1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека за на факултет

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Lux, 3 септември 2012.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да ја отворам овде или во образование, но сепак се работи за облека па затоа во мода.
    Темата е јасна, иако има една за на училиште, сметам дека треба да имаме една тема за на факултет.
    Прашањето е:
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? :wasntme:

    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
     
  2. vesni4kaxd

    vesni4kaxd Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    43
    јас најчесто си облекувам фармерчиња и блузичка.... еднаш ми се случи заедно со другарка одевме на факултет и таа сакаше да праша нешто во студентски прашања, и бидејки не беше пристојно облечена ( ептен кратки пантолончиња и деколте) референтката му рече дека не е пристојно да оди така на факултет дека е академски граѓанин и дека не е тука за да брка машки и кога ке биде попристојно облечна ке и одговори на нејзините прашања...
    за книги зависи од професорот ако бара, ама секогаш си носам еден нотес за фаќање на забелешки...
     
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    1. Па најчесто носам фармерки,маички,кошули,патики или балетанки,а сега летово кога полагав си носев фустанчиња (должина до над колена).
    2. Мислам дека е невкусно да се носат деколтирани маички и премногу кратки сукњи или фустанчиња, и тоа никогаш не би го облекла.Исто така не би ставала премногу накит (преголеми обетки и ланци).
    3. Трошам околку 30 мин. ( а понекогаш и 1 час) на подготовка.
    4. Во чантата го носам само индексот,тетратка и пенкало,а кога полагам си ја носам и книгата за да прочитам нешто пред полагање :D
    5. Сакам да носам поголема чанта :)
     
  4. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Најчесто носам фамрерки со блузичка. Понекогаш подолга туника со хеланки, но многу ретко. Кога е многу жешко, обично на испитите во јуни или август носам долг фустан. Имам одено и со кратки пантолони, но не премногу кратки, ама маичката без деколте.
    На подготовка никогаш не трошам повеќе од 20 минути, бидејќи обично се си спремам од вечерта и потоа само се облекувам ставам крем на лицето, си ја средувам косата, проверувам да не сум заборавила нешто и тоа е тоа.
    Секогаш носам голема чанта. Не сакам мали чанти. Не само за на факултет туку и општо си сакам поголеми чанти. Во неа носам учебник, плус книга и тетратка. И останатите работи што си ги носам секогаш со мене. И индексот обавезно. :D
     
  5. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    1.Фармерки и маичка или џемперче зависи од временските услови :)
    2.хеланки,тренерки,шорцеви или кратки сукњи
    3.30-40мин
    4.книга,индекс и мн ретко некоја тетратка,пенкало
    5. па може и поголема и помала. Кога носам само индекс и пенкало носам помала ташна :)
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Носи некој патики, ја и во патики планирам да си одам...?
     
  7. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Дури бев студент најчесто бев во фармерки или панталнои и маички, кошулки, џемперчиња, блузи. Најобични, пристојни, неразголени. И редовно удобни обувки, што вклучуваше и патики.
    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Кратки сукњи, фустанчиња, разголени и деколтирани маички, вртоглаво високи штикли, нападна шминка и накит. Сепак тоа е образовна институција, а не ноќен клуб.
    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? :wasntme:
    Се спремав за кратко време од причини што не се шминкав, освен маскара и сјајче.
    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?

    Носев голема ташна, нешто во овој стил,[​IMG] а во неа обавезно нотес за фаќање белешки, пенкалца и доколку имаше потреба и индекс, учебници, скрипти.
     
  8. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Ја планира да носа фармерчиња, блузи, кошулчиња.. Патичиња секако, најудобно е така. Сукњичиња, тренерки такви работи не планира да носа. Ќе носа ташна од конверс, бела. Не е нешто најголемо, ама сепак ми ги собира книгите. Во неа ќе носа пенкалце, тетратки, книги.. Е сега, колку време ќе ми одзема спремањето не знам :D
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Секогаш носам долги пантолони или фармерки. Секогаш!
    Ако е топло времето, тогаш носам некои потенки и попријатни. Ама никогаш не носам кратки.
    Комбинирам во зависност од времето - блуза со кратки ракави (избегнувам да носам по прерамки, се осеќам ко на плажа), кошула со кратки ракави, кошула со долги ракави па одозгора џемперче или болеро... Носам рамни чевли, штикли никогаш (ако не се сметаат едни чизмички на сосема мала штикла). Во принцип таков ми е стилот.

