Боже, боже оваа се нашминка како да ќе оди во диско на забава, зарем ваква нашминкана со 5кг шминка се одело во училиште...
и ова го ставиле на нет.за пример како се одело на школо па вака не се оде се и свашта изнастава па и сенка пудра маскара лелее леле мислиш на модна ревија ке оде
Оваа недела бев втора смена, па одев во 3/4 пантолони, до под колена некаде со блуза. Обично одам во фармерки со некоја дуксерка или блуза или хеланки со долга блуза. Имаме униформи ама се како кошули и се носат за над блузите. Лани задолжително ги носевме, оваа година ќе видиме како ќе биде. На нозе носам патики и чизми во зима. Сандали и балетанки не носам. Во тренерки несакам да одам. Тренерки ми се за по дома и за на физичко. Единствено може горниот дел, како дуксерка. Во нашето училиште не сум видела некој да носи тренерки. Често носам саат, покомплицирано ми е да вадам телефон за да видам колку е часот. Лани во зимото носев неколкупати марами. Грозно ми изгледа што ги гледам овие денови по кратки пантолони. И мене ми е жешко, ама ако сака ќе се запалам па нема да облечам кратки пантолони во школо. Не изгледа вкусно. Исто и за рамбовки. Косата секогаш ми е пуштена со шноли на шишките. Понекогаш ставам венче, ја врзувам во реп или плетам плетенка настрана. Ептен сакам да воведат униформи, целосни како во училиштатa во другите земји и сите да бидеме исти. Нешто слично:
Се знае како се иде во школо било основно,средно па и на факс(ок може тогаш и да се дотерате затоа што тоа е веќе подруго иако и таму одат едноставно облечени)се оди со фармерчиња,патичиња или балетанки маички некои поедноставни не премногу разглолени сукњичка до колена и таква некоја прибрани парчиња облека или во краен случај со униформи па така сите се исти.
Сега сум прва година средно и многу ме нервира некои предотерани за во школо. Јас обично си носам фармерки, патики и некоја маичка(мислам на оние нормални маички) Иначе треба да добиеме униформи наскоро па едвај чекам да стигнат....
Секогаш носам фармерки! Дали е 40 степени или под нулата,јас сум во фармерки и тоа долги.До 4 одделение носев 3\4 ама повеќе никогаш! Невкусно ми е и грдо ми изгледа. Горе си носам,маички,блузичња,џемперчиња,нешто што доликува на ученик.Мразам длабоки деколтиња,па да ѕирка нешто од таму.Такво нешто дефинтинвно не! Носам и тренерки исто така,си се чуствувам удобно и не гледам никаков срам за тоа да носам тренерки во школо.Најчесто сум облечена во патичиња,а на зима во чизми.Е некогаш ако ме манат моите може да облечам и балетнаки ама тоа се дешава 1 годишно Косата си е носам зависи кога- како.Најчесто ми е собрана во пунџка.Може некогаш да е носам пуштена или коњско опавче. Исто така за нашколо мразам да се шминкам па макар и маскара и моливче и пудра сепак сум за НЕ! Воопшто не ми изледа ученички. Еднаш кога се сликавме во прва година ставив пудра и маскара и тоа беше се. Им се чудам на девојките што се облкаат дали за во диско или за во школо воопшто не прават разлика.Нашминкани,навиткани издодерани.Абе демек којзнае кај одат демек на бал.Идат и во штикли,или пак чизмички на полна пета.Исто се дешава и да дојдат изнашминкани. И сум со најголемо ЗА ! За училишните униформи.Кога сме веќе кај униформите би сакала да бидат како тие што се во гимназијата Орце Николов во Скопје,многу ми се допаѓаат.Во моето училиште има униформи,мислам предходните генерации.Ние последниве 2-3 генерации немаме.Ама што дека имаат кога никој не ги носи. Дур бев во основно имав една униформа како мантилче,каква таква.Си е носев,и се чуствував како вистински ученик
Колку и да е жешко носам фармерки или пантолони, само еднаш имам облечено кратки пантолони и тоа не многу долги кога ни ги даваа свидителствата. Ептен невкусно и неученички. И само еднаш имам облечено 3/4 кога беше жешко, ама најчесто сум во фармерки до глужд. Најкомотно и најсолидно за на училиште. Тренерки на школо немам облечено од 5 оделение, не практикувам многу, ама и тоа не е лошо. Најголема желба ми е цело училиште да носиме униформи, сите ќе бидиме еднакви тогаш и ќе се препознаваме искрено не се знае кој е ученик, а кој наставник , а и многу светски делува. Ама неее, сега сите сакаат да се фалат со познати марки, доколтеа и новите ушници, што ги носат нашколо, а некој што нема? Најдобро е униформа. Имаше порано мислам на школо кај нас, ама кој ги носеше и беа како дуксерки црвени за женските и плави за машките. Ама јас сакам слично нешто на ова:
Многу ме нервира коа ке видам некои да одат у шорцеви у школо До 4-то одделение имавме кецели, не униформи, од 5-то па натака не. Како мала нонстоп бев во фармерки/панталони, мајка ми ми облекувала и 3/4-ти ама ич не сум сакала така да одам, исто не сум сакала и во сукњи, секогаш сум сакала во долги панталони или фармерки. Сега како што сум поголема, одам во блуза или маичка по кратки,фармерки,во зима некое џемперче или оние како ги викаат кардиганите и слично.На почетоков на школово една моја другарка која одеше во шорцеви и маици или рамбовки разголени до даска, згора на тоа со облекава се делиме на “богати’’ и “сиромашни’’ , некој има 10 пара патики најк или адидас, а некој 1 пар најнормални патики од мат стар. Среќа јас што сум ни богата ни сиромашна (според нивното делење) , имам 3-4 пара патики од кои едните ми се адидас, и ги добив со молење, можам некои работи да си дозволам некои не. Кај некој има граница што може а што не, а кај некој нема.Ај да не одам многу оф топик со ова богати/сиромашни да си кажам што мислам ... Најпрактични и најкорисни се униформите...
