Па не е голема филозофија фармерчиња,маичка и патичиња. (most of the days ) Океј, и јас сакам понекогаш да сум тип-топ средена од глава до пети:кошулки, фустанчиња, балетанчиња.. Но кога имам предавања по цел ден сигурно нема да се стегам во нешто што не ми е удобно и најдобар пријател ми се патичињата. За спремање знам да потрошам и саат ипол ако истовтемено си пијам кафенце..онака лезетски со музиче. Скоро сите мои ташни се гоолеми затоа што носам многу работи навака натака со мене секаде, и особено на факс : книги,тефтери,пенкала..Често носам папка додатно затоа што ми се случува да имам повеќе предавања во еден ден, па не ми ги собира сите работи во ташна. Невкусно ми е кога ќе видам девојки со премногу краток шорц, миничи, нападни деколтиња и гол стомак.Сепак тоа е високо образовна институција и не му доликува на еден академски граѓанин така да се облекува. И на испит не ми е јасно како не им е срам у минич кога ќе дојдат .. Ало девојко, не си дошла на кастинг за манекенка ! Тоа би било тоа.
Најчесто носам фармерки,панталони маички на прерамки и кратки ракави блузички со долки ракави и кошули,балетанки,патики,римјанки. Си носам голема ташна во која носам нотес и пенкало книга мн ретко шише со вода индекс само кога полагам,и новчаникот. Мислам дека е многу невкусно да се оде на факултет во високи потпетици кратки фустани и деколтирани блузи.
Најчесто носам панталони и фармерки, во комбинација со едноставни маички, кошули и џемпери, а ми се случило да се појавам и во А-сукња до под колена, во исклучителни случаи кога не ми се облекувале панталони или сакам да се чувствувам како девојче, а распоредот ми го дозволува тоа. Сакам облека во која се чувствувам удобно, ме нервираат тесни и непријатни парчиња. Едноставна сум, па освен шал или марама, ретко кога сум ставила накит - освен обетки нели, за секој ден. Лесно ме фаќа с'клет во период на нервоза, па не можам да поднесам многу ситници на себе. Сакам да ми биде удобно и на стапалата, затоа што речиси цел ден сум во движење, па обично мојот избор се сведува на патики, некои балетанки или еспадрили, есенски затворени и ниски кондури или пак удобни и топли чизми. Невкусно ми е да се појавувам со неприкладни парчиња од типот - кроп топ, корсети, премногу тенки, да не речам провидни и отворени маици и кошули или пак хеланки и тренерки. Се знае секое парче облека за каде е. Не сум обожавател и на хеланки, не ги сакам дури и во комбинација со туники и долги маици. Тоа ми е парче облека кое ми спаѓа во опрема за вежбање или облека за кулирање по дома. Исото е и со неприкладни обувки. Класична штикла за на факултет ми е тотално безврска, не гледам потреба да се клацкам во штикли и да ги трауматизирам стапалата до толку уште од сега. Чизми на некоја минимална штикла од 3-4 сантиметри не ги сметам за некоја ептен страшна и неприкладна штикла, но лично јас не преферирам такви. Брза сум околу подготовките, затоа што секогаш сум организирана - облеката ми е испеглана и сортирана уште од вечерта, обувките исчистени, ташните со материјали и лични работи средени и наместени, само да ги грабнам и да тргнам. Хигиенските обврски и шминкањето ми се рутина, не ми одземаат повеќе од 20-тина минути, проблемот лежи во измолкувањето од кревет од прва. Дури си имам спремен и филџан кафе, па си дозволувам 5 минутно утринско уживање во мирисот на кафе и задолжително земам нешто за грицкање за по пат. Малечка ташна за на факултет - заборавив како изгледа тоа. Носам една голема ташна или ранец со тетратки, пенкала, лични работи и слични ситници и по потреба (а тоа е речиси секогаш) имам цел арсенал реквизити со мене. Еднаш мајка ми ми рече дека изгледам како турист со ранецот и футролата за хартија со голем формат - мене не ми е воопшто смешно тоа, ама како сака.
