Зависи како сум расположена Најчесто по фармерки или панталони, поретко сукњи...Горе обавезно кошулче или цакано блузиче, па за да не биде ептен спортски...А на нозе чевли,чизми или балетанки...Ретко и патики (кога многу ми се спие на сабајле и облекувам што ќе најдам)
Ах дрес кодот и еротиката низ средните училишта Резили , ни дадоја униформи и ги носевме само првите недели , чисто из досаде колку да бркаме мода и да се осетиме онака тинејџерски штознам Колку ли е невкусно кога без да сакаш погледот ти паѓа во нечие деколте , или во разголените колена на некое девојче , да не зборувам за голите мешиња кои сами знаете какви последици носат по здравјето .Високите потпетици , проѕирните маички со пулејки и разни светкави детали верувам се наменети за вечерни излегувања Во приватниот живот би рекла сакам да се облекувам провокативно, искрено да ! Ама не и за во школо Ало тоа е образовна институција не стриптиз бар!!! Не велам дека треба да се закопчаме до врат , ама ниту пак треба да носиме нешто што ќе откопча нечиј патент од силна ерекција
Работам во една поголема фирма каде што постои се и сешто од костумизирани девојки до спортски изглед на 35 годишни жени со патики. Иако најчесто во петок сите се поспортски облечени, што ми се допаѓа, во странство често постои таа практика во петок. Јас не сакам костуми или високи сукњи со кошули и штикла 10ка. Си носам тоа што ми се допаѓа од фармерки темни тесни, црни панталони или панталони кои гледам да не се пресветкави. А горе во глобала кошулки, џемперчиња, штосни блузички. На нога балетанка, гладијаторка, чевла со мала штикла, чизми ...се во зависност од годишното време. Висока сум 180 цм и не сум навикната преку ден да носам штикла висока, сепак тоа го оставам за посвечени пригоди и вечерни искачања, за на работа мала штикла. Не фурам преелегантен стил не сум ни тој тип, а и со 24 години не сакам како тетка да изгледам (не ме сваќајте погрешно сепак кога би се барало тоа од мене и би било задолжително би носела). мои фаворити
Таква ми е работата да баш фармерки и патики не одговараат да носам. Носам панталони, убави кошулчиња, блузички е сукња не носам. Вака за по чаршија ок ама на работа не, имам само машки колеги и тамн работа да почнам да се мувам по погонот за производство во сукња. Малку и ми е срам за на раб. штознам.
Си носам сукњи во примерна должина, паталони, кошулки, знам и фармерки да искобинирам со подолга кошула или штосно џемперче, штикли, летно време и балетанки. Како и да е, најважно ми е тоа да изгледа средено и согласно на работното место. За жал околу мене има и такви кои си доаѓаат со пола гради надвор, оние со вишок килограми не ми е баш пријатно да ги гледам во тесни парчиња облека... :geek:
јас работтам во канцеларија со двајца мажи па внимавам со сукњите иначе за на работа зависи, во лето фустани и сукњи над колена се разбира и широки никако залепени. ако немам некој состанок или ако не терба да излегувам сум си како денес во чизми фармерки ролка и џемпер додека во поннеделникот кога бев на пат и на состанок носев сукња до над колена тесна со кошула и сако и штикли нормално. инаку ролки и туники ми се дел од секојдневието, значи секој ден е различен и тоа ми го диктира начинот на облекување.
Нема dress code па најчесто одам во фармерки или поспортски панталони искомбинирани со кошулче, џемперче, во лето со памучни маички и што е најдобро не морам да носам штикли, па најчесто си одам во удобни рамни обувки или пак на ептен мала штикличка. Чат-пат облекувам и сукња или фустанче, со должина до колена и без длабоки деколтеа. Претходно работев во државна администрација и таму морав да сум поелегантна, ама не како теткица Мразам миничи, деколте до папок, сепак одиме на работа, а не на журка. п.с. Блонд полицајка си?
