Дефинитивно треба да ја најдам и посетам таа кај Шевињон Додека се намалат килата треба треба и јас си најдам нешто пристојно за носење а да ми личи на годините Маици/блузи/горни работи за облакање се наоѓаат ама проблем ми се панталоните Сум видела луѓе низ градов мноогу подебели од мене и стварно не ми е јасно каде ги наоѓаат тие броеви, а јас никаде неможам да си најдам.
Има супер стварчиња таму, истата продавничка ја имаше во Буњаковец до Дестан, ама веќе ја затвориле, така ми кажа продавачката. Имаат убави пантолони, кошулки, блузички, сакоа.. во ходникот кај Шевињон, кај продавничката за саати
Денес налетав на блогот на Saks In The City http://saksinthecity.blogspot.com/ Девојкава ме одушеви, толку симпатична и има некоја харизма што просто зрачи!
да не бидам ептен офтопик ке бидам кратка Ч) значи до пред некои 4-5 години немаше воопшто мали бројчиња кај нас и ретко купував од Македонија ... не можев ништо да си најдам ... сега е рај за мене пресреќна сум што дури има и бројчиња во кои не можам да влезам , порано и најмалото ми беше големо ! дека сум ситничка , не сум слаба ама ситна сумЧ))
За фармерки носам 46,немам проблем.Ама за маици тешко да најдам.Па кажете некоја продавница така со поголеми бројчиња,ама пак ептен да не бидат големи,класични,едностави,а да бидат прикладни за моја возраст?
не сум полничка но еден совет од мене за дебелите не им стои белата боја на облека ги прави двојно подебели
Може да кажете како се вика продавницата? Или како најлесно да ја најдеме за ние што не сме од Ск? Немам појма каде е шевињон И каде имаат продавници Марди?
ја отворија кај нас пред некоја година има броеви од 42 па нагоре. Е сеа малце е скапичка ама кога има попуст од 70 % ( ама стварно е реален, на цела колекција а не на 2-3 парталчиња) панталоните се од 1000-1500. Има се дури и свечени фустанчиња. Исто така и Олтре во Рамстор. Таа поодамна е отворена, само што таму лично мене ми се покласични алиштата ама се наоѓаат и многу интересни парчиња.
Исто така и за кондури да се надоврзам. Имав пишано и во посебната тема за тоа дека смрт ми е коа ќе треба да купувам кондури ( носам 41-42). Патики ај и така и така. Значи има поголем број на кондури во Баргала - Буњаковец само што не секогаш носат и кога носат по 1 бр им се трошат одма, така да треба да дежурате таму за да начекате нешто . Исто така во Њу Јоркер почнаа да носат ама џабе пишува 42 на нив коа се големина на 40ка и башка квалитет 0. Исто така има продавница на Баргала карши собрание и таму се наоѓа по нешто. Алпина и Пеко исто така, ама таму најчесто се покласични. Мој совет- Одете во Штип директно во фабриката за 3000 денари ке купите 3-4 пара, таму има дури и 43-44 и ќе си речеш туу мала нога сум имала Поздрав !
Знаев дека постои ваква тема, и едвај ја најдов, ама сакав да споделам со вас. Можеби е офф топик, ама како и да е... Независно што се покрупни, сите се убави, СИТЕ! http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/ub ... proporcii/
Очајна сум ,веке три месеци откако сум породена и претходната гардароба што ја имав не ми прилега веќе,не дека не можам да ја облечам но едноставно вишокот и те како се приметува и ме прави уште подебела ,е сега читав за таа продавницата кај Шевињон што ја спомнувате па да прашам има ли нешто интересно за есен-зима ,и посочете ми и други продавници каде би можела да си најдам некое помодерно парче а да не се фрустрирам барајки број за мене
Одлично, ми дојдоа информациите за бутиците во Бисер и ГТЦ - уште да ги начекаме попустите сега ќе биде топ Ако некоја случајно наиде накај тие бутици и виде попуисти - кажувајте одмааа
Сите изгледа сте ослабеле нема никој овде да пише . Ако некој купил нешто и пронашол некоја продавница нова а не кажал срам да му е
http://nadiaaboulhosn.com/ Ова е блогот на една заоблена девојка со многу интересни комбинации, прекрасна е Повеќе во спојлер. Спојлер
не ги прочитав сите постови и не знам дали е спомната, но еве јас ќе спомнам Фиорела Рубино (Fiorella Rubino) во ГТЦ. Имаат поголеми броеви, и ХХЛ е ХХЛ, не некој три пати по мал број.Е сега цените се малку повисоки, ама на сегашниот попуст до 70%, може да се најдат добри паррчиња облека, кои вредат за парите...Поздрав