Да ама тоа е е сосема друго. Тоа е виртуелна мрежа во која реално можеш да се претставиш како сакаш. Можеш да кажеш дека имаш своја фирма и да имаш 500 контакти а никој од нив да не те познава. Затоа се става слика, се со цел да се стекне поголема доверба. Кога одиш на интревју, прво се проверуваат препораките па после те викаат. Немаш ни слика ни години. Зошто тоа е совршен начин за дискриминација. Довербата ја стекнуваш на лице место.
Се сложувам. Ама девојката горе што ми реплицираше не знам баш дали е приврзаник на сако и кошула. Можеби е, не знам...повеќе мислам дека кежуал сакаат да одат ама кежуал во смисол исто и за во банка и за во бутик.
Јас се согласувам со Дентина, за жал... Има правила на облекување и фармерки никаде не влегуваат во деловна гардероба. Има места кај што може да поминат, може после колку сакаш на работа да ги носиш, ама на интервју не им е место. Никој не вика дека панталоните мора да бидат строго дел од одело, ниту да бидат кој знае какви. Може да бидат некои кои лесно би поминале во покежуал комбинации, па да си ги износиш ваму-таму. Можеш да позајмиш од некој макар и само за интервјуто. Ако ја сфаќаш озбилно работата - ќе го сфатиш озбилно и интервјуто. Почни да се спремаш за него уште пред да аплицираш. ЈБГ... И костум сум трчала да купувам за бизнис формал работна околина... Ич не ми беше забавно, ама кога бара позицијата... Нема сега оти работам од дома во пижами да се појавам на состанок - па што, јас така најудобно се чувствувам, плус дома сум. Нека си ја мислат.
Ако видиш адвокат во фармерки, патики и кошула знај дека тој адвокат ќе ти заврши работа, тој не седи во канцеларија 8 часа, туку трча по институции и општини, постојано е во движење, дали состаноци со странки, дали рочишта итн., а во фармерка и патики е заради удобност, во одело и кондури е ако нема во тоа време толку работа па седи во канцеларија, или ако треба пред ТВ да даде интервју/изјави и слично, и претежно неформално се разликуваат адвокатите по носењето на облеката во зависност која област ја работат, тие што работат кривични и прекршични предмети, деловно право (со фирми), се во одело, додека тие што работат граѓански предмети (имотни односи, семејно, наследно, облигационо, платни налози, работни односи, управно право итн.) се по опуштено облечено претежно фармерка, кошула, и кондура или по класични патики (патика-кондура како што се вика)
Реално, некој дрес код има за секаде. Конкретно за фармерките, мислам дека можеш да изгледаш бизнис кежуал и со фармерка и покласична кошула или сако, ако се прикладни фармерките. Не скината фармерка. За добар дел од канцелариските работи бизнис кежуал за интервју е сосема доволно. Според мене, треба да изгледаш соодветно на позицијата за која аплицираш. Не ги знам сите дрес кодови во светот, ама поприлично сум сигурна дека и со суќња и кошула, или пантолони и кошула да си, пак треба да ги избереш такви така што оставаш пристоен впечаток. Оти и со сукњи и кошули за канцелариска работа ми доаѓале на интервју и не оставале добар впечаток од аспект гардероба. А немојте да се лажете дека не оставатe впечаток со гардеробата на интервјуа. Инаку, дрескод на работа е ок, ама не е дрес код сукња и кошула само. Треба да се знае каква сукња, која должина, каква кошула. Горе од тој и јас би избегала ко попарена заради речникот. Едит: Ми дојде на интервју девојче со фармерки во потемна боја, без ништо на нив, бела кошула класична и сако. Изгледаше поприлично добро, па ако немате веќе избор, носете барем класични фармерки без апликации, без избледувања, нескинати или не знам какви. И со сандали на интервју да не идете.
Искинати фармерки, или некои раперски фармерки, или патики за кошарка да тоа е ептен крајно несериозно кон професијата, во право си за тоа. Јас мислев за нормална класична фармерка, или панталони што се панталони ама не класични, патики класично, кои повеќе делуваат на кондури, и кошула обавезно, сако зависи но претежно се носи, али тоа е небитно дали јакна или сако, тоа е за секојдневие сепак да се биде истовремено репрезентативен, првиот впечаток да биде коректен, сепак пред институциите треба изгледот да има карактер, а и пред странки да им покажеш дека работиш а сепак прилично да се изгледа, важен е изгледот во адвокатурата.
Јас хостеса кога работев, од униформа ни дадоа маици со крагњи/јаки, а надолу требаше или пантолони црни, сиви или тегет или сукња до колена во истите бои. И никој не се бунтоваше, кој имаше ок, кој немаше си купи пошо кратеа од плата за одење по фармерки. А да не зборувам колку невкусно изгледа во институција, а несоодветно облечени. Да, битно е да ти заврши работа, но битен е и впечатокот кој го оставаш. И на пракса кога одев од факс си купив облека соодветна на институцијата, ми беше срам да одам по фармерки, а сите во костими беа. Сега, од аспект на работодавач им давам униформи на работниците, а јас кога работам сум во униформа работничка, но кога одам по фирми со клиенти во кошула и пантолони.
Дечки, без навреда ама со муабетов измислувате топла вода Сите знаеме во нашата бранша кој е дрес кодот, уште пред да излеземе од факултетските клупи. Тие што планираат да градат кариера во финасии или право, точно знаат во каква гардероба треба да инвестираат. Јас што имам дипломирано пред повеќе од десет години, еве уште немам класично сако, за панталони па да не правиме муабет Другарка ми што студираше право уште пред да си ја земе дипломата веќе имаше спремен комплет во гардероберот.
