Јас фармерки си купувам од Олтра во рамстор. Продавачките се ок, не те гледаат чудно. Плус имаат супер гардероба за нас со облини
Е па вака, пред 3-4 месеци си бев полничка (околу 157 висока , 64 кг) и си бевме на екскурзија во Прилеп. И не дека имав намера да купувам облека туку во Венус влеговме со друштвото и си купив црни пантолони како фармерки нешто сличен материјалот. Пантолоните не беа многу скапи ( 900 денари) и бројче 46. Не дека тогаш бев предебелена туку од секогаш си имам проблеми со половината, широка сум, гени ,тоа е. И ќе испушев имаше облека за пополнети девојки во бутик( единствен е тука, потоа вртите десно за да стигните во Венус, не знам како се викаше бутикот ) близу до „кафичот“ на прилепска пивара.
дали знаете каде може да се купи свечен фустан(за свадба на близок)за пополнети?Обично за вакви прилики шијам но сега сакам конфекциска гардероба.Свадбата ке биде на пролет па имам шанси и да симнам некое кило.Гледав некои модели на сајтот на манго но најголем бр им е XL а незнам дали ке ме собере?
Искрено,јас не сум пополнета,но имам многу другарки коишто се жалат дека неможат да најдат ништо по продавнициве.Каде и да влезеш,L е најголем број.Па,чекај бе малце.Внука ми што е 15 год. (а не е дебела) ги носи тие броеви,а камо ли 20 годишна девојка. Па,која нормална девојка на таа возраст ќе ја собере во тие броеви? Единствено во Pavia сум видела броеви над 46,ама таму има па малце старомодни парчиња облека
Каде да најдам облека за подебели и да е на попуст?? Пфф,па сега зависи колку подебелии.Имаш во Гуливер во ГТЦ на приземје кај Шекерезада. Таму има големи броеви а искрено не ги знам цените Поз
Каде да најдам облека за подебели и да е на попуст?? Најчесто големи броеви може да се јадат во продавницте кои продаваат конфекција, како Марди, Макпримат, Бритекс, Линеа и понекогаш во Купи ефтино. Не знам за која вораст ти требаат, најчесто во продавничките што ги спомнав (освен последната) се покласични моделите. Денес од една продавница во ГТЦ (се наоѓа на прв кат, кај Шевињон, влегуваш во еден како ходник и внатре има повеќе продавнички, оваа беше од лева страна, не знам како се вика, а цел излог и беше излепен со бели листови на кои пишуваше панталони за 500,00, кошули за 400,00 и сл.) си купив преубави црни сатенски панталони, моделот им е за млади и ги платив 850,00 денари. Моите се величина 44, ама видов дека имаат и 46, 48. Производите се наши, македонски, ама со солиден квалитет. Продавничката е преполна со роба и класична и за млади, има здолништа, кошулки (свечени и секојдневни), сакоа (баш како сега што се носат), блузички во различни големини, од бр. 36 до 48. Инаку поголеми броеви има и во Олтре во Рамстор и во Фиорела Рубино во ГТЦ, ама треба да начекаш попуст. Јас си земав фармерки од Фиорела за 1000,00 ден. во февруари кога беа попустите. Бидејќи во последниве 3-4 години многу варирам со килограмите (од 65 стигнав до 97 кг., сега имам 80) ги научив продавничкиве на памет, бидејќи многу е тешко на најдеш модерно парче, а да има борј поголем од 44)
Начекав пред некоја недела еден пар, другар и другарка, двајцата се прилично полнички и се жалеа дека не можат да најдат броеви за нив. Додуша за машки има повеќе избор, ама за девојки многу потешко се наоѓа, особено некое помодерно парче. Пробајте во Фиори во Рамстор, таму мислам дека некогаш се наоѓаат поголеми бројчиња за нормални цени. Јас го немам овој проблем, но имам проблем со наоѓање на соодветни чевли по пристојна цена. Носам број 41 што воопшто не е трагичен за мојата висина, а во градов има неколку продавници каде што го има мојот број. И најчесто тоа се продавници каде што нема чевли под 5000 денари. Среќа приметувам се појавија во последно време 2-3 продавнички каде што има и нормални цени, па малку и ми се зголеми изборот. Најмногу се нервирам на некоја проста обувка како балетанки за една сезона што морам да лупнам многу пари, а кога барам нешто на висока потпетица тоа е нервоза додека да ги задоволи сите критериуми....добар пад на штикла, висина, големина, боја, модел, материјал. Сигурно нешто од тоа ќе недостасува. А за осудувачкиот поглед на продавачките кога ќе им побараш број 41 не сакам ни да коментирам, фаца мислиш којзнае што сум побарала.
