Баш пред некој ден правевме муабет за ова со една професорка. Секаде има такви девојчиња кои непристојно се облекуваат за на училиште. Смакнати фармерки, танга, кратка блузичка и си фураат. Ние имаме униформи ама кој да ги носи моделот ич не ми се свиѓа. А материјалот е катастрофа, избелен, растегнат. Јас би сакала да бидат обични бели кошулки со машна. Вакви некои. Само за горниот дел зборувам. И на пример машните за секоја година би можеле да бидат во разлика боја, пр. прва година да носат црвени, втора - портокалови, трета - сини, четврта - црни. Така ке се распознаваат учениците кој која година е.
Порано имавме униформи за во школо и скоро сите ги носеа, сега ретко кој ги носи - скоро никој. Кај нас во школо не сум приметила некој непристојно да се облекува, кратко, проѕирно итн. Меѓутоа, јас за во школо си носам фармерки, некоја блуза најнормална или маичка со дуксер, џемпер...зависи од времето секако, и патики
Фармерки, некоја блузичка и патики или чизми .. Тоа е тоа. Нема зошто да се комплицира работата. Кај нас за жал нема униформи, а баш сакам некоја кошулка и вратоврска. Ама ај, од септември
За на факултет носам фармерки или панталони, а за горе додека беше топло носев маички а зимото бидејќи не учевме заради времето, тие неколку пати што бев носев блузи, дуксери и капут.. Сега треба да идам да си купувам алишта чекам да ми завршат едни испити па да одам во Солун.. Иначе сакам да имаме униформи и ми се гади кога ќе видам (фала богу ги нема сега на факс.) некоја облечена како за пред мтв, а бидејќи завршив во средно кое што беше извор на провинцијалци кој што продале нива за да се запишат во Скопје секој ден ги гледав а пазарат од Шутка како гревчиња.. Затоа е подобро да се има униформа барем на изглед да се подобри
Ние немаме униформа, ама не претеруваме со облекувањето, си ја знаеме границата. Носиме тренерки, фармерки, блузички, дуксерки, понекогаш кошулчиња, хеланчиња со туники и така. Непристојно: Спојлер За мене и ова е непристојно, ако таа носи блуза со долги ракави, сепак не се оди на школо со штикли и мини сукња. И такви некои комбинации, навистина не изгледа пристојно, невкусно е. Се знае како се оди на школо.Може нешто вака: Спојлер Иако, за жал ние во нашиот град не сме напредни како училиштата во странство.Таму си има ред, а не нашиве наставнички, иако им е забрането да носат кратко, тоа не и смета на нашата наставничка. Фармерчиња и блузичка, кошули итн.
Зошто имам некое чувство дека ти ги мразиш провинцијалците? Не се тие луѓе? Или ти се повраќа од нив? И дали продале нива или не, не е работа на никој пошо има некои провинцијалци со пари, да не купат сите на темава заедно со тебе. Друго, тие што пазарат од Шутка гревчиња се? Тие што се? Бедни? За жалење? Не се луѓе? Епа не секој има пари да оди на шопинг во Солун, а и не гледам никаква потреба за да се фалиме со тоа, пошто сега Солун е многу евтин. Поевтин и од Скоје. ФАКТ!!! ако не ми веруваш прошетај у солун, па прошетај низ Скопје. Значи според мислењава ти лугето ги цениш и почитуваш според облеката. и тоа каде се рофени а не според тоа што имаат во себе. И да, за крај...јас колку што знам ти студираш во провинција...незнам што мајка бараш таму кога ти се поврака од провинцијалци
Фармерки и блуза или дуксер, некад тренерки...Не се китам за у школо, сепак тоа е ШКОЛО, не МОДНА РЕВИЈА.
За во училиште најчесто се облекувам во фармерки/панталони и блуза/маичка со дуксер или јакна, зависи од времето. Најчесто носам патики или чизми. Не сакам многу да се дотерувам за на школо. Највеќе ме нервира кога некои ќе дојдат во кратки панталони или минич. Па школо е ова бре, не дискотека.
