Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека за на факултет

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Lux, 3 септември 2012.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    На првото предавање една дојде во вакви

    [​IMG]

    :x
    На ништо не личеше.
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Не знам што е полошо дали ова, или што кај нас во другата група имало некоја што идела со штикла 12ка и се во први редови седела. Т.е. не идела, туку се придржувала на другарките дур влезе и излезе од амфитеатар :lol: :rofl: абе свашта.

    Мислам облека за на факултет... некои многу озбилно си го сфаќаат ова. Мислат без кошула и сако, евентуално и штикла да не се влага на факс, абе како не. И ја носам често сако, ама тоа не е откако почнав на факултет и само таму. :^) Штикли не носам, а високи не ни планирам да носам воопшто додека студирам, стварно нема смисла и 2 и 3 година да сум, гледам со штикли 12-14, две-три ама ги има, каде нема такво нешто де. За мене не е соодветна облека за факултет сукњи и панталончиња кратки до под гз, нити па фустанчиња такви летни за прошетка, или па место ташна-пликче. Значи голи нозе-не дечки, не е вкусно и по кодекс мислам дека не ни смее, нормално со исклучок соодветна должина на сукња или фустан :!: мада и тоа сметам дека не е за наша возраст, има време да се носат такви ствари. Се знае што е пристојно, а што не. Значи маички, блузи, џемпери, сакоа, палта, јакни, бунди, панталони, фармерки, балетанки, оксфордки, патики, чизми, абе знаете на што мислам, дневна гардероба. А кога ќе се вработиме еден ден, е тогаш ќе носиме штикли, сукњи, фустани за на работа, а и таму се знае ред. Трошам некој пола саат ете за спремање. И носам тетратки.
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    ^ Има си ги и кај нас такви.
     
  4. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Фармерки со некоја маичка (најчесто), некогаш па и хеланки со туника.. патичиња, балетанчиња.. :)
    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Па секако големите деколтиња и ептен кратки панталони/сукњи/фустанчиња, високи штикли.. некои девојки гледаат на факултетот како модна писта на која треба да ги прикажат своите секси изданија, а не како образовна институција :)
    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?
    па зависи од пола саат до саат најкасно.
    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Обавезно тетратки, пенкалца и книга ако ми е потребно.
    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Голема - за да ми ги собере сите работи во неа.. :)
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    - Фармерки, панталони, кошулчиња, џемперчиња. Некои пошироки блузи кои ги пикам во панталони. Балетанки, оксфордки, патики носам трипати годишно зш не ми се по мерак, кога е меѓусезона и сите чевли ми пропуштаат па морам тоа.

    Кога беше топло летово уште од мај |( , имам носено тексас сукња до колена што е како балонче, кога одев два-три пати по оценки и нешто до студентски ја облекував. Не е вулгарна воопшто, посекси се луѓено во фармерки неголи јас во таа сукња. :lol:

    Еднаш имам отидено во фустан кој е 10тина сантима под коленици. Зимав оценка, беше негде после 20ти јуни и уф, пекол. Вака ми дуфкаше. ]:)

    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?

    -Штикли, значи како може да се фрцкаш со 12ка на факс. |( Пренашминкани со сенки, тушеви... Мислам, сфаќам, и јас сакам да изгледам средено, ама во 8 на полагање да одиш со лилјакова сенка и ОЛКАВА линија од туш и над и под окото, не сфаќам.

    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?

    -Па, ако имам предавање од, пример 11, станував во 9 и пол, се спремав до 10 и пол, сосе дремење пред компјутер, нешто водичка да се напијам, да се спремам... после испаѓав за да стасам навреме нели. Значи еден час.

    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)

    -Зависи што ми треба, ретко некогаш и речник да завлечкам. После видов дека имам во телефон, и тоа баш истиот и навистина не гледам зошто да не ја искористам предноста на мобилната технологија и да не се служам со тој. Книги обавезно, мило ми е што барем во еден ден имавме предавања само по еден предмет и не се замарав со носење пет разни. Пу пу да не се подречам. Тетратки стандард, и обавезно молив и гума.

