1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека за на училиште

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rozy, 13 декември 2011.

  1. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Бикогаш не одам со нешто мини,кратко..сукња,фустани такви работи
    Секогаш на училиште со некоја маица,кожна јакна нешто такво 8)
    А понекогаш морам да ја носам униформата(кога е зима-џемперот со кратката маица,а може и ролка или ншето одоздола ако мнооогу студи-а на крајот од учебната година(крајот на април,мај) доволно е униформата со кратки ракави)но понекогаш и носам и маица со кратки ракави и така :$
    не носам хеланки,а непријатно ми е кога гледам некој шо...ќе цитирам eliesaab шо кажа погоре ;)
    ’’со кои се им се оцртува,мислам ме разбравте што сакам да кажам’’
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Само без минич, деколтиња, прејаки шминки, фризури.
    Имав една соученичка, ама баш ^ вака се облекуваше, секој ден. :x
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Lolo5, ohana и sweet-star им се допаѓа ова.
  4. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Имаме униформи.. Само фармерки менувам и носам мартинки. За косата ја носам некогаш во плетенка, во пунџа и пуштена скоро секогаш. За шминка на школо понекогаш ставам римел и туш, ама многу ретко.
     
    На Lolo5 и Tumblr им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Немам што да додадам, се си е кажано :up:
     
    На Lolo5 и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Јас за на училиште обично носам панталони или фармерки,кошули,понекогаш суќни,фустани многу ретко,хеланки не носам.Блузи и маици без деколте ,не претесни.
    Не носам шорцеви или блузи со гол грб или стомак,ниту пак миничи и штикли.Тоа ми е невкусно за на училиште.Според мене и тренерки и хеланки не треба да се носат ,бидејќи се знае,тоа е облека за спорт,за дома,а не за на училиште. :^) Немам ништо против накит,но да биде минимален,а не кога ќе видам некои ко елки накитени. |( Шминкање може,но не како за на свадба.
    Еве и некои слики:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tejdi-lejdi

    tejdi-lejdi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    26
    фармерки,маички,хеланки,тренерки,униформа но тоа многу ретко :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Најчесто носам фармерки со блуза (носам и со без една рамка или пократка ама пак не е разголена сепак јас такви носам..) дуксери во зимо, кратки панталони од пролетта па жешко е.. (иако било забрането |( како да не ) сукња никогаш не носам и не само во школо никаден :) исто така и тренерки не носам, мразам и тесни буквално залепени блузи за во школо да ми се оцртуваат...ии накитот да не го заборавам :D носам во однос на тоа со што ми одговара
     
  9. TheItGirl

    TheItGirl Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Не сум класичниот пример за обелкување на училитште (Комбинација: фармерки, блуза, патики) , ниту пак како оние кои сакат да привлечат само внимание (Комбинација: Ултра тесна и кратка сукња, подотворено деколте, кожа боја хулахопки. Некоја златна средина. :lol:

    Најчесто носам тесни панталони во боја, некои убави кошули со убав дезен или пошироки ракави, блузички со инетересна апликација или дезен, подолги џемперчиња со подолги ракави или касично џемперче, сукњички кои се три прста над коленото, фустанчиња. Некогаш знам да носам и хеланки искомбинирани со туника.
    Ретко кога знам да ставам парче накит, не сум таков тип.
     
    На Lolo5 и glosipgirl им се допаѓа ова.
  10. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    Па преферирам вака нешто...[​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
    А НЕ ГИ ОПРАВДУВАМ ТИЕ ШТО ОДАТ ВАКА [​IMG] [​IMG] :^) :^) За во школо?Не фала па дури дел од га*от им се гледа |( |(
    со извинение
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Во основно одевме со сукнички, фустанчиња кој како сака. Сега во средно имаме униформа и само менуваме фармерки или панталонки. А за сукни или куси панталони несмееш да помислиш не пак така да се облечеш во нашето училиште. Тоа јас го сметам за добра страна. Но сепак си фантазирам понекогаш колку би било убаво да се облекуваме како во филмовите. За девојчињата убави сукнични ни многу долги ни многу кратки и некоја убава кошулка. И за машките некои убави панталони и кошулка, но сепак тоа е Македонија. :)
     
    На Lolo5 и sara3 им се допаѓа ова.
  12. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    ^^ Само што сакав да го напишам истово :) мислам дека кај нас никогаш ова нема да се реализира.
     
