Фармерки скинати на колено, кога беа во мода си купив 5 пара сеа нема што да и правам веке не ми се интересни.
Купував порано кожни панталони и хеланки сега не знам што да им правам. Имам и штикли со превисока платформа и ми ги уништуваат стапалата, само два пати ги облеков и ете чекам да ги подарам
Шушкавци.. Порано многу сакав шушкавци, постојано купував различни, а сега не ги носам, ми се многу детски.. И понекогаш ми е криво бидејќи ги плаќав по 2-3 илјади еден, ама не ми се носат веќе..
Маици без ракави, тесни фармерки, кои патем не ми стојат на мојата градба, партали со светки, шушкавни ствари, спортска гардероба за преку ден, трнерки, хеланки, дуксери. А од обувки апостолки и поголемиот дел од чизмите.