    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?

    - Некогаш носам и ташна и папка, оти не ме збира во ташната. :tmi:
     
  6. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    фармерки , панталони , маички, дуксери, џемперчиња, блузи, патики , чизми ниски

    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Деколте , кратка сукња до задник , кратки панталони , и штикли - тоа никако

    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?
    Максимум 30 мин

    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Само ташна носам така средна големина се имам набутано во неа , и евентуално уште некоја блуза или јакничка со мене да не ми е ладно


    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?

    Ни голема ни мала средна
     
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Најчесто носам пантолони, фармерки, блуза и некое џемперче или сако.

    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Значи не би отишла со сукња или со фустанче или со блуза со премногу отворено деколте, се разбира прибрана. Една колешка пред некој ден беше дојдена со сукња кратка, кошулче колан опнато и сандалки на платформа, ко за на кафе значи а да не ги спомнам и килото пудра сенката и кармините, СВАШТА |(

    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?
    Со оглед на то шо автобусот ми е во 6 и пол сабајле станвам во 5 и пол и ми треба точно пола сат за да се спремам, иако некој работи ги прам одвечер.

    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Најчесто носам 1 тетратка, новчаникот, палома, мобилниот, влажни марамчиња, ханзаплас, и сл.

    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Секогаш носам голема, за да ми собери се.
     
  8. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    -Фармерки,маички,дуксери,блузи,марами.
    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    -Штикли,кратки фустанчиња и сукњи,невкусно ми е и премногу шминка,црвен кармин посебно |(
    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? :wasntme:
    -Од прилика 20 мин,најмногу 30.
    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    -Тетратка и пенкало.Ретко носам книги,ептен ако мора :)
    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    -Помала чанта
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Уффф убава тема за дискутирање дефинитивно.На факултет најчесто носам фармерки,пантолони кошулчиња џемпери,почесто знам да се дотерам со добра штикла сако пантолони нормално модерно кон класика како доликува за на факултет...
    Не практикувам патики,здолништа фустани едноставно нефкусно ми е ајде сега по патики и тренерки кога ќе дојдат на факултет како на тренинг да одат што не го бидва не го бидва а за кратки пантолони деколтеа и др.такви вулгарности да не коментирам има свашта со сто кила шминка од 9 сатот сабајле сенчани во очите со кафеава со црна сенка катастрофа :puke: да не спомнувам мрсни во косата кога ќе дојдат или со фризурите од свадба од неделата во понеделник господе боже свашта свашта грозотилоци некултура на ниво...
    И да додадам случка од летото на факултет,(студентка на мојот факултет слечена по маиче на прерамки тетоважата на грбот вришти пантолоните бели прозирни по одвратно нешто немам видено на факултет нашиот професор ја гледа се зачуди човекот и оди во лице му вели кај одиш на факултет вака облечена колешке и со тетоважата извадена страмота е кој те примнал на факултет му вели тебе...сите во неа да се гледат да се смеат брука невидена професорот се изнервира кога ја виде таква и во право е свашта почнаја да примат на факултетите тоа ти е...
     
  10. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    За секое место си има соодветна гардероба па така и за на факултет.Ме нервираат девојчиња што и на 20 години сеуште не ја знаат разликата помеѓу дневна гардероба и вечерна гардероба,па така да често сум гледала девојки кои мислиш директно од дискотека дошле.
    Пред два дена бев до факултет,имав работа нешто и имаше многу нови студенти од прва година.Нешто што ми падна најмногу во очи беше[​IMG] ваков шорц па уште и подвиткан |( Мислам што не иде не иде,невкусно,вулгарно,простачки битно на факултет тргнала цурава.
    Многу испади имам видено од опасен минич до хеланка со чипка од страна каде што се гледа тангата и штикла 12 :puke:
    Обично мене потребни ми се 30/40 минути за да се спремам за на факултет.Да се облечам и да се нашминкам,шминката кај мене е стандард пудра,руменило,маскара,туш.
    Обично носам фармерки,црни панталони,кошулки,џемперчиња,сакоа.На ниско,единствено чизмата може да ми биде на штикла НЕ 12 туку многу пониска,знаете од оние на подебела штикла.
    Ташна си носам и обавезно пенкало,тетратче да се запише нешто.Скрипти,книги не носам,не ми се потребни.
    Вака до лани беше моето спремање за на факултет.
     
