Носам фармерки,маички,џемперчиња,хеланки со туника и сл Многу ми е глупаво кога ќе видам некои нападно нашминкани,со миничи и деколтисани блузи мислиш од излегување идат.Тоа ми е ептен невкусно и едноставно не личи така да са појавиш во образовна установа.Да напоменам има и професори невкусно облечени,не само студенти. Инаку јас се спремам пола час стандардно,ако е покасно предавањето може да се влечкам цел час,истовремено да гледам ТВ и кафето да си го пијам,па после пак да мијам заби.. Секогаш носам нотес за забелешки и пенкалце,а се дешава да носам и некоја книга али ретко.Поради тоа преферирам големи чанти па такви и носам,без разлика каде ќе одам после факс.
Дека до факултет патувам 45 минути,што значи дека факултетот ми е во друг град,немам време ни толку енергија да се 'токмам' А и автобусите како што ни се смрдливи..ама ај друга приказна е тоа. Најчесто на факултет сум во фармерки/панталони во комбинација со мајци,кошули,џемперчиња,кожни палта и пролет/лето практикувам сакоа да носам.И секако зимно време прилично топла облека.Имам едноставен стил на облекување,и не се замарам многу околу тоа. За обувки носам претежно балетанки,мокасинки и секако оксфордки кои ги обожавам и ми се многу практични.А зимно време рамни чизмички. И секако голема чанта. До сега не сум отидела во штикли на факултет,некако непријатно ми е.Сепак има надредени кои треба да се дотеруваат,а не јас. Во прилог доставувам комбинации,слични на мојот стил на облекување за на факултет:
фармерки, блуза, сега сум повеќе со чизми, капа, ракавици, палто, малце шминка и спремна за на факс не ми се пристојни тие девојки што имаат цел дон шминка и што се дотеруваат многу, мислиш сабота вечер е ташни ретко носам, повеќе сум си со мојата папка
Што вие најчесто носите на факултет? Не знам, зависи. Кежуал облека, фармерки, пантолони, чизмички, дебели џемпери периодов, големи шалови, интересни капутчиња. Знам да облечам и фустан/суќња но со пристојна должина и соодветно искомбинирано. Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле? Предлабоко деколте, шорцеви, прекратки здолништа. Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? Не знам, зависи до денот. Не повеќе од половина час. Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...)- Скрипти, книги, бележници, резервни пенкала мислам дека се подразбира. Настрана од тоа, паричник, клуч и кармин, по потреба и лап топ. Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта? Па поголема, како би ми собрало се што ми треба.
На факултет секогаш сум одела пристојно облечена. Фармерки, маичка, балетанки, или чизми. Штикли и хеланки никогаш.
Што вие најчесто носите на факултет? Панталони секогаш, фармерки или некакви други панталони битно секогаш носам долги панталони. Нагоре кошула, џемперче, обични маички, во лето се што носам се маички или кошулку по кратки ракави, никогаш по препрамки или со голи рамена. Гледам да бидам пристојна, т.е. и таква облека само имам која е пристојна за секоја пригода. Фармерки со нормален струк, кошула со марама, се тоа во неутрални бои. На нозете чизми или патики, во лето понекогаш балетанки иако не ги сакам многу многу. Никогаш не одам со штикли. Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле? Невкусно ми е фустанчиња, деколтирани маички, кратки панталони и сукњи. Невкусно ми е да се оди на предавање со високи штикли, уште па ако се сандали или било какви обувки од кои се гледаат прстите ми е страшно невкусно. Личностите кои вака се облекуваат за во образовна институција немаат освнони познавања од културен дрес код и бон тон. Нема некои јасно дефинирани правила како треба да се облекуваш за на факултет ама се чудам како од дома не ги научиле како се оди на факултет а како не. Исто така сум против тоа да се носат хеланки без подолга блуза која го поркива отцртаниот задник, упадлив накит, прејака шминка и сеа последново со крзната и бундите па баш ми личат на Јети. Мода немора да терате на факултет може да ја покажете и надвор, сум приметила и дека на професорите им бодат очи студентите кои вака се облекуваат. Машките никако не би смееле да носат кратки панталони, иако ги гледам и по шорцеви си доаѓаат, па хавајки шарени ко пижами или тренерки, ужас! Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? Релативно малку време ми треба да се подготвам, точно знам што ќе облечам, не се шминкам многу. Само ББ крема на лицето и маскара колку да не ми бидат избледени трепките и лабело. Косата собрана или пуштена зависи од нејзиното расположение и тоа е тоа, за 10тина минути сум готова за на факс. Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...) Обично носам голема чанта за факултет во која ми собира се. Книгите си ги носам во чантата, тетратки не носам пишувам на листови па после дома си препишувам во тетратки, сакам да ми се уредни, а несакам да ги шкртам на предавања па затоа така правам.
