Ако кодексот дозволува фармерки: Денес нешто ме фати манија да барам фустани за на работа Покласично:
Носам елегантна едноставна облека, избегнувам преупадлива. Не носам претесно, сепак тоа што го работам не личи да носам стегната облека.
Повеќето од нас кои работат секојдневно се соочуваат со тоа како да се облечат за на работа. Јас конкретно сум пониска, и изгледам многу детинесто, додека работата ми бара сериозен изглед и пристап, што не ми беше убаво сфатено, и тоа резултираше со тоа што несериозно ме гледаат и ме сфаќаат, и никој мене не ми се обраќаше. И стојам зад тоа, дека на работа тоа е дел од впечатокот, иако не верував, и наивно сметав дека способностите и личноста се најбитни. До сега си дозволив 2 лапсузи на оваа тема, од проста причина што работната околина не ми дозволува многу дотерување, и дојде тим на посета, вика и каде е "назив на професија", а тука стојам јас по фармерки, маиче, патики, и коса во којнско опавче врзана. Катастрофа и срамота. Погрдо не сум се осетила. Неколку пати излегов да си купам сако, патоломи и сукња посериозни, но се нервирам тука ништо нема да ми е сосема точно, се ми е скоро големо, па импровизирам со тоа што имам. Не ми се дава пари, оти пресмешно изгледам, а морам да имам нешто такво. Елегантно, и ненападно а средено. За секој ден, комбинирам фармерки, елечиња, кошули, и слично, штики во шкафчето имам убавезно, но за позначајна пригода немам нешто елегантно.
Oбично сум со панталонки искомбинирани со џемперче и кошула,или марама.Носам штикли ама со средна големина,а и балетанки за на пролет .Имам едни чевли од Бијана,кои се на мала платформа,со каивче и повисочка штикла-10 цм,неверојатно се удобни,и често ги носам и нив,баш даваат бизнис изглед Сукња обично носам на есен или пролет со подебели хулахопки,немам навика да носам сукња со месо боја хулахопки и сако.Иако(за жал морам ) носам и бизнис ташна-не знам како да ја наречам-за вакво нешто отприлика зборувам Спојлер ,многу реко се облекувам во сако и панталони,нешто како женски костум.Едноставно не е мој тип,а и какви се имам видено за на работа,особено за државна институција,да се запрепастиш .Во приватниве фирми,мислам дека не се запазува тој дрес код многу.Јас кога се вработив се потресував дека ќе мора костуми да носам,ама повеќето се млади и горе долу така се облекуваат,плус панталони со џемперче,кошулка ми е пријатна комбинација и секогаш средена. Е сега воопшто не е убаво да се разголиш,со кратка сукња ,деколте-зошто имам гледано и такви.Последен пат бев ваква кога видов -и тоа во јака државна институција девојка во канцеларија со црни хеланки,кафеава туника,нешто како елече одозгора со тигрест дезен и рамни чизмички за на шетање Не сфаќам,колку невкусно.
Убаи предлози A eве барајки кежуал стил за на работа ми извади многу вакви слики Да да со минич на работа секако Па после шефот ми се пуштал, е ќе се пушта...
Облекувањето за на работа секако зависи од работното место. Секој кој во текот на денот се сретнува со клиенти мора да внимава на имиџот, а оние кои работат во „позадина“ може да носат и покежаул варијанта. Прочитав на нет дека во Google вработените може и во пижами да одат на работа , буквално! Мене лично невкусно ми изгледа премногу длабоко деколте, прекуси здолништа, несоодветни дезени (па, според мене, желбата мажите да ве доживуваат како тигрица треба да си ја оставите за после работа), премногу тесна облека, премногу високи потпетици, нападна шминка... За жал, едно чудо жени кај нас не прават разлика меѓу дневна (деловна) и вечерна шминка, а на работа одат како што би отишле на вечера во добар ресторан или како за на свадба .