    На Chocoholic и crazylady им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    91.486
    Пол:
    Женски
    Се облекувам според расположение. Ми требаат 10 до 20 минути да да се подготвам. Никогаш не спремам од вечерта што ќе носам, затоа што сестра ми знае насабајле да ми ги уништи плановите.
    Носам најчесто хеланки и туника, подолга кошула, фустани со хулахопки, фармерки со маички или кошули, џемпери, сако, балетанки, сандали, чизми, штикла.
    Не носам, а и не ми се допаѓа кога некој ќе дојде со тренерки, апостолка на факултет.
    Ретко носам книги, а и тетратки. Имам една сештологија тетратка, па си запишувам понекогаш нешто што мислам дека е важно.
    Чанта носам во зависност од тоа што друго сум облекла, но претежно се големи.
     
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Фармерки, тренерки, маички, џемперчиња, тексас.

    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Кратки сукњи и панталончиња, предлабоки деколтеа, штикли.

    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?
    Највеќе 1 час.

    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Нотес, пенкала, книга.

    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Зависи од денот и од тоа како сум испланирала. :!:
     
  13. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Фармерки, балетанки/патики, и кошула некоја или маичка.
    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Со кратки панталони или сукњи, и никогаш ама никогаш плик. Видов неколку во мојата група со пликови, каде бе девојко? После предавање во диско ќе одиш? Ако е така тогаш оправдано :D Ептен е невкусно кога ќе видам некоја со цицките надвор,за нив некој измислил градници..
    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?
    45 мин отприлика.
    Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Само пенкало и нешто за запишување.
    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Секогаш носам поголеми, всушност и немам помали :lol:
     
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Стилот е начин на изразување.И тоа никој нема право да го одземе.Личен печат е се разбира.И сопствен избор е ако поштоваш некој тежок готик стил.Ама не е во ред во образовна установа да носиш кучешки ланци на врат.Како една чудна појава колешка.Не предлагам јас да биде нешто поразлично од тоа што е, слободно нека биде ама во подискрена варијанта.Црни кружници околу очите со широк радиус во комбинација со црн кармин и избушен сурат со пирсови со вид на клинци е нападно само со себе.
    Муабетот ми е луѓето немаат осет. Жените со наочарите опнати на глава во затворена просторија. Неее!! Не го личи.Барем јас така мислам.
    Не би носела, спомна Марамке сполајти...апостолки. Или тренерка.Неприфатлива ми е плик ташна.Лакована да не дај боже. Мислам wtf ? :^)
    Имајте поштовање.
    Понатаму.
    Се што едвај ти го прекрива газот и брадавиците не е ок.

    Лично за мене, се трудам да спојам комотно со привлечно. Морам така оти декубит ми се створи, имаме предавања по 4 часа без пауза.
    Секој ден се нервирам со тоа колку време ми треба да се спремам.Цел час.Тоа е сосема непотребно.Страшно е што не се ни влечкам.Веројатно се должи на навиката да се туширам наутро.

    Најчесто ќе ме видите во патики, фармерки и маичка. Ако сум расположена да личам на женско ќе најдам нешто поженствено, ќе се дотерам но умерено конзервативно.

    А што имам да им препорачам да носат на колегите ?
    Видете, јас сум open minded не ми сметате и да сте наминале во униформа после работа во бордел.АМА ви се молам исперете се, искапете се. И нема да има проблеми.
     
