на свадба баш тој период и си најдов таму имаа иставено празнична колекција.
Препорачете ми удобни хеланки, зимно бебе ќе имам и тек почнувам да растам. Летово го поминав со широки блузи, ама сега за зимата не ми доаѓа на памет што да зимам освен хеланка и широки блузи.
Јас фармерки од Тему со трегери му се изнаносив, да не ослабев многу ќе си ги носев и сега породена. Исто земав и сет како тренерки и панталони труднички исто задоволително ги износив. Можеш да бараш работи со ликра, долги секојдневни фустанчиња. Од Стружанка носев хеланки колку за промена но не бев многу задоволна некако малку ликра и крут материјал.
Во фармерка ама ич не можам да се поднесам, не можам да трпам фармерка, кога не бев бремена едвај чекав да се соблечам. Само со хеланки функционирам, сакам ептен комотно да ми е. Ги имам гледано овие од Тему што се подебели ама не знам какви ќе ги погодам. Инаку освен лето, сите 3 сезони ги минам со хеланка.
Па добро дека се за трудници океј беа фармерките и со ликра. Ама кој како му е удобно имаш и друг избор не мора фармерки.
Oysho дефинитивно. Имаат најубави и квалитетни материјали и имаат maternity хеланки во различни бои и модели. Јас исто сум со зимско бебе и сега почнувам да растам па си земав два пара да имам како ќе заладува.
Исто и јас би ти препорачала H&M, сите фустанчиња кога бев трудна ми се од таму. Јас од Ваикики си имав купувано црни панталони со врвки за промена од хеланки.