Се вработив во амбуланта и најчесто сум прва смена како доктор.. па облекувам фармерки( не кинати), блузе затворено и чизмички или чевли некои, а во сабота бидејки рабоотам само 4 часа и онака е релаксирано, се случува и патики да облечам црни или кафени или крем ниски со чо спортска варијанта на блузе а косата ми е секогаш собрана и антибактериска пудра со водоотпорна маскара и карминче не многу нападно.
Јас имам униформа за нагоре, кошула бела и елече црно. Надолу носам фармерки, панталони, некогаш сукња до колена... Во главно тоа.
Јас на работа никогаш немам носено штикли. Постојано носам патики или чизми, како и кога нормално се облекувам. Другите се облекуваат покласично, а јас прилично "edgy". До сега никој не ми има коментирано ништо, дури и ме прашувале од каде ми се некои парчиња облека. Се надевам дека така и ќе си продолжи... бидејќи воопшто не сакам да правам компромис во тоашто сакам да носам. Патем, работам на факултет.
Јас до сега имам работено како демонстратор на факултет и во приватниот сектор и обично се облекувам исто како и за секојдневно излегување - кежуал, обично црно, бело, сиво... патики или чевли на платформа. За шминка, некогаш ако лицето ми се чисто воопшто не се шминкам, некогаш целосно се шминкам... зависи од расположението.
Панталони/фармерки во темна боја, кошула, џемпер, сако, ниски обувки или на мала дебела штикла. Внимавам да не се делам од останатите
Тоа што ќе го облечам гледам пред се да ми биде удобно. Конкретно сега овој период носам темни фармерки со висок струк, во комбинација со кошулка и чизмички. Ако е поладничко знам да облечам и дебела плетена блузичка. Исто така обожавам да носам и елеци, некако ептен ми го надополнуваат стајлингот, крзените посебно. Нема да ги изоствам и марамите знаат да допринесат за подобар изглед ако знаеш како да ги комбинираш. Носам и панталони, но поретко. Фустани само ако имаат убава пристојна должина, но и нив не ги носам многу често.
Ние на работа, имаме Етички кодекс, и неможеме да се облекуваме било како. Сукња до колена, штикли (шпиц салонки), горе некоја убава кошулка. Несмееме летно време бретели, несмееме миничи, и со голи стомачиња (Што е нормално), институција е не е кафуле. Ние имавме и состанок на работа за тоа.