Во студентските денови носев фармерки и спортски маички , блузи или кошули. Старки или мартинки , Ретко балетанки. Голема ташна за книга , тефтер и се шо треба да завршам после часовите . Кај нас немаше предотерани и неприкладно облечени девојки и момци. Се осеќавме како да сме на терен , ама буквално . И таму сме така , евентуално по тренерки .
-Што вие најчесто носите на факултет? Фармерки,,хеланки,кошули,блузи,рамбовки,сукњи ама долги,фустани,штикли... -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле? Невкусно е да се носат штикли на 13ка,миничи,шорцеви. -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? Два ипол часа.Појадувам,се туширам.Половина час ми реба да одберам што ќе облечам,да се облечам и да се нашминкам.Пијам кафе.Седам на лаптоп.И одам на факултет. -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...) Мобилен,клучеви,кармин,маскара,сенка за очи,лак,паричник,нотес,индекс,пенкала,марамици... -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта? Поголема дефинитивно.Триста работи носам со мене.
-Што вие најчесто носите на факултет? Најчесто носам панталони црни,тегет,крем или евентуално со некоја нежна шара,поретко фармерки. Комбинирам нагоре со кошула,блуза,сако некое по младешко или некое џемперче. Од обувки носам балетанки ,патики и секакви варијанти на чизми во зависност од времето. Понекогаш знам да ставам и нежно ланче,прстен или убав часовник. -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле? Никогаш не би облекла нешто во кое што ми е неудобно. Не би облекла тренерки,хеланки,прекус фустан или здолниште. Не би облекла штикли. Не би облекла долна облека која се познава,многу ме нервираат видливи рабови од долната облека. ку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...) За подготвување ми треба многу малку време. Отприлика знам што сакам да носам,се облекувам,дискретно се шминкам,отприлика за 20тина минути сум спремна. акате да носите некоја поголема или помалечка чанта? Зависи од тоа како ми е испланиран денот. Дали треба да носам некоја книга со мене. Дали после факултет ќе одам дома или во читална.
Откако завршив средно го сменив стилот на облекување, сметав дека не беше соодветен за на факултет. -Што вие најчесто носите на факултет? На факултет носам фармерки и некои пристојни маички, шарени, црни или во некоја друга боја. Старки и чизми. Кожни и тексас палтенца. -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле? Деколтирани маици, хеланки, кратки фустани или сукњи. Па и превисоки штикли. -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? Околу половина час. -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? (книги, тетратки, листови...) Тетратка, пенкала и чадор по потреба. Индекс, паричник и клуч веќе се подразбира. -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта? Помалечка.
-Што вие најчесто носите на факултет? Униформа(бидејќи сум на приватен) некогаш со џемпер, кога полагам највише со фармерки и интересни блузички.. -Што за вас е невкусно да се носи и што никогаш не би облекле? ХЕЛАНКИ -Колку време трошите на подготовка пред да излезете од дома? 20-30мин. -Кои пропратни материјали освен чанта носите со вас? Мантил(за на пракса, дека секој ден сум на пракса),индекс, маскара, кармин, мобилен, парфем, цигари и некоја тетратка... -Сакате да носите некоја поголема или помалечка чанта? Поголема ташна ..
Баш приметувам откако почнав на факултет дека луѓето премногу се дотеруваат но добро како сакаат, доаѓаат и во штикли, бунди, ептен дотерани со ексклузивни парчиња, ставаат парфеми пред сите во амфитеатарот, коси средени секојдневно додека јас значително се разликувам од нив, имам но не ми е приоритет да се покажам, се подготвувам половина час, мијам лице, се чешлам, ставам лабело и дневен крем, носам панталони, фармерки, чизми, патики и некои блузички, ташна средна бидејќи на економски сум па само понекогаш носам книги, тетратки помали секогаш, купувам кифличка и кафенце и спремна сум Невкусно е прекратки сукњи, фустани, отворено деколте, шорцеви а се друго зависи од стилот иако во нашиот факултет баш има девојки што многу сакаат да се експонираат, но немам замерка, животен стил е
Bi sakala da slusnam vasi mislenja. Sto mislite za nosenje stikli na fakultet i cizmi na stikla no ne previsoki, ne 10-20 cm tuku mala stikla?!