Под институции не подразбирам само и исклучиво места каде што движат адвокати/судии. И зборувам исклучиво за моето искуство, како на пример амбасади, училишта и градинкк (приватни и државни), општина, банка, пошта и слично. Ако носам фармерки не се по дифолт издрпани. На интервјуа сум одела исклучиво во фармерки, работам повеќе од петнаесет години, ниту еднаш не сум била дискриминирана по однос на тоа како сум облечена (за среќа). Сум интервјуирала стотици кандидати, не сум ги дискриминирала затоа што носеле фармерки (нивна среќа). Во моментов работам во фирма која на светски ниво вработува над 300 илјади луѓе (не е фабрика, не е млекара, не е производство). Шефот над шефовите денес носеше фармерки и кошула, чисто, пристојно и далеку од издрпано. Затоа кажав, некаде постои дрес-код, ама најчесто е непотребен. Ама не затоа што јас така сакам, туку затоа што е реално многу непрактично и непрагматично жена адвокат на пример во штикли и сукња да трча по судови, клиенти и да цепа хулахопки. Така се носат затоа што тоа е единствениот начин да се покаже престиж. А фактот е дека просечната плата е 400 евра и дека со тие пари не може да се задоволат чудните и смешни захтеви на работодавачите да се носи одреден тип облека. Затоа се обезбедуват униформи.
Генерално се сложувам со ова гор напишано, ама еве, адвокатка светски позната Амал Клуни ,дури и за на работа, била средена барем на фотки од папараци, костим и штикла. Ете таа оди по судови во неудобна облека за мене и за тебе, претпоставувам дури и пред да го сретне сопругот и' славен, така правела. Ајде дури и суперстарови во професии да не спомнуваме. Знам дека Џобс нон стоп бил во ролка, Гејтс ефемерно му е , како и на многу други. Јас ти верувам дека 'суприм бос' бил скроз кежуал. Не мислам дека лажеш. Но еве лично ако и давам совет на ќерка ми, еден ден кога ќе оди на интервју, пре би и рекла да биде 'overstated' на интервју, отколку како за на прошетка во шума. Притоа не мислам на миничи, фустани уз тело или деколтеа...не знам дали ме разбираш. Не ги ценам лугето според облеката, но облеката кажува нешто за тој што ја носи, некоја порака праќа на интервју, пак спомнувам...за кежуал фрајдеј, ако не среќава клиенти и по тренерки ако сака некој нека дојде во некоја си фирма, немам против. Јас секако униформа носам.
Се сложувам, ама мислам дека некако штом се спомне фармерка, ти искача шума пред очи, не знам зашто Но реално, за фармерка да изгледа ептен профи доволно ти е сако и добра кондура на пример, и тоа како може да биде впечатливо. Не се сложувам со споредбите со Амал Клуни. Изгледа не си била во Основен Суд I или Општина Центар или Град Скопје или Катастар или слична институција. Одма ќе заборавиш на дрес-код и ќе ти помине желбата за дотерување Тоа е нашата реалност.
На првото работно место можев да се облечам како сакам. Немав директен контакт со луѓе, само по телефон. Тие колеги што доаѓаа во канцеларијата беа сите облечени по свој вкус. Одев и во тренерки и во фармерки. На второто работно место уште пред да почнам ми напоменаа да си обезбедам црни панталони и штикли, црвен лак, шминка и средена коса да имам. Од таму ми дадоа кошула и марама. Тоа беше униформата. Сега на ова работно место каде што сум се облекувам како сакам.
Јас сум била двапати дискриминирана на интервју за обувки, не за облека. Првиот пат беше во некоја (после разбрав сумљива фирма) во голем снег. Интервјуто го правеше еден средновечен шеф што ми најде замерка на моите чизми - рамни, без штикла. Имаше повеќе девојки на интервјуто и тој ме даде за пример дека не е во ред така за на работа, тогаш не реков ништо. Помина тоа ништо, по некое време пак ми ѕвонат, тој истиот и ме вика на интервју, јас се чудев што му е, ама сфатив дека немат систем за кандидати и дека не знаат што праат и немат поимн дека сум била. Му реков дека сум била веќе и не сум заинтересирана за таква работа и во таква атмосфера. Вториот пат беше во реномирана скопска фирма (јака со маркетинг, за работа како што слушам не баш),таму имав интервју со газдарицата и со вработена во Човечки. Газдарицата беше многу коректна и разговараше за квалификации и вештини, девојката ме праша зошто не сум во штикли, туку во оксфордки чевли,газдарицата и рече дека тоа сеа и не е важно за интервјуто, подоцна за работа да. И првиот и вториот пат, воопшто не ми беа замерките релевантни, имајќи предвид работините места и дека не ми беше баш битно дали ќе ме вработат или не. Сега работам во странска фирма каде има бизнис кежуал дрес код, прифатливи се пристојни фармерки, никој не бара штикли и никој не носи. Се согласувам дека таму каде што се бара официјален дрес код треба да се почитува, ама некое полуписмено исфрустрирано човече што спроведува кастинг за ескорт (излезе афера после) да ми коментира за чизми, мало морген.
Работам со странки и во услови каде што не личи да бидеме подотерани. Ама сите скоро со патики одиме , некако не можам цел ден седната на штикла.. исто мразам кошулки па маички терам секако гледам да се што поедноставни да не личам на дете или да не се многу разголени. Инаку за официјален дрес код никој не спомнал .
На рецепција. Потенцираа и за црвен кармин, ама не ставаа другите, па ни јас. Кажуваа каква боја на коса не смееме, накит никаков и рамни обувки никако.