    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Сум видела се и сешто изминативе години на факултет.
    Кратките пантолончиња и фустанчиња веќе не ми привлекуваат внимание, ама морам да кажам за типката што носеше корсет со длаааабоко деколте во јунската сесија.
    Разбирам, жешко е, на сите ни е жешко. Ама бре си има код на облекување, не можеш така да се појавиш на полагање! Буквално ако се наведнеше, ќе и испаднеа! Ни градник не носеше.
    Јас стварно не знам зошто не ја избркаа.

    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? :wasntme:
    Станувам во 6, излегувам во 7.
    ВВообичаено ми треба еден саат за да се расонам, да измијам заби, да се напијам кафе, да се облечам и да се нашминкам.

    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Имам големи ташни во кои собира се - книги, скрипти, закони, тетратки, наочари, мобилен, влажни марамици, палома, новчаник, клучеви... Мразам да носам додатни работи со мене како на пример чадор. Не знам колку пати го имам заборавено некаде, затоа што сум навикната да си носам само ташна со мене.

    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Поголема, дефинитивно! Носам триста ствари со мене, во помала не може да ми ги собере.
     
    На FashiongirlD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Обавезно носам панталони. Никогаш,ама баш никогаш не сум си дозволила себеси да одам на факлутет(или порано во средно), како за во град.
    Едноставно неможам,такави ми се размислувањата.


    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Деколте
    Кратки панталончиња (не зборам за фармерчиња до колена),туку баш они пократкине)
    Фустанчиња/сукњи


    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?
    30мин.


    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Тевтерот (за забелешки),скрипта,помада за раце,несесер,новчаник,чешел,антибактериски гел,ханзапласт,апчиња,палома.
    Многу мразам да носам,кеси,чадори,папки...


    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Во мала не ме собира :lol:
     
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Планирам да носам панталони/фармерки. Нагоре блузички по кратки,кошули,кога ќе залади џемперчиња,кардигани со блуза и сл. Комбинирани со балетанки,патики,зимно време ниски чизмички.

    Невкусни ми се маички по прерамки, шорцеви,штикли не доаѓа во обзир и огромен,масивен накит.

    Претпоставувам дека ќе ми бидат потребни околу 15 минути за да се подготвам. Облеката ми е спремна од вечер,само ја облекувам, се средувам лице/коса и излегувам.

    За на факултет планирам да носам мал ранец и ташна.Кога како,зависи со што планирам да ги комбинирам. Во нив носам се и сешто. Прибор(со пенкала,моливи,гуми,острилки,маркери,тевтерче),тетратки,книги ако ми се потребни,чадор,палома марамици,влажни марамици,мобилен,новчаник,крема за раце,лабело,огледало,мастики,мал дезодоранс.)
     
  12. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Најчесто носам фармерчиња кошулчиња палто или сукњи до колена прибрано да изгледам на нозете или некое патиче кондурче или некои кондурчиња со полна пета брзо се спремам не се шминкам премногу само руж,моливче,сјај за уста и ако сум многу бледа наутро може и коректор.Што се однесува до чантите носам најчесто големи чанти папка со нотес книгата што ми е за учење пенкала маркери.
     
  13. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    1. Најчесто носам фармерки или пантолони. Во летно време наоѓам некои летни со цел да не се чувствувам жешко испотено... Комбинирам со ролки,џемпери, елечиња, марами(моето омилено модно парче) маички.. најчесто се обични,класични секојдневни. Патики увек или чизми. Ретко балетанки или римјанки.
    2. Невкусно..Хмм кратки пантолони или кратки фустани, разголени маички, деколиња. Страшно за на факс.
    3.Па пола сат до 40 мин. :) Доволно е.
    4. Тетратка, ако бара и учебник. Пенкало задолжително. Некогаш и индекс.
    5. Најчесто практикувам чантата да е поголема. Подобро се снаоѓам. Некогаш носам и мала, зависи од денот, од предавањата, од професорот. :)
     
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    [​IMG]

    Kласа.

    Да не знаеш дали факултетот е поим за University Fashion Week или твоите заглавиле во кредити за да се школуваш.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    1.фармерки, маичка по кратки ракави (Не разголени), а кога е поладно маичка или џемперче и носам патики или чизмички.
    2. Според мене невкусно е да се носат разголени маички, кратки суќнички, кратки пантолончиња, фустанчиња. колку и да е топло не можам да се замислам во кратко фустанче на факултет и римјанки. :?:
    3. 15-20 минути доволни ми се.
    4. носам книги, тетратка, пенкало, индекс, и зависи што ми е потребно дополнително за тоа предавање пример помошни листови, прашалник, линијар, моливи гума и слично
    5. па зависи од предавањето што и како ми треба за тој ден но најчесто ташна со средна големина ни многу голема ниту многу мала а сепак да собере се што треба.
    :* :*
     
