Тесна блуза со британското знаме ја облеков неколку пати и веќе не ја носам. Тогаш ми се допаѓаше ама од перењето се стесни и ептен ми е тесна а и оти е црна на ова жешко ќе се сварам. Имам друга со британското знаме кремаста малку поширока и поудобна, може ќе ја носам од септември.
Имаше еден син дуксер на излогот на една продавница и долго време го меркав. Дома окапав за тој дуксер. Најпосле го купив. Ми помина меракот и...
Една поширока портокалова маичка, со широки ракавчиња. Колку ми беше мерак кога ја купив. По две недели, да заклучив во шкаф и си стои и ден денешен.
Значи сум купила толку многу облека,ама Голден не е Голден ако после едно носење не ја погледне со очи. Има само неколку парчиња од облека што си ги носам ма колку и да се уништени јас ги носам.Затоа кога и да треба да купам нешто ново со мајка ми започнувам трета светска војна.
Ахх бе жени сите ли сме исти?? Цел куп работи имам за кои сум окапала дур сум ги купила и после едно носење јооок брате ги неЌам.. Или ги давам на браЧеда ми или онака ги Чувам демек мојт ке ги носам пак ама никако да дојт то време
За едно палто(од скај)..Тогаш на времето рокерско ми изгледаше. Океј и така изгледа уште ама тогаш ми беше убаво,а сега не.Ракавите му се долги(само прстите ми се гледат на раците) а кратко е на половината.Не е баш најнова мода.И кога го носам цело време ги дигам тоа ракавите ''Омразата'' ми се собра мината година
комунистички ѓаки .... порано ги утепував од носење, али ми пожутеа од толку носење дека бели беа и сеа на танги у боја се осфрнав!
Cesto mi se slucuva ova so cevli.. Mi pominuva merakot najmnogu koga kje pocnat da mi pravat zulevi, da mi gi pritiskaat prstite i da mi predizvikuvaat bolka. E togas pakuvanje i davanje na edno semejstvo vo selo.
Ова скоро секогаш ми се случува кога ќе купам некое шарено, цветно фустанче... Не носам вакви парчиња облека ама понекогаш ќе купам, особено ако е на попуст или пак ако сум изгубила волја за тоа што сум барала па колку да купам било што... Значи имам едно 5-6 цветни фустанчиња кои воопшто и ги немам облечено. Така сум ги купила импулсивно и после дома кога ги пробувам сфаќам дека личам или на девојче пред пубертет или на тетка и никако неможам да се видам ЈАС со фустанчето. Така да ќе ги купам онака колку да се рече и ќе смислувам со што и како да го носам, кога ќе дојдам дома и ќе го пробам пак како што сум замислувала сфаќам дека не е тоа тоа и ете ги стојат така. Сеуште необлечени, нечепнати, ама сеуште не се откажувам и не ги давам . Ја убедувам сестра ми да ги носи ама и нејзе не и се по ќеиф... Друго парче облека за која ми минал меракот немам. Секогаш купувам класични парчиња облека кои се безвременски и секогаш ми се допаѓаат додека нешто не застари...
Секогаш кога некој ќе се потруди да ме изненади со ново парче облека, секогаш завршува кај некој што ќе го носи. Мајка ми ми купи блуза со мече кое држи срце( цело со циркони), па уште ми вика оваа блуза преубава е за на факултет. Ја носев два пати за до кај тетка ми, ама планирам да ја поклонам. Нема смисла да ми стојат блузи што ги носам во плакар. Не сакам да чувам работи и многу ме иритираат луѓето што не сакаат да фрлат и секогаш имаат некој изговор за да не донираат или фрлат нешто.
Дали можеби знаете каде можам да ја продадам старата облека? на бит пазар негде,или можеби некоја продавница каде што откупуваат,оние second hand?