Mислам т.е сигурна сум дека до сега ништо не сум фрлила освен ако не било многу уништено. Она што ми е мало го подарувам ако е добро сочувано. Се друго чувам. Имам чевли од пред 10 години уште ги носам. Имам фармерки исто од пред 10 години и тие ги носам. Носам блузи исто многу стари. Има некои парчиња кои еднаш-два пати сум ги носела, најчесто се парчиња кои сум ги купила за мерак на мајка ми или сум слушала друг совет не по своја глава, па тие и стојат во плакар. Од толку што чувам имам низ секој плакар дома алишта, дури почнав да ги губам и да неможам да ги најдам. Мене жал ми е да фрлам работи, се поврзувам со нив Мене жал ми е чорапи да фрлам, а камо ли фармерки или чевли, па срце ќе ме боли. Еве денес ми се потскинаа омилени фармерки, мислам дека ќе заплачев Ако не ми се носат некои чевли ова лето, не значи дека идното нема да ги носам. Еве дома се утепувам од барање на една тексас јакна, која ја немам носено едно 7-8 години ми била вајда демоде. Мора да ја најдам сигурно е тука некаде, се сетив на неа и ептен сакам да ја носам
Многу често ми се случува да ми помине кеф за некое парче облека. Ќе го облечам еднаш и потоа го зафрлувам некаде во регалот, па кога мајка ми ќе ме праша каде тие тоа и тоа и јас појма немам за што ми зборува, не се сеќавам ни дека сум го купила. Обично тоа ми се случува со фустанчиња кои ги носам за посвечани пригоди. Купувам на пример фустанче за НГ и тоа е тоа, само таа вечер го носам и толку. Сите работи кои не ги носам обично ги раздавам на луѓе на кои им се потребни и никогаш не жалам за тоа ако нешто што еднаш сум го облекла па сум го дала на некој, затоа што знам дека на друг му е попотребно отколку на мене. Никогаш не преправам облека и понекогаш знам да потрошам доста пари на нешто што ќе ми се допадне, но многу пати за многу евтини пари наоѓам одлични парчиња облека, не ми е важно дали е марка или не. Исто и за патики кои можам да ги носам подолго време би дала повеќе пари, а за штикли не. Мајка ми ми вели дека сум збесната. Често знам да речам дека немам што да облечам, но сепак знам колку и кога е доста.
Да да, ми се има случено и после многу ми е криво кога ќе немам што да облечам Тие парчиња ги чувам во шкаф за "подобри денови", а што се смалат и ги давам на помалата братучетка
Мене ми се случува за нешто откога ќе го купам и донесам дома да ми мине меракот ,а не пак за подолг период Што да правам таква сум Ако купам неколку маички летово пример,наредното ќе ми бидат за по дома....Мора да се има нешто ново Обично на она што ми минал меракот -особено обувки ,како балетанчиња и патичиња,ташни,-на мама и сестра ми пак секогаш им го прават меракот па завршуваат кај нив...Како помали им давав на помалите братучедки.....како и да е на секое парче облека и чевла кога -тогаш ќе им мине меракот Но некои парчиња можат и да се чуваат ,зашто гледате како се враќа модата,па би можеле да им послужат на нашите ќерки некогаш
Дефинитивно шалвари ги обозавав се додека не видов една сосетка и од тогаш ми се згрозија значи нон стоп ги носи а не и стојат па се прашував дали и јас така изгледам во нив и деф од тогаш ми помина меракот на шалвари
едно фустанче со риги еднаш го имам облечено незнам кај ми бил умот коа сум го купувала ќе го преправам нешо ќе му смислам
Имам две вакви марами дома сина со црно и црна со бело. И не ги купив скапо ги купив по 50 денари во Шутка
На облеката која ми мине меракот ја оставам во плакар да си чека нов сопственик , подоцна ја давам на братучетки
онаа од певекс,your boyfriend's t-shirt. многу во мода беше некако и ете,ја купив. еднаш ја носев и сега веќе преку глава ми е,неможам да ја гледам поздрави и бакнежи до сите
Облека? Јас во еден период се залетав по тоа панкот. Детиште, сега сфаќам дека имиџот е најмалку важен за тоа што го слушаш. Купив мартинки, искинати фармерки и неколку црни блуски со некој ,,јаки'' пораки. После криво ми беше за парите ама шта чеш, бидна. Се уште си носам по нешто од тоа. По нешто.