  15. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Фармерки или долги панталони , со маички , кошулки , џемперчиња ..

    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Па мислам дека не иде да се дојде на факлутет со деколтирана блуза или премногу кратка сукња , или пак претерано нашминкана со сенка до веѓи и пудра за да можеш отпечаток да удриш...

    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?
    Па станувам еден час порано и за тоа време се мијам пијам кафе , се шминкам 5-7 мин се облекувам и во принцип секогаш имам плус време зашто мразам да брзам ..

    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Носам една подебела тетратка за забелешки , пенкала, ( ако е потребно книга или скрипта ако бара професорот) , мобилен , влажни , палома , новчаник , лабело , крема за раце , мастики .. отприлика тоа секогаш имам во ташна

    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Најчесто носам поголема ташна за да ми собере се :)

    А и ќе заборавев нешто што најмногу ме иритира кога некој не се грижи за својата хигиена , живееме во 21 век за еден спреј или стик може да издвојат 150 денари а сапун и вода имаме сите дома !
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Фармерки, кошула, маичка или џемперче комбинирани со чизми или балетанки.
    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Не знам дали никогаш, но не ми се допаѓа високи потпетици за на факултет. Образовна институција е и сега за сега не ми се допаѓа идејата некој да дојде наштиклен на предавање.
    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? :wasntme: [/b]
    15 минути.
    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Тетратки, пенкало, калкулатор.
    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Голема, што е можно поголема. :D
     
  17. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Што вие најчесто носите на факултет?
    Фармерки, маички, мартинки, старки,марами,блузи..

    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Штикли, кратко, сукњи,мнооогу шминка и се што е за вечерно излегување

    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?
    10 минути

    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Зависи што имаме тој ден.Ако имам сликарство,цртање, не носам ништо бидејќи таму ни стои се, а ако имам историја на уметност, и некој такви носам пенкала, тетратки, некој листови А4 формат и моливи.

    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Некоја колку за А4 формати, така за поголеми тетртатки, повеќе сум за накај помала големина, доволна за да собере тоа што ми е потребно.
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    -Што вие најчесто носите на факултет?
    Фармерки, блузи, маички, марами, патики и чизми.
    -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле?
    Штикли (освен на оние чизми со мала дебела штикла), сукњи, фустани, огромно деколте, шорцеви, сандали.
    -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома?
    10 мин.
    -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)
    Тефтер, нормално пенкала и ретко кога книги.
    -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта?
    Зависи од тоа што го имам облечено ама најчесто големи.
     
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Најчесто носам хеланки со долги кошули или блузи, или дуксер со натпис некој. Знам често да носам и фармерки со истите работи што ги набројав, во комбинација со некое џемперче, наметка или сако.
    На нозете најчесто носам патики или чизма/чевла со мала дебела штикла кои ми се најзгодни за одење.

    Невкусно е да се дојде на предавање со длабоко деколте на изволте.
    Јас лично на факултет никогаш не би отишла со голи нозе - минич и блуза со деколте, би се чувствувала гола и ефтино.

    Најчесто се спремам за пола час, миење заби, чешлање коса или ставање пена, шминка минимална - пудра и кармин, облека од вечерта што ми е спремна. А кога ме мрзи, можам и цел час бавно да се спремам, ако ептен имам време, а ако не, максимум пола час.

    Не носам ништо со мене освен ташна. Факултетот не ни бара никакви материјали, се што треба да забележам, најчесто е домашно или семинарска, си го запишувам во мобилниот.

    Зависи од облеката која ташна би ми одела, но најчесто си носам поголеми и поудобни ташни, сакам се да имам во неа, пошто некогаш може цел ден да не сум дома, па ако нешто заборавам или не го земам, можам да бидам крајно нервозна.
     
  20. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Еве неколку комбинации кој би ги облекла за на факултет
     

    Прикачени фајлови:

    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.