За во школо се знае како се иде,со фармерки,дуксер/блуза и патики.Во средно (а и сега,на факултет) има девојчиња коишто секојдневно со штикли(и тоа високи,не некои ниски да кажеш),минич,отворено деколте,испонашминкани леле мајко,со некои си фризури доаѓаа Мислам ало,школо е,не е модна ревија
Фармерки и некоја блузичка или кошулка , хеланки и туника, патики , балетанки или високи потпетици со рамна пета а ако имам спорт се облекувам спортски
Ние имаме униформа за во школо. Маица тегет со црвена јака и тегет дуксерка.Ги носат скоро сите и затоа не се разликуваме многу еден од друг. Надолу, нормално фармерки или панталони
Се подразбира фармерки, пантолони, трењерки комбинирани со блузички и дускерки. За фустаните, кратките пантолончиња и деколтињата едно големо НЕ. :geek:
И за трењерки НЕ! Поточно не за долен дел тренерки..А горниот како дуксер може да се носи не е важно.. За мене трењерките се за по дома,трчање ова она...,ама за во школо не! Спојлер освен за физичко
Јас сум 6-то одделение и уште сега има такви голотии низ училиштето.Има и правила ама никој не ги практикува. На пр. -сукња над колена е забрането -забрането е да се гледаат голи рамења и сега тие чепли во школо рамбовки,маичка со еден ракав. има уште многу само пример сакам да ставам. Јас мислам дека тоа што определени ученици се облекуваат не е бидејќи така сакаат, туку само да привлечат внимание,или за некое машко. ,,Штом сум разголена, машките ќе ме сакаат'' мислам Во нашето училиште нема униформи така да сме склони кон тие глупости наречени,,нова мода“-,,нов стајлинг,, разголени прости*утки. Мене највече можете да ме видите облечена во фармерки и блуза и капут или јакна во зима, а во лето сега си купив 2 пара тенки панталони и маиче со кратки ракави и балетанки, а кога е многу жешко сандали. Носам и хеланки и дукс или туника Е сега ми е чудно тоа што несмеат да се носат сандали??? Разбирам за нозе , рамења, стомак гол не бидејќи маашките сешто помислуваат?? НО стапалата -прстите на нозе?? Каква убавина имаат тие ??? Ај ако може некој да ми објасни?
Коа ќе поминам низ некое средно у Скопјево се осеќам ко у дискотека да се разминувам. Па тоа не се знае кој кај тера дали во школо или да врти шеми низ центар Хеланки, миничи, шарени фустани, голи стомаци, тони шминка, обетки огромни, вештачки нокти долги два метра, абе што се пуваат незнам само. Јас да сум директор нема да ми стапнат во школо такви луѓе. Машки па со тренерки коа ќе видам и со кратки панталони на факултет и во школо коса ми се крева. Униформи му е мајката само, и тоа џемпери до врат и маички по кратки и фармерки долги. Претеризам е, после се жалат што имало педофили и мањаци од професори, па и јас да сум ќе ги мањачам. Се знае што е за во школо, фармерки или долги панталони по можност темни некако веселите бои и шаренилото не ми се за во школо, и нагоре кошули, џемперчиња, маички без деколте и во неутрални бои, накит не е потребен во школо освен некој саат, коса прибрана не да ти се мотка низ тетратка додека пишуваш и средени нокти, кратки, нормални во неутрална боја, не црвен коа ќе видам или некој дречав очи да истера, абе не е тоа за во школо не е. На нога се знае, патика, балетанка и чизма. Исто ми е глупаво во школо да се носи отворени сандали па макар и ниски, не е вкусно, тоа е образвона институција. Машките исто кошули, маички и џемпери, без хавајки кратки панталони и тренерки. Тренерка не ми е за во школо, тренерка е за по дома и за спортување, пешачење ова она. Не укажуваш почит кон професорите и институцијата коа ќе отидеш по тренерки, не личи едноставно. За факултет е друга приказна, има се и свашта, од миничи, деколтиња на тацна, штикла 15 и свадбарски фризури ама