Ајде малце да ја активираме темава Пополнети девојки откријте некоја продавничка каде што може да се најде облека за покрупни (убаво кажано)
Здраво, и јас сум крупна(дебела), и порано многу се затворав поради тоа и носев само тренерки и црни работи, буквално мразев да излегувам и да се дотерувам. Пред некое време, разгледував еден блог (не се сеќевам како се викаше) каде што една покрупна девојка постираше аутфити. Таа девојка ми го смени мислењето за себе, па почнав да барам продавници низ кои има големи броеви, но и модерни парчиња. Сега за сега такви парчиња сум сретнала во Певекс(броевите им се доста реални. Мене XL или L ми е таман, за разлика од други продавници), исто така во Охрид има Виола( кај чаршијата) и Санта Марија(кај старото кино, овде 4XL едвај ми се таман + се поскапички). Во Певекс тешко може да се најдат фармерки и тренерки. Може да се најдат супер фустанчиња и блузички, а има и големи броеви (5, 6 XL). За фармерки/ панталони/ тренерки одам во Струга. Таму има продавници( не можам да објаснам точно каде) за панталони за покрупни, но нема голем избор на маички. Во Скопје на зелено пазарче има по некоја кожула за нас... и така се надевам дека помогнав некому П.С. Веќе подолго време се мислам да отворам блог кадешто јас ќе ставам аутфити за крупни. Што мислите вие за ова? (Ова мислев да го ставам во темата модни блогови, ама таа е заклучена)
Девојки да ви кажам мене ми се смачи од ограниченоста овде кај нас. Ниту една продавница која има поголеми броеви нема модели како за млади, и што е најтрагично, ќе донесат 3-4 парчиња во црна боја, и се останато е бело, розево, жолто... Најмногу ме нервира кога некој ме убедува да носам светли бои. И да имам 50 кила нема да носам, бидејќи не ми се допаѓаат светли бои. Влегувам во една продавница пред некое време (пролетта) и си барам црно/тегет/сиво мантилче. Газдарицава ми вика „нас се ни е увоз од Германија, таму не се носи црно, еве ти портокалово/крем...“. Абе НЕ САКАМ, океј?! Башка молам? Не се носело црно таму.... Била она некогаш во Германија?! Си мислат имаме вишок килограми, па на сметка на тоа имаме недостаток на мозок?! Па уште и дупло поскапи од останатите алишта. Пошто нели, повеќе материјал се трошело... Абе да, ама од 2000 на 4000 денари?! Дај не зезај..... Други пак мислат ако си полничка или дебела, сеедно ти е што ќе купиш само да најдеш твој број. Епа не е така! И ние сме девојки, и ние имаме свој стил и омилени бои и модели и се... Тоа што носам 48/50 не значи дека имам рогови. Кај нас прават да се почувствуваме бедно кога ќе побараме фустанче или костим за капење. Добиваш поглед од типот „ТИ ќе облечеш фустан?!“ Да, ќе облечам и ќе го носам со крената глава! Јас не бев ваква во минатото и многу се срамев од себе, и факт е дека и денес си се трудам да ослабнам, но тоа не значи дека во меѓувреме ќе носам вреќа за пипер... И така, разочарана, си појдов на си барам низ интернетов. Трагедија. Можеби 30 сајтови прегледав, кои тапа земји ги има на шипинг листа (без навреда, ама цела Африка ја има на листа), Македонија НИКАДЕ!!! Значи толкава дискриминација немам осетено никогаш.... EVANS имаат супер облека, и низ цел Балкан има шипинг, САМО ние сме прескокнати. Брука... Од нет купувам од ebay (ми се има погодено 2-3 пати да промашам, да стигне Кинески XL, али ок, ризик...), исто така порачувам и од ASOS (им симнувам капа, да ми се живи и здрави и попусти и све...) и...тоа е тоа. Е сеа, мака голема им плаќаш провизија на овие што имаат пејпал, па ќе им текне на граница од 2 исти парчиња едното да ти го царинат со астрономска сума, а другото не... ете, таа е маката на Македонските кои немаат мерки 90-60-90... ок, малце претерав, ама знам дека многу девојки и жени на форумов ќе ме сфатат како се чувствувам... Ако имате откриено некоја продавница во земјава или на интернет, пишете....споделете... Бацки P.S. Овие 2 јутјуберки ги следам подолго време, ме научија да ја гледам женската убавина содруги очи и да го засакам своето тело онакво какво што е. Кој сака нека ги ѕирне... http://www.youtube.com/channel/UCfAEEhKikW1676DCa_0OWLA http://www.youtube.com/channel/UCAvgeBRw4qUxB0XdBz89sjg
Леле, бев во продавницава пред 1 месец, и се, ама муквално СЕ беше црно. И јас како секогаш викам што имате за покрупни луѓе ( така прашувам зошто немаат од се број). Ми даде таа продавачката една блуза ко за 50 годишни баби ( а јас тинејџер). Мене проблемов ми е во стомакот, а не во градите, а блузава беше уз тело кај стомакот, а нагоре широка со отворени раце и ми вика ти немаш големи раце можеш да си ја носиш... Е вака нешто беше само до долу отворена и на едно конче зашиена долу. И ми уште ми вика ако сакаш можеш да си го зашиеш тој дел . Јас ваква останав . Блузава 3500 денари, а ми вика уште да сум ја зашивала... Па подобро ќе однесам материјал да ми сошијат и поевтино ќе ме фати, а и ќе имам асална блуза... НЕ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМ ПРОДАВНИЦАВА!!
Здраво, повторно јас Неодамна направив моден блог за пополнети, па решив да го споделам. http://thebigbigdreamer.blogspot.com/
Итно ми требаат панталони...каде можам да најдам големи броеви во Скопје? Кој знае ве молам кажувајте
Во Бисер, кога стоиш пред Бисер од десна страна на приземје каде што има продавници за деца во тој ред. Незнам како точно како се вика, но јас бев во саботата и имаше класични и како фармерки 1000 денари беа.
Здраво девојки. Не се сметам за нешто многу дебела, повеќе сум нормална или ете полничка, не сум гризинка и си носам 42 многу ретко 44 број. Треба да си купам наскоро нови фармерки ама сакам да се со висок кутел односно високи кај стомакот. Каде можам во Скопје да најдам такви фармерки до кај 1500-1600 ден максимум?
Девојки дајте на оваа тема слики од фустани за нас посебните Свечени или секојдневни,било какви само некои што прикриваат
Во ГТЦ во ФИОРЕЛАРУБИНО јас имав купено доста работи кога беа на попуст. Фармерките и панталоните им беа околу 1000 - 1200, но тоа беше пред неколку месеци, сега не ја знам цената. Инаку, за сезонски работи, скапа продавница е, но работите се квалитетни, и а сите модели имаат големи броеви. Сега сум ослабена 20 и повеце сантими во обем, а со тоа и со леснотија во сите бутици наоѓам броеви за мене. Сега и јас ги носам истите конфекциски броеви како тебе.
Девојки на свадба сум во сабота и неможам да си најдам прикладен фустан. ! Прочитав на интернет дека има во ТЦ Буњаковец ама не сум сигурна кажувајте побрзоо!
Братучетка ми има голем стомак,а слаби нозе.Лани беше полуматурантка и кога гледала фустан продавачот и рекол ослабни па дојди.
Фустани и залепени блузи неможат да носат. Најдобро ќе биде нешто од под градите тесно а надолу широки. Фустанче или блуза. А за фармерки мислам дека може да се најдат со разни големи во секоја продавница само треба да побарате малку.