Најчесто се облекувам со црни панталони и некое блузиче или кошулче одозгора.Понекогаш носам и сукњи ама должина до колена никако кратка или некое фустанче.Искрено кај мене на работа постои дрес код, ама секогаш не го почитувам, поготово во делот за сандали летно време неможам а да не ги носам иако не се дозволени ама стварно не можам во затворени обувки летно време.
Работам во бутик и немаме униформа, така да изборот на облека си го правам зависно од расположението! Едноставни секојдневни фустанчиња искомбинирани со дебели (најчесто дезенирани) хулахопки, туники и хеланки, поретко фармерки и блузи, панталони... Секогаш сум со удобни чизми кои имаат помала штикла и во последно време ставам почесто некоја марама!
Многу се нервирам кога изгледам како да ме исфрлила поплава, а ќе излезе некој непредвиден или заборавен состанок Денес воопшто не ми се допаѓа како сум облечена, па уште косата не ми е миена, и излезе некој коктел што го заборавив. И сега не знам дали да одам да се облечам, ама немам време да мијам коса - значи не ми менува многу, да не одам на коктелот, или да одам ваква каква што сум, па да се срамам Или да се убедам сама себе дека не е страшно
Ариел, ако ти се наоѓа малку бебешка пудра стави на косата да ја упие маснотијата, собери ја да изгледа педантно, пудричка на лицето и оди на коктелот. Кој не се нашол во таква ситуација
За моја голема среќа dress code-от каде што работам не е толку строг како во институции слични на онаа во која работам, па дозволена ми е и спортса елеганција. Најчесто сум во панталони, со кошулче или блуска, врз која носам или ролка, или најобични класични џемперчиња, секогаш со штикли т.е. салонки. Толку ми се широки и долги сите панталони, што би изгледала смешно во балетанки а и повеќе се издолжува ногата на штикла Во зима, обожавам да носам волнени фустани или сукњи со чизми, коса најобично врзана во репче или пак пристојно исфенирана. Должината на сукњите е дозволена до коленици. Се случува некоја да ми избега со по некој сантиметар над коленици но се е во граница на нормала, не смеам и не сакам да си дозволам да изгледам непристојно на работа. Стилот ми е токму ваков и ко за беља и денес носам нешто многу слично Во последно време се облекувам во некојси „јавачки“ стил, со тесни панталони, обични рамни чизми врз нив, кошулче и сако врз кошулата или пак широко долго џемперче. Кога имам побитни состаноци омилен избор ми се класичните бизнис црни фустани до коленици, со обична салонка.
имам многу тиролчиња кошулки и интересни комбинации за на работа но штета што неможам да ги носам затоа што имаме униформи и сме цело време спорски облечени. така да до работа одам со фармерче и некоја маичка. баш ми жал
бидејки некое време сум во потрага по работно место, почесто одам на интервјуа, во компанија се знае кошулка и сако, а во помалите фирми некое волнено џемперче со фармеки и чизми здравје кога ке се вработам не би ми било проблем да носам сако и елегантни панталони со кошулка ако има кодекс на облекување а ако има униформа би било супер. дефинитивно сум против длабоки деколтеа, кратки сукњички на работно место-ми изгледа провокативно па дури и вулгарно.
Најчесто панталони, црни имам неколку модела, ѕвон, цевка, помалку, повеќе тесни, неколку пара кафеави, сиви, крем, тегет, и комбинирам најчесто со кошулка, бела, црна, виолетова, тегет, и одозгора блузичка во в израз, на еден попуст си изнакупив 10 за 10 фунти, во сите бои ...и тие ми се најомилени комбинации...исто елечиња имам неколку, цевка панталони комбинирам со подолги кошули и каиш на средина, ѕвонот со кошулки кратки и блузички, со елеченцата, сакоа комбинирам со се... и така....сукња сега си купив, многу убава баш ко што сакам, ама уште не сум ја облекла, не сум навикната на ,,бизнис сукњи,, па да ја сварам првин јас идејата па после ќе ја облечам Инаку немаме дрес код официјално, ама постојат општо прифатени правила кои скоро сите ги почитуваме....ништо строго, само пристојно