Леле мислам дека ми нема ништо погадно од тоа да видам хеланка на покрупна девојка и тоа кремава ( немојте да ме разберете погрешно, не ги напаѓам оние со вишок на килограми, и јас ги имам ама треба да се има осет малку ). Се почесто гледам низ факултетов а и низ другиве факултети девојки со вишок кг а опнати во кремави тенки хеланки. Од што се толку тенки се познава и целулитот, а да не правам муабет за тоа како изгледаат од далеку кога ќе ги видиш. Првата помисла е дека е гола И уште погадна глетка од ова ми е хеланка ама натегната до врат така да се оцртуваат пубичните коски и делови кои не треба да се гледаат. Има разлика од хеланки кои се носат со подолги кошулки блузички и хелнаки кои се носат под фармерка место хулахопки зимно време ( ма да реално јас сите ги носам под фармерки ) И нападна шминка. Постојано гледам една девојка се качува во Бутел, четврта година е на Економски ( дај боже да се пронајде во постов ) во 7 саат по сабајле е со фул шминка на неа. И под тоа не подразбирам пудра коректор подлоги маскари сенки руменила, тукуууу ... Две нијасни потемна пудра, во огромни количини (што буквално можеш желба да си стиснеш кај неа на лице), прејако бронзено/темно кафено руменило, црна сенка скроз до веѓи, туш, црвен кармин и моментот е вештачки трепки, да трепки. Добро бе девојче кога успеваш да се спремиш со сета таа шминка во 7 саат по сабајле? Значи да се работи за еднаш два пати би разбрала, биа претходнта вечер на прослава некоја ок, иако и тоа не е изговор за таква да се појавиш на факултет ама бе скоро секој ден и тоа насабајле во 7? Кај мене на факултет е многу опуштено. Да дојдеш без шминка никој нема ништо да ти рече, нема ни да те забележат што не ми беше случај во средно. Имаше период кога поради препорака на дерматолог одев комплетно без шминка, и не бев баш самоуверена ама никој ни ме погледна накриво, ни ми искометира да не сум болна како што ми се случувало во средно. Обично секојдневна шминка ми се состои во тенок слој полесна пудра по потреба и камена, нежно руменило, туш многу ретко, маскара и лабело обавезно, некоја понеутрална кремава сенка, и си ги средувам веѓите. Освен фармерки и панталонии (обично кога е потопло) не се сеќавам некогаш да сум облекла нешто друго. За горе се знае пошироки џемперчиња периодов со ниски чизмички. Или пошироки и подолги кошулки ако е потопло, преку лето со маички по кратки или исто кошулки со 3/4 ракавчиња. По прерамки не се осеќам баш пријатно на факултет. На нозе или балетанки или оксфордки, патики не носам баш овен ако планирам да спортувам.Римјанки никогаш не се случило да носам на факултет од причина што работиме со киселини и реагенси кои можат да направат штета ако се случи така да ти капнат на кожа. Порано гледав имаше доста што доаѓаа со фустанчиња да не кажам миничи, и апла деловни чанти што кога ќе поминеа се мислевме што предмет предаваат, ама поради зезање од страна на колегите се откажаа од такви комбинации. Единствено се случува со чизми на екстремно висока полна пета да дојдат ама со штикли уште не сум видела некоја.