Фармерки,хеланки(сепак поретко хеланки),рамбовка сега на жешково односно блузичиња ..сега тоа е по тренди според мене ..и секако УНИФОРМАTA
Јас најчесто носам фармерки со некоја блуска или дуксер и многу ретко се случува да облечам хеланки.Кога станува збор за тренерки.....Никако .Незнам некако не сум спортски тип
Јас пак сакам да се дотерувам за на училиште, а во моето училиште многумина ме познаваат и знаат каква сум всушност, па веројатно тоа не ги спречило да се дружат со мене. Бидејќи во вашите коментари наидов на голема осуда за дотерувањето, но тоа не ме натера да се почувствувам ни малку виновно. Како и да е, секогаш ама баш секогаш имам шминка на мене. Од подлога за шминка, коректор, пудра (во последно време ја сведов на минимум затоа што немам акни а тенот ми е рамномерен), руменило, сенки за очи, неутрални се разбира (сакам да ја нагласам природната убавина), црно и бело моливче за очи, маскара, моливче за веѓи, кармин и сјај. Тоа е тоа што се однесува за лицето. Косата најчесто ја носам пуштена, некогаш ја пеглам ако залутале неколку влакна настрана или нанадвор, но бидејќи ми е права не го правам тоа често. И ретко ја виткам, затоа што немам секогаш време. Некогаш си плетам плетенки, некогаш ја тапирам и ја собирам до пола, а кога немам време најчесто ја тапирам и ја собирам во репче или во пунџа. Но бидејќи темата е всушност облека, би сакала да кажам дека порано сакав да носам униформа, но сега не. Што се однесува до облеката, обично носам фармерки со среден кутел. И пантоломи со висок кутел. Со пантоломите со висок кутел обично носам кошули. А со фармерките зависи од тоа што носам на нозе, и како се чувствувам. Ако се чувствувам спортски носам патики и некоја најобична блуза. Но најчесто не се чувствувам спортски, сакам да бидам поелегантна. Носам блузи со чипка, некогаш и деколтирани но не претерано, рамбовки, некои блузи со кои се добива изглед на бубалица (баш ми се интересни ) а со нив големи наочари со стакла без диоптер. И нормално некогаш и наочари за сонце. Ретко носам хеланки, а најчесто ги носам со некаков џемпер и чизми. Исто така носам сандалки, чизми високи и ниски (полна пета), палта и џакети. Исто така носам и ланчиња, часовници, белезици. Додатоци, морам да ги имам на себе! За секоја емоција имам облека, едноставно таква сум. Единствено не сум отишла на училиште со кратки пантоломи. Нормално на мене морам да го имам мојот преубав парфем од CK и спремна сум да одам. И што се однесува до ноктите, секогаш долги, секогаш средени и налакирани.
И НА УЧИЛИШТЕ НОСЕВ фармерки, блузи, и дуксерки И СЕГА НА ФАКУЛТЕТ ИСТОТО НИШТО НЕ Е ПОРАЗЛИЧНО А ПОНЕКОГАШ ЗНАМ Т.Е ВО ЗИМА ДА ОБЛЕЧАМ ТУНИКА ПО ДОЛГИ И ЧИЗМИЧКИ.
Нека не те лаже ова за униформиве има многу што не ги носат, си одат во школо обично.И на нас од прва, на тие што се мереа и платија во јуни им ги дадоа пред една недела, а јас платив во јуни ама се мерев во септември и уште не ми ги дале, исто и на тие што платија во септември.И тоа на тие што им дадоа само маиците им ги дадоа, а џемперите не. А за шминкањето, многу се против ама јас се шминкам за во школо.Не многу, само туш, сјај или лабело во боја и понекогаш маскара (ме мрзи да ја ставам во последно време ).Толку се навикнав, што како гола се чуствувам ако немам туш.
Па најчесто носам маичка на куси ракави,фармерки безразлика колку степени е надвор,патики и поретко балетанки-спортски тип сум .Инаку ги чекаме уиформите ама изгледа ќе се начекаме
Според мене виновници за тоа како се дотеруваат децата за на училиште ( како се облекуваат и се шминкаат-што не доликува на деца кои одат во училиште) се нивните родители што им го дозволуваат тоа, а исто така и наставниците-професорите во основните и средните училишта што така непримерно облечени и нашминкани ги примаат во училиште.