абе униформа и чао пријатно! ни овој вака беше облечен ни оној онака! кај мене кога бев средно во 4та воведоја ама ништо немав шанса да си ја износам...
Обично, фармерчиња, блусче, дуксер, патики и тоа. Некогаш можам да облечам и туника и хеланки или пак туника и фармерки. Не одам многу дотерана за на школо. Штета што немаме униформи, а баш би скала...
Јас би почнала прво од професорите, од нив произлегува таа некоја искривена слика за како треба еден средношколец да се облекува, изгледа и однесува на училиште. Прво нека ги средат професориците што идат со црна мрежеста хулахопка врз бела танга, после нас. Други виновници се родителите. Кога ќе облечам нешто поразголено, мајка ми одма ме враќа и се знае дека таква од дома не смеам да излезам. Ама што ефект има и да се опомене некој за облеката кога утре ќе дојде мама или тато па ќе се заканува на професорот. Кодекс има, ама никој не го почитува и постапува според него. Униформи се воведуваат, ама за жал важат кратко време по нивното донесување и после сé се враќа на старо. Мене една униформа многу добро би ми дошла, ем нема секое сабајле нервози, а и времето за спремање ќе ми се скрати. Влијае и средината и те како, кај мене во школо никој не се облекува нешто посебно провокативно, туку има девојчиња што убаво се средуваат. Сум за да се оди на што поедноставна облека, ама тренерки не би облекла никогаш. Сукња сум носела во основно, кога бев помала, сега само панталони, најчесто фармерки. Ранец носев до прва година, а од тогаш поголема ташна за тетратки и папка за неколку книги. Косата ја средувам и имам минимална шминка. Не гледам ништо лошо во тоа да си среден за на училиште, се додека не се претера со тоа.
Абе луѓе што оти ќе се воведе униформа. Нели и кај нас воведоа униформи. Се носеа 2,3 месеци и толку. Им помина меракот на учениците и си почнаа по старо. Директорката се силеше само, дека кој не носи униформа ќе биде истеран од час. Си остана само на зборови. Никој не носеше. Сите си се дотеруваа како на кафе да тргнале, а не во школо. Од нашиот клас јас и една ученичка само ја носевме униформата. Татко ми беше член во училишиот одбор и постојано ми велеше да си ја носам униформата. Џабе ќе се воведе униформа и ќе се плати за неа, ако не биде задолжително нејзиното носење. Ќе ја поносат учениците првиот месец и после ќе ја фрлат. И ќе си почнат по старо.
Добро, ова за косата. Спојлер http://www.bakadar5.com/?p=1523 Го исфрлиле од школо, затоа што за на сликање косата и била во машна собрана, па ај молим ве. :смајли што се крсти:
Според мене е оправдано ова, сепак имале кодекс на облекување и „дотерување„ а и фризурава не доликува за мало девојче. Фризура за во школо уште од прво оделение, како да не, се знае репче и ај пријатно, шноли, пуфки и такви работи дома и на шетање, а во школо се знае што се прави, се учи, а не се изиграва размазена принцеза
Во основно си се облекував нормално, фармерки со некоја блузичка и така натаму. Ама имаше денови кога си носев од оние кратките фустанчиња, обично кога ќе се затоплеше и не гледам ништо лошо во тоа. Фустанче со сосема нормална должина според мене не е невкусно, кратки панталони секако дека се. На првиот ден од средно облеков за прв пат куси панталонки на хеланки до колена, мислев дека е прикладно ама сега кога се сетам . Но сепак само тогаш се облеков така и никогаш повеќе. Хеланки си носев ама само на туники и такви долги блузи. Штикли не сум носела никогаш на училиште, само патики, чизми и во потоплите денови балетанки. Шминка не сум ставала многу, само пудро и сјај. Иако имаше некои денови кога ставав така малку повеќе шминка ама воглавно само тоа. Кога одев наутро повеќе пати се успивав и каснев па шминка не ставав.