сами си се криви кога нема кодекс. Веќе како посериозни на факултет препорачувам да се носи штикла, ама секојдневна штикла, со мала штикличка, не платрофми и глупости. Нормално е на факултет да си по среден, да ги исфрлиш патиките и се тоа, па обувки на полна пета кои се секојдневни и неутрални во комбинацијата. Јас сум најчесто во фармерки или други панталони, секогаш долги, кошула и чевли на полна пета, чизми или евентуално балетанки. Умерен ненападен накит и прибрана коса. Повеќе можеш да си дозволиш на факултет, сепак е претеризам со фустани и изглед како во диско ама тоа ти, кој како го сфаќа местото каде што оди да се едуцира. Ги гледаш на факултет во исти алишта и после во диско со истите, па ај најди разлика сеа
Се сложувам со се! Косата прибрана а не како еден другар од клас,абе изгледа како напалено детише од основно,шишките на очи и мисли некоја си косица има и фраер е. СРАМОТА! Па и со спуштени фармерки газот им се гледа!Да да баш така идат,ај иди најди им ум! Луди години се да ама се си има граници што е некултурно,некултурно е!И професорите многу претеруваат стварно.Една професорка опнала штикла 15 ,може затоа што е ниска па комплекс и е тоа што е срамота ама ај.Друга па,на паркинг облекува штикли еј!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! не у кола на паркинг !!!!!!!! Јас ја подржувам идејата за униформи,најискрено!
Се согласувам се со мимс-89, само не за тоа за тренерки. Еве ја пример неможам утре у вторник да се пресоблачам за на физичко, едноставно немам време. Имам пр час и тоа отвараат салата 5 минути пред да почне часот, а на пуштаат 5 мин. пред да звони, еве лично јас за 5 минути неможам да се облечам, па да имам 5 минути да се качам до последен спрат.
Кај мене у средно кај што завршив, на прсти се броеја тие што изиграваа диско-кралици во школо, со нон-стоп облечени потпетици (си мислев и со нив спијат), наградби на коса, нокти, пудра желба да им стиснеш, вамп кралици на мегдан. Хавајки и апостолки, шорцеви и топови, сандали и римјанки, тренерки ко на џогинг да се оди, уште по собни папучи да се оди од лежерност. Гледам овие сега 1ва, 2ра година што сеуште си го тераат основскиот живот, знаете муабети дека 8мо биле главни во школо, и глумат краљица дискотека и во средно школо, а носот не знаат да го избришат што се вика. Тоа ѓердани обесени, шљашти во розе/зелени ултра светли бои, прстени, алки изнаредено Касандра не им е рамна. А за факултет сега, веќе се оди на баалски изглед, помина модата на диско-кралици која ја изживееаја во средно, па сега се оди на уште подраматичен изглед. Деколтиња до пупак, штикли 10ка, кога ги гледам накај факултет као штракаат со тоа штиклите штрас-штрус гордо крената глава и кога ќе се струполат од носот во ваздух што им е кренат, е моментот. Па и нека е факултет, и нека се полнолетни, има со лопата да ги ринеш тие што уште живеат средношколски пубертетски живот, па нека и 25 да имаат. Тие уште не знаат да се изразуваат ни да зборат на речник на кој доликува да говори еден вистински студент, битно нашминкани и пиц-пец дотерани. Јас и сега одам со патики на факс, патики и балетанки, и во зимно време чизми. Не сум облекла ни полна пета, ни висока потпетица, и не е мој стил да го носам тоа во образовна институција. А за оние `селебрити` на факс, поздрав девојки! Земјата е доле!
Јас пак, отсекогаш сум мразела тренерки за во школо. Не ми пречи воопшто ако некој носи, ама јас мразам да бидам облечена така. Ниту еднаш во животот немам отидено на школо во тренерки. И секако, пристојно облекување!
^ И јас мразам, ама морам. Само во вторник носам, или ептен ретко кога облечам врз фармерки на физичко, ама тогаш се чувствувам како да неможам да дишам.