Еднаш спомнавме нешто во смисла колку облека треба да има човек кој оди на работа. За себе ќе кажам, имало периоди кога повеќе купував па имав по 8 пара фармерки и панталони заедно, блузи, маици во различни бои и комбинирав. Денес се сведувам на нешто помалку облека, но немам во сите бои, туку гледам да биде ускладено, да си одговараат боите, да делува облеката посериозно, впрочем годините тоа го бараат. Во смисла за работа, носам црно, тегет, такви некои коминации, со сакоа. Вие?
Го почитувам деловниот кодекс на облекување не заради годините туку од почит кон професијата, колегите, клиентите и пред се како почит кон себе си. Имам комфорна облека која ми служи само за на работа. По работа соблекувам и се облекувам како ми одговара.
Униформа рулс! На двете претходни работни места имав униформи кои се состоеја од кошули со логото, а долу црна сукња или пантолони. Сега сама си креирав униформа. Ем не се замарам што ќе облечам, ем сум претставителна пред клиентите, ем облеката ми трае повеќе.
Униформа,која уникатно си ја одбрав,па прва сум во мојот град со таква униформа и такви клопми.битно децата таква ме распознаваат и не бегаат од мене
Имам униформа, но отсекогаш сум го сакала деловниот дрес-код Копнеам да работам некаде каде ќе можan да се облекувам поделовно но во мој стил
Најпрактично е да се има униформа, нема да се замараме секој ден со комбинации за на работа, ама бидејќи јас немам униформа, си осмислувам комбинации во согласност со природата на работата, а сепак во мој стил.
Фала богу имам униформа Шала на страна, униформата ја сметам за предност. Не мора да мислам секој ден што би облекла па дали е складно па дали одговара па да треба да купувам работи само за на работа. Униформата ми се состои од црни панталони, црна кошула (со кратки или долги ракави) со логото на фирмата, марама наместо машна, пуловер за ладните денови и плус кондури што исто не ги купувам сама туку има неколку модели од фирмата да си избереш. Имам по 10 пара панталони и кошули така да еднаш неделно ги пеглам и сум спремна за цела недела. Еден чист и испеглан комплет чувам во шкафот на работа за секој случај
Баш стана и си отиде? Кошула и суќња или костим е прилично стандардна облека за многу канцелариски професии. Може типот е манијак и кретен, не го знам и не ми е гајле, и можеби сељачки се изразил, јас би се навредила од зборот "ваква", ама за сукња ( или пантолони) кошула и сако, освен ако не е некоја кежуал фирма ( оваа ваљда е с.ање фирма), се подразбира и очекува. Едно е некој да ви рече дојди во сукња над колена, струкирана кошула и штикли 12цм, друго е општо сукња и кошула и сако. Јас не би одела во фармерки на интервју, пантолони да, освен ако е некаде во производство во фабрика. Настрана што овој е психо. *Модератор: Дискусија преместена од Преварантски фирми, каде да НЕ се вработиме
Фирмите/Институциите кои очекуваат и имаат дрес-код, обезбедуваат униформи за своите вработени. Сите други (искрено ова е одлика на балканскиот менталитет, вода у очи немаш ама битно си дотеран), а особено за плата од тристаевра секако не може да очекуваат да се дотерувам. Само кај нас плата се троши на облека и чевли. Секогаш носам фармерки, не памтам кога сум облекла фустан или сукња, панталони воопшто немам и мислам дека е крајно време да се ослободиме од такви баналности од типот кој како е облечен. Вчера бев во банка, службеничката носеше фармерки (толку успеав да видам) ама битно ми беше што ми заврши работа, а не што носела. Сум работела во разно-разно фирми, и тука и по Европа, ама како ние што се замараме никој не се замара.
Ако ти немаш пантолони и сукња и фустан, не значи дека и другите немаат или дека треба по фармерки да одат секаде. Читајте пред да реплицирате. Јас зборував за ИНТЕРВЈУ. На интервју е глупаво по фармерки, освен ако одиш во млекара , или трафика да работиш. Во ревизорска куќа или адвокатска канцеларија, едноставно ќе се дисквалификуваш. Јас имам доста фармерки, и иако работам по униформа, до работа одам и со фармерки. Ама НА ИНТЕРВЈУ нема да одам така. Ти терај како сакаш... јас на пример адвокат во издрапани фармерки, нема да го ангажирам. Ти слободно , ама баш како сакаш, облекувај се. Мене не ми пречи и впрочем, не ми е ни гајле искрено.
Глупаво е да, ама само ако фармерките се искинати. Јас такви фармерки не купувам, зашто ни до продавница не би излегла од срам. Ама нормална фармерка, не гледам зошто е лошо да се носи на интервју. И јас да сум работодавец, многу поважно ќе ми биде колку кандидатот има стручно знаење и способности, отколку како е облечен. Зашто од невработено лице не можам да очекувам да има пари да се расфрла за да биде облечено според некој очекуван дрес-код.
Црешке, пантолони чинат колку и фармерки. За интервју за програмер, фармерки не се проблем. За во адвокатска канцеларија хмммм, би рекла боље е нешто друго. Во Холандија нема да те вработат како наставник, ако се појавиш предотеран. Едноставно ќе мислат дека нема да сакаш со децата во кал или песок да влезеш. Ама за паблик рилешјнс, поинаку треба да си облечен. Се разбира дека знаењето и искуството се први. Ама и облеката нешто кажува. Затоа и носиме униформи, нели?
Во светот ниту слика во СV не се става зошто не е важна личноста туку искуството и образованието. Што ќе ти е адвокат професионално облечен ако незнае да те одбрани.
Да, ама фармерките ќе ги носиш секојдневно, па дури и на интервју. А панталоните ќе треба дополнително да ги купиш, ако немаш. Еве јас тргнувам од себе. Носам фармерки. Најпријатно се чувствувам во нив. Пред некоја година поради одредена прилика си купив панталони. Сега на интервју ќе имам што да облечам. Ама да треба сега да ги купам, како што немам пари, а ни моите немаат одвишок за да ми дадат, сакала нејќела и со фармерки би отишла.
Факт е дека некои работодавачи кај нас претеруваат со барања. На пример, за работа во банка сигурно секоја однапред е свесена дека имаат дрес кодови, па ќе доаѓа и на работа и на интервју скоцкана. Ама за производство во фабрика, сигурно нема така да работиш, па пак може да ти влијае облеката на интервју за да не те одберат. Баш поради тоа и јас секогаш на секое интервју одев по панталони и кошули, нашминкана, скоцкана, затоа што не сакам баш изгледот од сите работи да влијае да не ме вработат. Сега на работа секој ден по фармерки идам, па никому ништо. Зависи до работното место, ама тоа го гледам како минимизирање ризик. А дека за продавачки на каса бараат да има одело, возачка, сертификати за 3 странски јазика, магистерска диплома и донирано лев бубрег, бараат.
Јас те разбирам. Најсериозно. Само сакав совет да дадам , пред да ми го искасапат првиот пост. Но ајде, можеби грешам, иако сум била на доста интервјуа. Кој како мисли, така нека прави.
Довролно е кандидадтот да е чист, уреден и да има нормално однесување и стручност. Фармерки конкретно со кошула и сако може да делуваат многу попорофесионлано околку суќна претесна, која го дефинира газот и маица која цицките ги истакнува во прв план ( ова за женско зборувам), односно да не делува вулгарно, непрофесионално и слично. Ниту пак долги нокти накви канџи не се прерочауваатм средени да, ама канџа ала кардашиан не, и фризура и шминка умерена ненападна.