Зависи од расположението ама сигурно НЕМА да облечам фустан, кратки панталони или пак многу да се дотерувам. Фармерки, обична маичка , некогаш и тренерки , хеланки , туника . Тоа е за на училиште Косата најчесто фатена. Долу , патики , чизми или балетанки ( ниски ) . Ми се гади кога ги гледам девојчињата од шесто одделение како се дотеруваат за училиште, во разни фустани , миничи и кратки панталони идат. Незнам како ги пуштаат од дома такви Се знае, за на училиште најкратко до колена.
Надоле панталони,тренерки,хеланки и тоа по под коленатаа,а за на горе се само не корсети,а на нозите се само не пуна пета и штикли,и косата секогаш пристојно направена инако дома ке ме утепат мајка ми нај и пречи кога некои на школо продавааат мода.На пример кај нас носењето на фустани и сукни кратки панталони се смена за непристојно.Некои наставници и од часови падат односно само 1 наставник не паде. Па има кога да се дотеруваме не дошло баш за до школо ама некои пак носат е тие не да ме нервирааат.
Пристојно. Никогаш на школо не сум носела фустани или кратки панталони. Бидејќи многу од ученичките од 8одд. облекуваа фустани до г'з и штикли од по 7 сантима , направија униформи. Униформите ги носевме 2 месеци.
Незнаев кај да го ставам прашањето, па викам ај тука. Вакво утре ќе ги зимаме нели свидетелствата и после кидеме да шетаме до друштво. А у школо до сега неам носено никогаш кратки панталони, а времево као шо е жешко си викам утре да носам, далида носам сакав ваши мислења да видам. (Глупо е прашањето, али не м изамеравајте и јас сум плава де.)
Носи си слободно. Кај на овој пекол ќе издржиш во друго. И така, е е учебен ден, така да немаш гајле.
Памелче не се секирај воопшто. Ни јас не сакам да носам шорцеви на школо, ама земањето на сведителства не се паѓа како учебен ден. И јас исто носев шорцеви кога ги земав оценките кога завршив седмо
На факс одам во лежерни комбинации фармерки ,маиче , римјанки , балетанки итн ...А зимно време ми беше многу смешно кога ќе видам качени на 12ка чизми а надвор се лизга ли лизга а плус имавме оваа година и поларна зима , кичма ќе искрши ама битно на високо а и секако со 12-ка чизми обавезно до стомак деколте.Јас неможам да разберам секогаш ли мора деколте ?! Толку ли патат за внимание :/ , а и да имаат гради ајде а они со чорапи ги пунат ...Повеќето девојки со поголеми гради до негде имаат и некој срам а овие бре јок бре брате ....
^ Знам дека касно палам, ама мораше. Кај нас носеа миничи, еј големите цурии, а оние од седмо беа шта да ти причам. Последната ден беше тоа, а јас се скував во долги пантолони Е на земањето свидетелства и јас си носев кратки пантолони. (без штикли)
Секогаш сум во мајца фармерки и патики.. Ааа еве неколку примери .. http://www.youtube.com/watch?v=ynfUEPeV ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=fuL3mBbi ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Ttf9z_S3 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=MIIZZy-e ... re=related
farmerki trenerki helanki maichki bluzichki koshulki dukserici baletanki patiki cizmi rimjanski odprilika ova nosam.
Искрено да ви кажам, во основно носев се што ќе ми паднеше при рака. Од тренерки, до фармерки, шалвари, хеланки, па и летниве денови се идев со комбинезон во школо. Рамбовки, обични маици по кратки, џемперишта, блузи, елеци, нема што не сум носела, уствари ко ќе подразмислам само фустани, сукњи и апостолки (ова зборам за од 5то нагоре). Ама се ова со усул си го носев, не бев распашана команда. Деколтиња, минич до пич, шорцеви гз да ти се гледа, штикли, шминка за на свадба, накити а ла Касандра - категорично не. Е ама сега во средно друга прича, зашто ќе имам униформа, па нема шетање мода во школо.