  16. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    На факултет носам пристојна облека, најчесто фармерки, обични маички, патики, или панталони, кошули и балетанки. Од шминка ставам само пудра и маскара.
    Впрочем на нашиот факултет нема многу дотерувања како на останатите, зборувам за тоа што сум видела девојчиња кај Економски, Правен кај тие факултети, кои на факултет одат буквално како на излегување. Кај нас е ретко да видиш таква девојка, дали поради малиот број на студенти или изолираноста на факултетот, не знам, ама среќна сум поради тоа. :)
    Чанти носам средна големина, колку да собере основни работи: паричник, футрола за наочари, огледалце и тетратка за прибележување.
    За мене невкусно и нешто што никогаш не би облекла за на факултет се кратки здолништа, разголени маици, се што изгледа грубо и нападно, а исто така неприфатливо ми е да се носат и тренерки, затоа што сепак се работи за предавања на факултет, а не физичко во средно.
    Исто така не ми се допаѓа носење на хеланки со кратки маици, штикли и кратки панталонки, иако признавам дека ми се случи да облечам еднаш во големите жештини, ама не на предавања, туку имав работа само до студентски прашања.
     
  17. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    6.424
    Пол:
    Женски
    -Што вие најчесто носите на факултет?

    Најчесто ( да не речам секогаш) носам долги панталони, затоа што сметам дека треба пристојно да се изгледа сепак сме академски граѓани. Многу ретко се случува во лето да носам суќна ама задолжително некоја подолга. Не се оптоварувам нешто премногу да се дотерувам на факултет, некогаш коа ке заглавам со учење цела вечер сабајлето едвај очи отварам а не уште да праам фризури и да облакам штикли :D

    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Па сум видела сешто, високи штикли, миничи, накит светкав ко за на свадба, сатенски фустани ахахахаха. Никогаш не би облекла нешто од горенаведеново :D
    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?
    Па обично 1 саат со се кафе пиење расонување итн, ама имало екстремни ситуации коа сум се спремала и за 10 мин :)

    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас?

    Секогаш одам натоварена на факултет, некогаш се осеќам ко во основно. :D Скоро секој ден си ја носам таблата за цртање ( затоа што студирам архитектура) и пропратни материјали како листови, папки, моливи, шестари..
    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Најголемата што постои ја сакам ! :D :P ахахаха не можам едноставно со мала ташна општо дури ни за излегување не можам со минијатурни плик ташнички.
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Јас планирам да носам фармерки, обични блузи на кратки или долги ракави, кошулки, џемперчиња, палтенца, зимоска и марами, надоле патики, кондурки без штикла или што ти знам, значи ниски, балетанки и чизми. Разголени маици, блузи, штикли, суќни, кратки панталони апсолутно не доаѓа во предвид. Тоа во кафиќ, на факс не. На спремање трошам околу пола саат до 40 мин., но со барање облека, комбинирање, пеглање, миење лице и заби, ставање маскара и лабело. Толку. Сакам поголема ташна, во неа, книги, тетратки, пенкалца и друго што е потребно, потоа марамици, новчаник, клуч, лабелце или гроздова маст, парфемче.
    Тоа.
     
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Фармерки со кошула, со блузичка,хеланки исто така искомбинирани со нешто. Понекогаш суќна до колена и сл.
    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Панталони/суќни 10тина см над колена. И маичка со голо стомаче. |(

    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?
    Па зависи, ако треба да се туширам,бањам, скоро саат ипол до 2. А вака, саат време.

    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Па носам тетратки, пенкала, влажни марамици, улошки(ако има потреба :wasntme: ), и мало тефтерче да запишувам поважни работи.

    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Поголема, да има повеќе место внатре :)
     
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.787
    Пол:
    Женски
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Фармерки, маичка и кардиган (како и да се вика на Македонски). На нозе старки, што мајка ми цело време ми вика дека треба да ги заменам со било какви други чевли, за да не мислат сите дека сум прва година средно.
    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Шорцеви, апостолки, огромно деколте. А сите овие ги имам гледано низ факултет, дури и понекогаш сите три заедно.
    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? :wasntme:
    Пола саат.
    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Заради фактот дека мојот факултет е посебен :lol: носам две ташни, една со материјали за работа, и друга со тефтер и прибор за пишување, и лични работи. Не секој ден, само кога имам потреба. Се пишувам во тефтери и големи тетратки за 4-5 предмети.
    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Сакам да носам помала, ама тоа е најчесто невозможно, па носам големи. Сега се радувам деновиве што можам да идам со мали ташнички.