Само прашање е кои големини ги имаат за пополни... Гледам онлајн имаат до хл само и тоа она што е останато. Прслук кога барав пред еден месец немаа број над 85. Само малку модели со Д корпа имаа. Баш ме зачуди.. @Okica јас од Сара фешн купувам редовно и секогаш различни броеви
Јас секогаш купувам распар оттаму, и јас носам различни броеви горни и долни парчиња. Сега за големи броеви не знам баш, ама сум гледала дека од некои модели има големи корпи. Најубаво да одиш во продавниците да си разгледаш.
Лани од Тезенис си купив распар броеви за еден костим, горе Д корпа, долу 38 величина, може да комбинираш величини за горен и долен дел. Е проблем е ако се распродадени, оти добри попусти имаат.
Навистина имаат и не се лош квалитет. Не ми се во круг на движење ама ќе одам и до Тензенис секако. Јас барам долен поголем, а горен помал, дека сум како крушка во телово хехе. Обично земам некој средни броеви горе како на пр. Ц корпа (па и Б зависи од моделот и дали е push-up или не) ама не наоѓам сегде. Во Bonatti немаа Цкорпи од ништо и се разочарав зошто бев мн. задоволна од нивните. Со години носев едни од кај нив со Б корпа, нежен материјал, душата им ја извадив и не се расипаа. Беа најудобните прслуци што сум ги имала, ама ми омалеа и станаа справи за мачење.