-Што вие најчесто носите на факултет? Фармерки, маички, џемперчиња, кошула -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле? Кратки сукњи , предлабоки деколтеа, штикли.,хеланки -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? Највеќе половина час. -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...) индекс, пенкала ,неколку листови -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта? помалечка чанта
Распоредите зависат од факултет до факултет, од програма до програма, но факт е дека поголемиот дел од денот се поминува таму. Затоа, ептен ми било битно, истиот да се помине во најкомотната (а сепак да изгледа пристојно за надвор од дома) гардероба. На нозе удобни чевли, сега некому на повисоко му е поудобно, некому на пониско, не навлегувам. Јас најчесто „другарував“ со патиките. Трчај по канцеларии, предавални, ваму, таму, фотокопир, ти реков-ми рече, патика ми е измислена за тоа. Носев поголема чанта, за се` да ми собере и да не се потресувам дека нешто ќе ми остане во рака/кеса цел ден. Шминка на очи избегнував, особено кога имав отсабајле предавања и не се сеќаваш што си јадел последно а не па дека имаш шминка веќе неколку часа и магично се преобразуваш во панда.
На факултет секогаш носам фармерки, секакви- темни/светли/сиви во комбинација со блуза и џемперче или кошула.Марама обавезно носам. Палто во зависност од сезоната,носам фармерско или некое потенко за есен/пролет, а на зима капут/ палто со крзно или потенко палто со крзнен елек. Хеланки, туники, сукни или фустани такви работи никогаш не сум носела ни пак ќе носам на факултет.Не дека не можам, туку јас немам навика да носам сукна или фустан преку ден,а и не би се чувствувала пријатно така облечена. Шминката ми е минимална- бб крема, маскара, молив за веѓи и лабело или кармин во понежна нуд нијанса.И коректор за подочњаците.
-Што вие најчесто носите на факултет? панталони/ фармерки, маички по кратки и кога е ладно џемпер -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле? оу, има кај мене госпоѓици со хеланки, со штикли, маички со длабоко деколте, светкав накит, -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? пола час -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...) индекс, и тетратка, книги не носам, огромни ни се, а и башка не ни требаат -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта? зависи од расположение, сум носела и минијатурни и големи
https://www.google.com/search?q=кра...e-10pv2xwIVBUIUCh3IdQ7_#imgrc=hCzOEA8xBW9BYM: Нешто во овој вид
@magic.girl панталоните се многу убави, но за излегување. Мислам дека е непријатно на факултет со толку кратки пантлони, мое мислење.
Ич не е пристојно, ова шорцеви се, мислам ако ти сакаш да си носиш носи ги има и други што ги носат ама не убаво за гледање на факултет.
Извадок од fakulteti.mk МИСИЈА - КАКО ДА ЗАБЛЕСКАТЕ ПРВИОТ ДЕН НА ФАКУЛТЕТ Колку и да се убедувате дека облеката не го прави човекот, сепак таа е првото нешто што го забележуваме кога запознаваме некого. Токму затоа мошне е важно со особено внимание да се подготвите за првиот ден на факултет. Важно е да се придржувате на неколку правила: 1. Никако немојте да се одлучите за облека која ја носите за вечерни излегувања. Така што, високи потпетици, кратки фустанчиња со деколте и слично не се добредојдени. Бидете дотерани, но со мерка. Чиста и уредна коса, и малку шминка се повеќе од доволно за да оставите добар впечаток. Наш предлог би биле ниски патичиња или сандалки во интересна боја, маичка со интересна апликација, некоја штосна белегзија или откачено ланче. Истото важи и за мажите. Немојте да ставате одело во никој случај ниту пак кравата. Добар избор би била некоја покласична кошула со лесни пантолони но немојте ни да помислите да ставите апостолки. Добра, елегантна класична патика би бил одличен избор. 2. Иако ги следите трендовите и тотално сте уаптени во новите модни случувања, погрижете се вашата облека да не испраќа порака дека сте опседнати со модата. Неколку тренди парчиња секако се пожелни, но мора да пронајдете некој баланс. 3. Останете верни на вашиот стил. Вашиот имиџ на факултет не треба да отстапува од вашиот стил, но секако дека треба да го прилагодете на ситуацијата, и да не привлекува премногу внимание. На пример, превисоките чевли, штикли со ланци, екстремна шминка или истапирана и разнобојна коса, мрежести чорапи или слични стилски екстраваганции се премногу. Сепак, вие станувате академски граѓанин и во просториите на факултетот треба да бидете примерно облечени. 4. Што и да облечете, важно е добро да се чувствувате во него. Секако, најважно е облеката да биде чиста и уредна. И не заборавајте, потребна ви е самодоверба. Кога неа ќе ја имате, ќе знате и тоа како да оставите добар впечаток.