^ премн. секси како за на работа, се исцртуваат облините Ми се допаѓаат комбинациите што ги оставиле росоњерка. Иначе на раб. кога почнав се облекував како девојче, фармерки и патики, некои безврска комбинации. Сега почнав да сфаќам дека ако не се облекувам како што бара работното место, никој нема да ме сфати сериозно и луѓето ќе рипаат преку мене. Избегнувам многу тесни алишта, сукњите и фустаните не смеат да ми бидат пократки од околу 5цм над колената, а маички на прерамки никако не доаѓаат во предвид, ако над нив не се носи нешто друго (маици со подебели прерамки може ). На нозе носам балетанки, или чизми зимно време, рамни. Фармерки и панталони со кошулка или со подолга маичка и почесто ствари што ми го прекриваат барем пола задник, никако гол стомак, голи гради, гол грб. И нормално, малку шминка и средена коса. (фала богу дека се случува некој ден и без врска да отидам, поготово у оние женските денови па тогаш се затворам во канцеларија, никој да не ме гледа )
За на работа многу ми е криво што немаме униформи или барем некој кодекс за облекување зошто така барем би ми било многу полесно секое утро кога се припремам и ќе ми заштеди многу време и пари во животов. Како и да е, се облекувам според расположението, некогаш по класично, некогаш премногу обично и секојдневно, но дефинитивно гардеробата која ми е за на работа не ми е за излегување и обратно. Секогаш гледам тоа да не е премногу нападна облека или разголена, кратки сукњички, премногу отворени деколтеа и патики. Најчесто сум облечена во фармерки и кошула, доле балетанки или чизми, избегнувам работи кои ме оцртуваат, носам секојдневна шминка и секогаш средена коса и нокти. Некогаш кога ќе се погледнам во огледало се чувствувам како да губам од сериозноста со некој изглед (најчесто во лето кога поради времето се носат поразголени алишта), но среќа позицијата и не бара многу директни контакти со луѓе, седам на "скришно" место каде што не се гледам многу многу, плус сега носам наочари и одма се менува впечатокот. Спојлер
Морам кошула,класика панталони,штикла,за балетанките промрчеа иако сеуште си носам ,никако над колена сукња,деколте,на прерамки ништо,фустан со кратки ракави да е,ако е ладно сако или капут,никако јакна!,хулахопки без дезен,маичка никаква не е дозволено. Најнов дрес код кој ни стигна на меил неодамна,иако и досега беше вака,ама имавме некои опуштени варијанти.Отсега не .
кога пред некои две-три недели видов две жени како беа облечени за на работа-дали одеа или се вракаа незнам се изненадив многу-носеа премногу кратки сукњички, а тие ни срам ни перде и така си се појавуваат на работа каде со тој памет не е ова журка па ај ке откријам што повеке, да го добијам тоа што го сакам и после колегите не ги тргнувале очите од нив па нормално машко е машко се знае што е кодекс на облекување и треба да се почитува во фирма/институција, државна приватна сеедно.
Како се облекувате/би сакале да се облекувате за на работа? Кој е вашиот префериран изглед за на работа? Спојлер Јас кога би работела во некоја компанија би се облекувала со кошули, панталони од оние со висок струк или пак оние кои кај колковите се пошироки. Исто така би сакала да носам и некои интересни фустанчиња. Едвај чекам да почнам да правам комбинации за работа. Еве неколку мои омилени комбинации:
Astibo, Макпримат, Stilissimo, Bella, OVS можеш да најдеш нешто можеби и во Котон..Други продавници моментално не ми текнуваат, но провери во овие, сигурно ќе најдеш нешто
Еве некои женски совети кои што ќе ви помогнат да игледате соодветно на работното место: -не носете претесна или преширока облека -не носете предлабоко деколте -не ставајте нападна шминка и јак парфем -изберете соодветни обувки -не носете прекратки здолништа -не носете премногну модни додатоци -изберете соодветна чанта според професијата -не носете мајчки со натписи и искинати фармерки -носете секогаш испеглани и чисти алишта - не носете дреч и прозирна облека За мажите важи истото дека: -треба да носите чиста и испеглана облека. -не треба да користете прејак парфем -не ги истакнувајте тетоважите доколку ги имате -не користете накит -избегнувајте мајци со натписи и искинати панталони (*значи да напоменам зависно од работата која ја имате,кодексот на облекување е различен)