Фармерки и блузи па може и нешто одозгора некое елече ако е ладничко,дуксер..доле патики,во зима чизмички,на пролет понекогаш балетанки.Ретко носам некоја кошулка,посекојдневна. Фустани и сукња,никако,само за сведителства можеби хаха Тренерки неносам,само еднаш се договоривме цело одд да носиме и тогаш само Хеланки порано носев,сега се здебелив и неносам хаха. Ланчиња,алки такви ствари неставам,тоа носам за родендени и такви пригоди.. А има девојчиња многу се дотеруваат,ланчиња и алки натрупани,деколтирани блузи,шорцеви на лето..мислиш па на модна писта се. Тоа е тоа,најубаво униформи,сега нешто се збори кај нас во школо догодина можеби ќе имаме..јас искрено и сакам и некјам униформи.Сакам,нема да биде више школото модна писта хаха.Нејкам,мислам дека немам кај да ги носам алиштата што ги имам хахаха
Униформа (маица и џемпер за во зима,мора и двете,а кога е потопло само маицата) и фармерки,панталони.Кај мене униформата мора да се носи.
Ми се допадна ова размислување, бидејќи ти си оригинално модесто девојче, согласно твоите години. Јас не можам да се изначудам на девојчиња од основно и од средно кои одат во школо како тетки, со шминка и црвен кармин, и дотерани, а што е најтрагично после истата облека и навечер за петок и сабота си ја носат за у град.Ама тоа е тоа.
За на училиште се носат мајци односно блузи,фармерки односно панталони или хеланки...со чизми,балтанки,сандали или штознам. Тоа може да се комбинира со нежен накит. Јас неможам веќе да комбинирам така,униформи имаме.
Најсоодветна облека за на школо е униформа. Во основно немавме, а во средно само џабе парите ги дадовме, никој не носеше... па и на факултет истото, униформата за некој настан ја облекувавме само. Доколку не се носи униформа, облеката треба да биде едноставна, чиста и удобна. Кратки шорцеви, фустанчиња, разголени маички не се за на школо.
Според мене треба униформа затоа што некои девојчиња не заат до каде им е границата. Накитени со алки и ланчиња,деколтиња,прекратки шорцеви и претесни фармерки,мислиш на свадба одат На ништо не личи тоа. Но не само девојчињата има и наставнички што многу неприкладно се облекуваат за на работа. За децата ај униформи ама за наставничкиве не знам...
Памтам кога бев средно имав една професорка,значи навистина не знаеше каде и е границата. Доаѓаше со мини суќнички и деколтиња.Ама тоа суќните не знам дали би ги нарекла суќни,па како парталче да завиткала околку неа.Како не и беше срам,не ми е јасно? Уште пак кога ќе седнеше со расчепени нозе.Носеше мидер за да си го затегне салото,сакаше да се споредува со нас.Одвратна ми беше и онака еднаш на глас искоментирав,а таа само ја наведна главата. Не ми беше јасно само едно нешто,дали одеше да предава или пак одеше во јавна куќа?
За на школо се знае фармерки/панталони и блуза или секојдневна кошула. На нозите патики, чизми во зима и балентанки. Суќните, кратките панталони носете ги за дома, а тренерките исто за дома или физичко. На мене ми е одвратко пред наставници да се шетам во кратки панталони и блузи со гол стомак. Еве пред некој ден баш ја убидов разликата, беше на час по математика и две ученички истовремено решаваа задачи на таблата една до друга. И едната: патики, фармерки, блуза, џемперче, коса соберена и врзана, другата: чевли со полна висока пета, куси панталони, блуза со гол стомак. И личи ли така за на школо? Како да ќе оди на базент.
Реално за на училиште треба да се биде облечен пристојно , а најубаво е кога училиштето има своја униформа и учениците треба да бидат сите облечени во исто , посебна облека за машките а посебна облека за женските . Додека ова со кратки панталони , сукњи или голи стомаци е некако недолично Значи ова важи и за во основно и за во средно образование .
Во моето училиште нема униформи Затоа мора да се облекуваме како сакамее Јас во овој стил најмногу се облекувам..
Најубаво е да се има униформи..Изглеа кај нас од септември ќе уведеле.Така е подобро Не некој ќе носи мајци а некој блузи од пазар..Неам јас против носење марки ама кај нас тие ги навредуваат посиромашните.Вака сите еднакви
Се знае дека на училиште треба да бидеме облечени пристојно. Маичка со ракави/блуза, џемпер, блузон, фармерки, тренерки/хеланки за Физичко и патики/чизми/балетанки. А има многу девојчиња, носат проѕирни маички/кошулки без боди под тоа. Во седум наутро ќе одат женските во диско, а не на школо. А секако дека ги има и оние кои со деколтето на маицата ги вртат сите машки. Или пак, кога ќе видиш девојче од 12 години на Физичко да носи кратки гаќички, дури и газот што ѝ се гледа, мора да се воздржеш да не повратиш.
Кај нас има униформи ама ретко кој ја носи така му стојат во плакарите, а што е најтрагичното ни на професорите не им е гајле. Инаку јас фармерки носам секогаш, неможам да ги трпам хеланките и нормално блуза со ракави и патики или балетанки.
Секогаш се облекувам пристојно ,а ич не ми се допаѓа летото кога одат да се запишуваат или по свидетелства носат претерано кратки панталони.Мислам,не личи.
Нонстоп фармеки и блуза,а не суќни робички фустанчиња рамбовки блузи како за излавање а не како за на школо.Толку сељачки и банално изгледа некој кога ќе дојде на училиште у кратки панталнони и маичка на која градите и салото и се гледа.