Џована јас носам 40 или 41 зависи и речиси никогаш сум немала проблем. Не дека не сум наоѓала чевли посебно оние кинеските кои ми се мали ама повеќето имаат бројче за мене. Мајка ми носи 43 број, па сеа ти види кој има проблем навистина Значи Peacocks на плоштадот новата продавница на место на теранова има и 41 и 42, мене од таму штом 40ката ми е точна значи може да се најде поголеми. А тука земав и за 400 денари сандали и патичиња значи на попусти ефтини се, а до 2000 се отприлика цените на нови колекции. Во Њујоркер во Веро има исто 41 и 42 бројче за ефтини цени. Во Ил Камино кога ќе добијат нови колекции речиси од сите модели имаат 41. Јас од кај нив 40 носам. А поквалитетно ако сакаш а не прескапо тогаш Биана трејд, Биана шус, Баргала, Биба трејд и други кумановски и штипски чевли кои ги има во Дора во ГТЦ, во Свон шус, во Спас комерц (ако те интересира кај се наоѓаат продавнициве побарај си на ФБ сите имаат свои страни) и од 2000 до 3500 во нова колекција имаш кожни квалитетни чевли 41. Исто така АСОС страната имаат речиси сите 8UK чевла, што е 41 наше, имаат ефтини некогаш чевли до 10 евра во делот SALE па пробај купи колку да го видиш калапот иако мислам дека ќе ти се таман барем хрватиците со голем калап се задоволни што ги читам. http://www.asos.com/Women/Shoes/Cat/pge ... x?cid=4172 Исто на асос има облека за покрупни, ептен убава облека. Тоа е делот CURVЕ. А има преубави работи http://www.asos.com/Women/Curve/Cat/pge ... x?cid=9577
rossonerka затоа и кажав дека во последно време се зголеми изборот со неколку отворени продавници, но порано беше стварно тешко да се најде тој број, барем за мене. Не дај боже да си замислам некој модел што сум го гледала, го има по сите обични продавници за чевли, ама во овие „моиве“ ни за жива глава слично такво нема да најдам. Ама па не е секое стапало исто, нечие е пошироко, некое ќе влезе и во 40-ка, башка калапите стално им варираат, особено во овие продавници каде што носат кинеска и турска роба. Чевлите ми е најважно да ми се удобни, а не да се стегам цел ден во нив. Особено за штикла тоа важи. Зборот ми беше дека општо во нашиве продавници нема голем избор на поголеми величини, без разлика дали станува збор за облека или чевли. Или еве друг проблем. Луѓе со подолги или пократки нозе скоро секогаш мора да прават корекции на купени пантолони. Некој е тесен во струкот и влага во помало бројче, но има долги нозе и ногавиците доаѓаат пократки. Исто и обратно. Порано кога бев послабичка имав проблем и со тоа, а не секој модел можеш да го кратиш или тесниш, си губи од форма.
И јас ретко си наоѓам облека. Имам кукови преголеми и надуен ми е стомакот. Абе маичка неможам да најдам широка се прилепено, прилепено. Дшк.
Мајка ми е така попуничка жена , и рeдовно си наоѓа по нешто во Марди. Обично во она у Влае иде. Еве последниов пат си купи сако, панталони и 2,3 блузички - ептен фини.
Сакав само да пишам во врска со бутичето кај Шевињон...Вистина е што пишала la femme има доста ефтини и убави работи...ја таму си купив сукњичка број 42 за 650 денари лилакова цела зима ја изнаносев за искачања и сако пред некој ден тегет 1200 многу тренди и тенко баш за ова време пролетно а верувале или не истото такво можеби малку посветло повеќе на отворено плаво удираше во Боди Лине беше 2700 на куклата го видов откако го земав палтото и со мајка ми само се изнасмеавме и искрено да ви кажам моето повеќе ми се свиѓа токму поради бојата....Се надевам помогнав и не очајувајте јас мислам дека допрва нашето време доаѓа хехехе.
Поздрав! Ептен се препознав во коментариве, и за облека и за чевли. Се мразам што им викам (искрено дерам) на продавачки кои кога ќе пршаш за број те мерат од глава до пети и ти викаат „нееее немаме број“. Демек жива мера сум 150 кила и сум непреграбна (а не дека носам 44- што и не е мерка за шаторско крило), ама ќе ги научат кај и да е дека и „ние“ имаме право да се облечеме во облека што не е стандардна или правена за џуџиња. Се согласувам за последниве неколку продавници кои ги спомнавте. Особено таа кај Шевињон, секогаш влегувам да видам да не има нешто ново и излегувам насмеана со барем 3 парчиња топ облека. Едно време имаше и во тоа Калина спроти ОУ Браќа Рибар, ама последно бев пред 3 месеци и немаше ништо. Од таму купував панталони за на работаматеријалот беше топ и за на работа и за во град. За кондури е истата приказна, уште продавачката да ми каже каде со тие копита ти тргна да бараш чевли, а бр. 40-41 носам Купував во Памс во Ѓорче, ама ретко наоѓав број, зашто носат по еден број од секој модел. Лани летото си најдов решение, кондури по нарачка,ама од Куманово. Чичкото ти зема мерка (се испостави дека носам 39 број) и ти ги праќа чевлите во Буњаковец. Чиста работа. Првите што ги правев демек комплицирани беа па ги платив 1800, следните- сандали 1600, а чизмите беа од 2000 нагоре, зависи колку работа има. Дел од чевливе може да се најдат и во Буњаковец позади, од кај Дестан, десно во истиот ред, треба да се начека ама имаат некогаш супер модели. Утеха во целово мачење дур си ги најдов продавнициве ми е дека нема да припаѓам на униформираната маса во градов. Поздрав и убав шопинг