    На Lolo5 и leighton23 им се допаѓа ова.
  13. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    За на училиште носам фармерки обавезно(многу ми е глупаво да отидам во тренерки),некоја убава спортска маичка,кошулче со балетанки но се тоа да биде до одредена граница да изгледам како за училиште а не како за испаѓање!! Сукња никогаш ама никогаш не би облекла затоа што мислам дека навистина не е за на училиште!!! ;) Деколтирани маички,кратки пантолони -ТРЕБА ДА СЕ ЗАБРАНИ СО ЗАКОН !!!!!!!!!!!!!!!!
    Еве на пример:
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      20,7 KB
      Прегледи:
      396
    На Lolo5, cresa-jagoda и Dog-lover им се допаѓа ова.
  14. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    според мене најдобро е фармерки маички туника дуксерки па и тренерки
     
  15. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    Во тренерки одам на училиште кога им спорт,инаку секојдневно сум во фармерки,патики и некоја блуза,дуксерка,џемпер или пак маичка...а на зима носам исто,но долу се разбира чизми и тие не се на штикла,нормално...не одам да се корзирам таму,одам да учам...дури и професорките не се дотеруваат толку,јас паметна ќе се најдам така да се облекувам,штикли,деколте,шминка ти реков ми рече-тоа нема шанси.
     
    На Lolo5 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    Уште од петто - шесто одделение обрнувам внимание на облеката за на училиште. Таа ми помага да се чувствувам убаво и самоуверено, верувале или не, дури и кога станува збор за оценки. Ете, најчесто носам хеланки (со принт или впечатлив крој), маичка/блузичка и џемперче/болеро/елек. Си ставам и аксесоари: вратоврски, венчиња, но ретко накит. Всушност, од накит само носам бројаница (алка) и евентуано слатко прстенче. Омилена школска комбинација ми е: црни фармерки, кошула, крем џемперче со црни, бели и црвени срциња, црвено венче со машничка и - црвена карирана вратоврска. Десетина пати имам облечено сукничка (2-3 цм над колена) со хулахопки или фустанче со хеланки. Кога имам физичко, секако носам тренерки и патики и врзана коса.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Кај нас нема униформи, па затоа секој носи што сака освен што се забранети кратки панталони и блузи без ракави :) Јас секогаш носам фармерки или панталони и некоја блуза :)
     
  18. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Па во нашето школо немаме униформи па секој облекува што сака..
    Јас за на училиште преферирам фармерки,патики(или чизми ако е студено, нормално) , со дуксерки,блузи,маички..во пролет кога ќе се затопли носам понекогаш балетанки со фармерки со кошула..
    А познавам едно девојче(соученичка) што кога беше топло носеше кратки фустанчиња,кошули со откриен стомак... :o :o и таа е ‚‚најјаката фаца" во класот |(
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Кај мене во школо ништо не е забрането ама заменик директорот многу вика кога ќе види некој во кракти панталони безразлика дали се под колената или до било каде, и машките ги кара за тоа. Исто и за непристојни блузи, апостолки, сандали, блузи на рамки.. и така натаму. Мене ми е непристојно да отидам на школо во сандали, апостолки, хеланки, блуза без рамки или на тенки рамки .. итн. Или пак во чизми со висока штикли 10 сантиметари или полна пета, никако! Иако имам 2 пара хеланки кои се како фармерки и ги носам некохаш. А онака обични хеланки не никогаш. Ич не сакам блуз без рамки или на тенки рамки ако облечам освен што е непристојно јас не се осеќам убаво. Затоа се знае за школо што е патки, чизми, присотјни блузи, фармерки, дуксерка, џемперче ..
     
  20. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Кога имам физичко, си носам тренерки, најчесто два пати во неделата е тоа.А останатите си носам пантолони или фармерки со униформа,а кога не беше морално да се носи униформа си носев дуксерки, блузи, кошулки :)За на нозе патики или чизми.