обично носам фармерки со некое блузиче или хеланки со туника и јас сум против тие што носат високи потпетици или суќни,кај нас во школо за 1 септември една носеше фустан долг како за излевање штикли и ташна за излевање бог да чува
обично во панталони,тренерки,хеланки надоре блузи,туника.... но примерни и не нашминката само крем и лабело во патики,чизми или балетанки....и слично....али не кратки сукни и фустани мислакај нас е забрането сукни и фустани не кратки панталони не блузи со деколтеа и не штикли и пуна пета....
Фармерки,блуза или маичка.Патики или балетанки Шминка минимална или скоро ич. Тренерки носам само за на физичко Косата фатена,пуштена,пеглана Инаку ние имаме униформа(дуксерка и блуза,но не носи секој).Јас ја носам само дуксерката бидејки блузата ми е мала и е на куси ракави А и искрено не ми се дават пари за нова само за 1 година.Материјалот е
јас најчесто носам фармерки/панталони и некои маици...мразам кога некое девојче ќе облече шорц.....нешто кратко...еднаш видов една девојка се облекла во кратки шорцеви...високи потпетици..и маица значи гол стомак...ама тоа во училиште се облака ли бе
Јас за на училиште се облекувам секогаш во патики, чизми или ретко се случува балетанки да ставам тоа обично на крај на година. Носам маички, фармерки понекогаш шалвари а многу ретко ставам туника. Сега ќе почнеме униформи да носиме па мислам тоа е најдобро. Сепак да се знае дека во училиште се оди ама мислам дека и најнормално е така во униформа. Навистина глупаво е кога некои премногу се дотеруваат за на училиште. Мислам се знае што се носи за на училиште а има такви што идат по римјанки, маички со деколку и незнам уште какви чуда... Сепак тоа е само училиште и мислам дека не е пристојно така да се доаѓа. Косата скоро секогаш ми е пуштена обично ја пеглам а од шминка ставам креон, маскара и сјајче во нормални количини.
Во школо сакам да бидам дотерана,но не вулгарна! Одам во фармерчиња со некоја убава блузичка,во сукњички само ако ги комбинирам со хеланки или хулахопки кои добро покриваат,туники,чизми,балетанки,патики (највеќе!) и секогаш носам ташна никогаш ранец.Повеќе ташни кои различно ги комбинирам. За косата мене ми е секогаш и секаде пуштена,но на час ја врзувам само поради тоа што ми смета премногу е долга,инаку вака не се замарам. Шминка не користам никаде т.е. многу малку користам само за искачање.Нокти лакирани,пирсови тие такви работи се зависи од расположение.Во прва година имав пирс,па ми падна и сега веќе неколку години немам.
Јас за на училиште се облекувам фармерки, маичка која не е некоја не многу отворена, како што се рамбовките или некои други маички па да ти се гледаат градите и на машките да им бидеш провокација и забава, патики понекогаш знам да облечам балетанки, многу ретко сукња ама не минич туку некаде до коленици и обавезно со холахопки, никогаш за на училиште не сум ставила шминка, освен лабело. Мразам кога ќе видам некои разголени како да одат во Јавна куќа, а не во училиште па уште и кога ќе се нашминкаат како да одат во диско, но незнам како тоа им го дозволуваат нивните родители кај смеело порано така да се отиде на училиште разголена и нашминкана.
Ова школото во модна писта го претворивме...јас мислам дека со униформи е најубаво сите се исти и не се разликуваат едни од други...
мн е добра и јас и ги гледам сите туторијали ама сепак кај нас за во школо вака да се облечеш........
Сега во септември нема шанси да носам фармерки,ќе се скувам ко ќофте. Септември,Мај и Јуни носам најчесто 3/4 фармерки или панталонки со некои блузички на кратки ракави и балетанки или сандалки.Останатите месеци носам фармерки или многу ретко хеланки и блуза,дуксер,патики,џемперче енд соу он енд он.
Без разлика дали се печам на 40 степени или мрзнам на -20, секогаш носам фармерки на мене. Некогаш се случува и тренерки, а еднаш и хеланки облеков, па со униформата бев скроз покриена. Во основно носев 3/4 фармерки ама веќе не, некако не ми е згодно. Горе секогаш униформата е на мене, под неа некоја маичка или бел дукс, зависи какво е времето. И нормално - патичињата се неизбежни. На почетоков и во јуни додека е жешко некогаш облекувам балетанки или сандали, а на зима чизми. Туку сакав да прашам, зошто не е дозволено да се доаѓа со тренерки на училиште? За оние скроз припиените до телото ајде де, имам неколку во клас што носат такви и стварно е невкусно. Ама за оние нормалните, малку поширочки не гледам причина за да не се носат ..
На нозете долги панталони - па и 40 степени да е, тренерки ( само комплет) а од обувките- балетанки, чизми, патики ( сандали не ).Нагоре блуза на кратки или ако е рамбовка со болеро на кратки (а кога е зимо се знае ). Немаме униформи .
Без разлика на годишното време, нозете ми се секогаш покриени. Носам фармерки, панталони, шалвари или тренерки. На нозе најчесто патики, а во почетокот и крајот на школската година и балетанки дека е многу топло и во зима чизми. Горе најчесто маичка по куси ракави, по долги, џемпер, дукс, кошула. Не носам рамбовки од причина што ми е незгодно да одам така разголена и не се чувствувам убаво пред професорите, па и пред школските(во склоп на училишен простор). Иако сакам да се дотерам, тренерки носам кога имаме физичко, а немаме пресоблекувачна за да се пресоблечеме таму и приморана сум, ма да секогаш наоѓам оправдание и избегнувам да носам. Независно што е училиште, обожавам детали и практикувам марами, капи (зимно време), часовници и венчиња. Се шминкам минимално, пудра и маскара. Заборавив да кажам дека носиме и униформи, така да 90 проценти сум покриена во облеката (горниот дел).
значи јас колку што знам во училиште се оди со покриени рамена, колена, стомак итн...па според тоа секогаш носам фармерки, панталони до под колена, маички со кратки или долги ракави, дуксерки, во зима јакна, а на нозе патики или чизми...мразам фустани и сукњи...тренерки обожавам но секако не за во школо....па мислам дека ова е најсоодветно (барем според мене)
најчесто (читај: секогаш ) носам фармерки.. и да е 40 степени носам фармерки.. порано од 1-4 одделение носев и некои панталони, сега ко ќе видам како сум била облечена на сликите со класот ми иди да се .. нагоре носам обични блузички, со кратки ракави, со прерамки (ако е многу жешко), со долги ракави... исто како и за фаремерките, така и за патиките, односно ги носам и ако е многу жешко порано носев сандали ама некако глупаво ми е.. за кратки суќничиња и шорцови да не збораме воопшто значи многу ми е одвратно кога ќе видам девојче од 12 години со фармерски шорцови шо го покриваат само газот, односно што би се кажало, како гаќи да носи.. некако пренападно ми е тоа да се носи на училиште.. носам и униформа ама сега бидејќи е многу жешко а униформите се од подебел материјал носам обични блузички, а и плус тоа, кој и да носи сега, ќе слуша цел ден озборувања зад грб, а бидејќи такви се генерацииве наши, едноставно морам да се вклопам во системот.. понекогаш сакам да бев барем 5-6 години постара, па да бидам со поразумна генерација а не ко мојава