@1418 ako e onaa epten minimalnata stikla na cizmickite okej e. A spored mene ne e vo red vo visoki stikli da se pojavi nekoj na fakultet. Da ne navleguvam mnogu vo detali a porano sekojdnevno gledav devojki koi I kakvi doagaa na fakultet. Imase I pristojni devojcinja ama imase I takvi so stikli, so dekolte, fustani, jaki sminki kako za vecerno izleguvanje. Koj kako si saka neka si se oblekuva ima luge sto si neguvaat stilovi ama sto e premnogu, premnogu e. Treba sa razgranicime kade I kako da se oblekuvame.
Те сфаќам. Мојот стил е таков што носам штикли. Фустани не (освен долги ама тоа нели за свечени пригоди како свадби ,матура и апсолевнтска) така да не би носела фустан за на факултрт. Спортски тип не сум. Патики носам само за во продавница или на планина, прошетка и слично. Сакам пример панталони, блузичка, кошулче и штикли. Никогаш не би се облекла кратко и со деколте. Не е мој стил. Ама гледам многумина одат по фармерки/хеланки и патики, па затоа и прашав ваше мислење за штикли.
Штикли пример салонки 13 цм. за факултет лично мене не ми се свиѓа, не личи да чекориме и да штракаме низ факултет, ниски јас не обожавам, кога носам носам високи, но се попристојни за факултет од првите. Доколку ти е во стилот и е умерено, носи, убаво искомбинирано и кога достојно скромно го носиш може и фино и угледно да изгледа така да пробај. Далеку подобро би ми изгледало штикли отколку минич, шорц и проѕирна кошула со гол грб. Одвратно!! А чизми до глужд со дебела штикла и високи чизми до коленици или над коленици со 10тина цм. штикли се многу кул. Со убави фармерки, џемпер и добар капут, јас сум ЗА!
@1418 јас лично не сум за класична онаа штикла салонка, зошто сепак за секој ден ем ќе ти се утепуваат нозете на тенката штикла, ем ќе се издвјуваш многу. Ама сепак сакам потпетици, па кога не носам патики, носам чизмици со 10 см. висока дебела потпетица, имам неколку пара кои во завиност од облеката ги комбинирам за различни стилови. Некому можеби мојот избор за висока дебела потпетица нема да му се свиѓа, како што мене не ми се свиѓа кога ќе видам на факултет качени на класична шпиц штикла со тенка потпетица, па затоа би те советувала да си носиш како што ти е тебе удобно, и каков што стил негуваш, но тоа да гледаш да е пригодно за времето и местото.
Кога одев на факултет најчесто во потоплиот период носев фармерки/панталони со летни кошулчиња или пак соодветни пристојни фустанчиња. На нозете носев патки, балетанки или пак некои летни позатворени сандалчиња на плута кои откриваа само мал дел од ногата. Зимно време носев џемперчиња над кошулите, блузи, зимски фустанчиња, туники... На нозете најчесто носев чизми. Понекогаш се случуваше да облечам некоја поформална комбинација со сако и пониски штикли, факултетот ми беше блиску и немав проблем да одам со нив. Според мене на факултет е неприфатливо да се носи несоодветна облека како за излегување, многу кратки миничи или фустани, превисоки штикли, разголени гради, отворени сандали/папучи, тесна и провидна облека или пак некој нападен светкав и голем накит. За среќа, на мојот факултет скоро и да немаше девојки кои се облекуваа вака.
Како би се облекле вие за на факултет овие летни денови, како за на испит? Гледам колешки одат со сандали и долги фустани, но за мене таа облека ми е за на плажа а не за во образовна институција, особено не покрај академски луѓе. Јас вообичаено носам долги фармерки, старки и некоја светла маичка, но сакам да слушнам ваше мислење за некоја алтернатива.
za na plaza se procirni fustani so kupaci mislam oti moze dolgi fustani da se nosat mozebi gresam ne znam